Почнаа зли јазици и на оваа тема да се чувствуваат Чудно, некои луѓе едноставно фрлаат само отрови, така опстануваат во животот...инаку ќе се задушат сами себе под маските на љубезноста.
Никој не е светец тоа е факт, сите имаме моменти кога грешиме. Но на денешницава тоа стана ептен масовно или како што викаш преку социјалните мрежи можеби полесно е да препознаеш. Никој не кажа дека цел човечки род е злобен. А добриот и поштен човек е секогаш заебан, тоа е добро познато непишано правило
Човек на човек му е волк- Латинска изрека која не мора да ја објаснуваме. Сигмунд Фројд верувал дека во луѓето пистои насилство, вродена желба за агресија... Можеби требаше прво да се објасни поимот добрина пред да почнеме со моабетиве, поточно што подразбираме под добар човек!? Не е добар тој што ќе направи еден добар гест, ете како тие што и помогнале на бабичката, а потоа земале зољите и потепале се што им се нашло на пат.
Секој за себе мисли дека е добар ! Но не е така! Не можеш во лоша средина да бидеш добар , и обратно ! Самото општество влијае врз човекот . Ако ме прашувате мене лично Добри луге нема ! Бидејки све е Спојлер: !!! забегано у пичку матер
Не е точно дека не постојат добри луѓе, но за жал во денешно време многу, многу ретко се наоѓаат истите. Тоа е така според мене зошто се е на крајот сведено на некоја корист или тешка злоба. Важи и онаа народната : Будалиот и добриот се браќа. Сфатите сами- Ѓ. Иванов, де.
Постојат, и обично наебуваат гадно во животот. Дури ми е чудно тоа што им се случува, како некоја обратна карма.
Постојат,земете ме мене за пример Не да се фалам,(ух веќе се испофалив)ама предобра и пренаивна сум за опстанок во овој свет. Звучи глупаво? Е да,во право сте,понекогаш и јас си велам дека сум глупава,понекогаш прекинувам да верувам дека на доброто со добро се враќа,понекогаш исто се трудам да стегнам заби и да бидам bad girl,ама не оди,не бре
Добар - лош се многу релативни поими. Сите сме добри за себе. Секој што прави нешто кое ние го сметаме за лошо можеби го прави за да се заштити, како одбранбен механизам. Свесни сме за причините за нашето лошо однесување но не и за туѓото. Не е секој 100% добар, не е секој 100% лош. Барем јас така размислувам. Не сакам некој да се почувствува triggered, затоа ќе кажам само за мои искуства со, not exactly bad people but damaged. Во една таква ситуација (не навлегувам во детали зашто не сакам некој да ме пронајде или да се пронајде себе) се соочив со човек кој секојдневно ме малтретираше на различни начини. Човек кој имаше авторитет над мене и молчев пред сите негови навреди, понижувања и сл. Околностите беа такви какви што беа и не можев да се заштитам од него. Пробував да го разберам неговото лошо однесување. Сфатив дека е лабилен со психички проблеми, а јас бев колатерална штета која му се најде на патот. Пред да ја напуштам таа отровна атмосфера, пред да се тргнам од него, направивме искрен муабет. Ми се довери за многу приватни проблеми, кои секако не го оправдуваат неговото однесување. Но не познавам некој кој би постапил онака како што постапив јас со него. Кога им ја опишував детално оваа ситуација на моите најблиски беа зачудени како сум можела да останам смирена и зошто сум била толку добра т.е. глупава, зошто не сум била груба, лоша со него. Можеби е тенка линијата помеѓу добрината и глупавоста, и можеби често пати сум ја преминувала и не се каам. Не можам свесно да наштетувам или да се одмаздувам на оние кои ме повредиле/ повредуваат. Се отстранувам од такви ситуации. Отстранувам такви луѓе. Кога е потребно. Секогаш кога некој од блиските ќе ме праша зошто сум т.н. добра со тие кои не заслужуваат, одговарам затоа што не можам поинаку. Јас сум јас со сите типови на луѓе. Автентичноста не ја губам, колку и да е тоа добра или лоша карактеристика. After all, this is the way i am wired. А колку сум добра или не, за себе избегнувам да кажувам. Моите постапки, дела се оние кои даваат слика за мене. Понекогаш перцепцијата и вистината се испреплетени. Некои ме перцепираат како добра личност, а некои не. Некои ги перцепираме како добри личности, некои како лоши. It's the way it is.
