Постојат, нормално. Да се биде добар,не значи да се биде и наивен. Не значи да остави човек да го газат лошите. Ако сам не се заштитиш и погрижиш за своето добро, друг ..не очекувај. Биди човечен - почитувај ги другите, ама, не се раздавај за се' и секого.
Промената е тешка. По природа сме лоши. Ама има нешто што не контролира. Човекот ги учи моралните вредности во текот на животот. Дали ќе ги прифати е право на избор. Затоа има санкции и казни за одговорност. Затоа има држава, а не природна заедница. Табула раса, значи дека она што ќе те научат и ќе го научиш, тоа ќе бидеш.
Објасни ми ти на мене ако можеш миличко, како тоа јас да мислам ДОБРО кога ќе прочитам морбидна вест како на пр...мајка си ги испекла двете мали бебиња во рерна, татко силувал ќерка, педофил сред бел ден силувал малолетно дете, терорист ..итн ит.....Е неможам добро да размислувам, ми врие крвта.
Тоа се тешки психички пореметувања. Таквите луѓе најчесто се социопати, психопати и ним слични. А тоа што нам срце ни се кине ради истото, е природа, карактер, емоции..
Да, човекот учи, цел живот учи а што од тоа ќе научи зависи од она што му е наследено, од она што му е длабоко во генот, во семката што би рекле старите..е тоа ЕДЕН ДЕН ќе пукне како ерупција на вулкан. Затоа некогаш се чудиме и велиме..абе арен човек беше, што му бидна?! Ете тоа, ѕверот во него се разбудил
Апсолутно. Секогаш има околности кои го поттикнуваат ѕверот да излезе. Се зависи од психичката, социјалната, надворешна и внатрешна средина. Камен да е, ќе пукне.
Кога се збори за добро и лошо секогаш прво на оваа прикаска ми текнува И не можам, а да не се сложам со истата. Човек не се раѓа ниту добар, ниту лош. Човек таков станува. Јас верувам дека баш во сиромашни општества, емпатијата и хуманоста се поизразени, отколку во богатите. Зошто само некој што бил сиромашен или болен може да разбере друг сиромав, односно болен, а ситиот на гладниот не верува. Тоа што некој не ти помогнал во еден момент кога ти било потребно, не значи дека тој е лош човек. Може не можел да помогне, а реално кој би побарал помош од некој ако знае дека е “злобен”? Оние кои имаат доволно средства и животот им поминува во работа и заработка, често пати се далеку посебични, ладни и резервирани. Што исто не значи ниту дека сите тие се баш такви. Ние сите ги знаеме луѓето околу нас. Од една страна знаеме колкави им се капацитетите, од друга страна не знаеме апсолутно ништо, со какви демони баш во моментот кога ние сме им се обратиле тие се борат. И баш во тој момент погрешно ги проценуваме. Не велам дека нема завист и злоба. Ама апсолутно има и добрина и човечност. И битката меѓу нив била, е, и ќе остане непресушна.
Многуте мрачни филмови, потресни вести, Џери Спрингер тип на шоуа не тераат да размислуваме дали воопшто има нешто убаво во овој свет. Баш поради тоа се повеќе има несреќни луѓе, иако генерално стандардот и благосостојбата расте. Едноставно човекот е премал и нема доволно време да се бави со ваквите прашања за да самиот донесе заклучоци, туку ги апсорбира вестите од мас медиумите, кои му го наметнуваат нивното мислење, кое патем го сервираат како општоприфатено. Инаку во реалниот свет секогаш имало и ќе има добри, пристојни и културни луѓе. Или зборот кој дискутирајќи на оваа тема ми е најприкладен е човечност. Што убавo и остроумно ја доловиле поентата нашите претци со ова зборче, веројатно уште од пред да дознаат за старчето кое со фенер барало човек. Ај, ај, доста е, многу забегав, имајте убав ден.
Проблемот е што лицата кои спаѓаат во категоријата добри се перцепираат како глупи, наивни и спори. Низ деценискиот живот во општество каде што качувањето по социјалната скала, угледот, успехот зависеше и зависи од крадење, лажање, превара, корупција, мито, врски, уништување човечки животи, стварање мрачни судбини...не може да се очекува добрината да се перцепира поинаку освен како... Па да, како глупост и наивност И после зошто е вакво општеството, затоа што на сите перцепцијата им завршува со стомакот и должината на сенката, затоа што сите фрлаат ѓубре покрај а не во корпа и контејнер, мочаат по ѕид во јавно веце, крадат сапуни од хотели, затоа што никогаш не се издигнале од некој анимален или инфантилен стадиум на себичност. Затоа ќе се вратиме во средниот век. I`m just here to see that it hurts
Немам многу време да ти одговорам, треба да се пакувам за дома, но бидејќи тотално не се согласувам со твоето мислење, морам набрзина и да ти пишам....САМО ГЛУП И НАИВЕН ЧОВЕК ЈА ПЕРЦЕПИРА ДОБРИНАТА КАКО ГЛУПОСТ И НАИВНОСТ!!
- Дали сè уште постојат добри луѓе? - Не. Постојат, ама толку се малку што џабе е да се спомне. Светов е отиден по ѓаволите, а кога ќе размислам изгледа одсекогаш и бил таму. Новиот светски поредок е уште поголемо срање и од ова што го имаме. Општествената свест повеќе личи на НЗС, прогресот е крајно бавен.
Постојат добри луѓе и се радувам на таквите,ретки се но ги има,битно е ние самите да целиме да бидеме подобри од вчера. Секое добро дело што ке го направиме денес тоа е добивка за нашата иднина.
Човекот е и едно и друго. „Добар“ и „зол“. Кога ќе забега во едниот или другиот екстрем - не чини, ни за себе, ни за другите (иако е невозможно да бидеш 100% добар или 100% лош)
Постојат добри луѓе но за жал се ретки. Вистинска среќа е на денешно време да најдеш човек од збор, кој не е лицемерен, дволичен и од корист. Кој е хуман и сака да помогне.