Во нас има и добро и лошо. Ако нешто повредиме, од нешто ќе ни се гади и трето ќе не повреди.Тоа е човекова природа. Сакам да си претпоставам дека личност со која имам контакт е повеќе добра, зошто ако дирек заклучам дека е лоша, ... Изгледа тргам од себе.
Те разбирам и јас сум со посебни потреби. И сфаќам низ што поминува јас истото го поминав. Не можеш ништо да промениш,не знаев дека завршила школо и затоа дадов претпоставка. Инаку постојат секакви карактери и мора сама да се избори низ тоа инаку нема ништо да научи.
Постојат...за мене ви зборувам Незнам искрено од луѓето околу мене можам да очекувам се од секого.Можеби постојат но самото искуство те тера да не веруваш,сите сме свесни дека владее лицемерие,љубомора меѓу сите и најпрво треба самите да се ставиме во улога дали сме ние добри луѓе.Дали секогаш помагаме кога некој ќе побара помош од нас? Дали сме се радувале на нечиј неуспех?... Лично мене мие тешко да поверувам дека некој ме гледа само како личност,пријател без да има корист од мене,без љубомора.Сите некако сакаат да ти ги скршат сништата,да не успееш повеќе од нив,да не се издигнеш повеќе и.т.н
Во огледалото треба да се видиме себеси, сите позитивни и негативни страни ако бареме добри луѓе треба да напредуваме во добрите страни Бидејќи ако зрачиме со добрина ќе оставиме пример за другите. Добри помисли раѓаат добро размислување, добро размислување добра постапка, добрата постапка добра навика, добрата навика добар карактер.
Кога една појава има поголеми размери другите категории остануваат во сенка и се создава скептичност дека некој има поинакви особини од мнозинството. Се уште постои антонимниот пар лоши-добри. Индивидуалниот одраз зависи од објективната подготвеност да си ги согледаме помалку добрите односно лошите постапки. Препознавањето на истите е можност да се соочиме и да се справиме со секој што го перцепираме различен во различни околности.
Сум била од тие што даваат помош дури и кога никој не ја побарал, која верувала во пријателките безусловно, само за да една случка ме натера да си ги преиспитам тие одлуки. Биди добар само со тие што биле добри со тебе, помагај на тие што ти помогнале. Во спротивно, ќе си почуствуваш на своја кожа што значи да бидеш искористен. Најдобро е човек да биде рационален пред се.
Сакате ли да ви кажам една понова случка па видете дали постојат добри луѓе и кој колку заслужува да бидеш добар со него. Неколку месеци бев утеха на еден дечко, кој дозна дека е болен од многу ризична и тешка болест, стана многу тажен депресивен, не се гледавме а комунициравме на тел 24/7. Тој не излегуваше од дома се изолира па отиде на лечење. Ми викаше ти да не си јас ќе полудам во овие моменти ако прекинеш да ми пишуваш јас не сакам ни да оздравам, ти си ми најбитна од сите на светот никогаш да не ме оставаш сам. И така неколку месеци јас го жалев пишував на тел цело време,ненаспана бев хонично, го смеев го забавував, тажев ден ноќ и срце не ми даваше да прекинам комуникација, за да не му биде тешко. и знаете ли што? Кога се врати пишуваше ама со резерва и кога го прашав зошто сега вака, тој ми рече Ај не биди досадна, само тоа ме прашуваш. И да сега супер е оздраве, си шета си ужива и не се видовме од кога се врати. (јас се разочарав од целиот човечки род) Што ќе кажете на ова а??? Поука, со тие што се најмногу добри најдобро ке ве заебат. Бидете фини не љубоморите и мразете никого тоа е доволно...
Така било во природната заедница, а ваквото тврдење важело тогаш. Јас, апсолутно се согласувам со твоето мислење. Човек на човека е волк, било тогаш. Малку да го смениш ова, ќе важи и за во денешно време, човек на човека е човек. Оти знае и од волк да биде полош. Ама, времињата се менуваат, производи и средства на дофат, а човекот се раѓа табула раса, ниту добар, ниту лош. Се му е на дофат, за разлика од тогаш нели, па нема потреба од огромната борба за престиж како некогаш. Иако, се уште ја има. Не сите се исти, не дека нема добри, не дека нема и лоши. Човечкото око е ненаситно. И борба за повеќе секогаш ќе има. На овој или на оној начин, ќе има луѓе кои ќе газат по лешеви за да постигнат цел. Треба прво да се смениме самите себе. Без тоа не можеме да целиме кон промена на другите. Кон промена на светот.