Да, постојат добри луѓе но не е толку лесно да ги пронајдеш. Среќен е оној кој ги има во своја околина. Среќен е оној кој покрај себе има хуман, дружељубив и учтив човек. Човек кој секогаш е спремен да ти помогне, кој не е завидлив и љубоморен на она што го правиш.
Пред да кажеш дека денес не постојат добри луѓе, запрашај се дали ти си добар? Ако правиш добри дела и несебично помагаш, ќе ти се врати со иста мера.
Постојат, но ретки се и затоа треба да бидеш многу внимателен, бидејќи некои само носат маска на добрина, а всушност ако не ги процениш на време и ако им веруваш ќе се изгориш
Ко јас да сум го пишала ова пред неколку години. Дека сега со сигурност тврдам дека добрите луѓе се како поларна мечка во зоо,само таму гледаш по 2-3 а другиве се вид во изумирање.Чат-пат по некоја ако видиш,додека ја препознаеш избегала.
Како прво, воопшто не се согласувам со тоа како самото прашање во оваа тема гласи: "Дали се уште постојат добри луѓе?" На начинот на кој јас ги сфаќам работите, она кое останатите луѓе го нарекуваат "добро" е само пренагласена екстемност на еден сегмент од спектарот на човековото целокупно однесување (кое во реалноста не е возможно да се манифестира). Затоа, нема никаква поента да се прашуваме дали сеуште постојат добри луѓе, а истото важи и за злобните луѓе; Самиот човек како суштество кое има развиено високо ниво на свест и интелигенција, секогаш ќе се колеба помеѓу добро и зло во различни околности и ситуации - и поради тоа или доброто или злото во одредени моменти ќе мора да доминира.
Затоа Бог не учи да бидеме само добри и да се обидуваме лошото да го запреме со добрина..ама ние доброолошот човек, на злото реагираме со зло и затоа ни се случува пропаст на земјата како што и пишува во библијата..нели
Јас им се восхитувам на некои што живеат во свет со луѓе со добро-лошо однесување. Околку мене се вакви. Додека имаат интерес од било што што знам или имам и го споделувам или позајмувам ме тркалаат и есапат за жива. Истиот момент кога немаат интерес живи ги нема и лесно ќе беше кешки да е вака,туку уште те местат. И после имало добри. Пишав јас додека откриеш дека навистина биле добронамерни ги снемало.
@baba Rada мислам дека и покрај тоа што религијата го проповеда доброто однесување, а го забранува и казнува злото, сепак моралот кај човекот се поврзува со неговата еволуција. Моралот како внатрешен суд за добро и зло, зависи од развивањето на нашето однесување кое ги зголемува шансите за преживување и репродукција, како и дека ние се колебаме преку доброто и злото, а од историски аспект тоа би зависело од тоа како паралелно би дејствувале нашето верување во нешто натприродно со состојбата на животната средина. Кога во стабилна и безбедна средина со доволно храна , имајќи ја биологијата на моралот го одржува нашето место во заедницата на луѓе кои помагаат во обезбедувањето на нашите биолошки императиви, додека во многу стресни, сиромашни ситуации ние сме подготвени да згазнеме преку било кој ако тоа ни помогне да преживееме. Секако од природата на човекот и неговиот внатрешен суд за доброто и злото, всушност ја имаме адаптацијата дека постои бог (добро) и сатана (зло) но овие само ги објаснуваат екстремностите на човечки однесувања во целокупниот спектар. Како што од околностите зависи дали едното или другото ќе доминира, на таков сличен начин и ќе се сфаќа религијата, секако во комбинација со самиот факт дека потребата човекот да верува во нешто останала силно врежана во неговата свест.
Прашањето и целата дискусија ми се невалидни. Прво, дефинирај добар човек. Секој ќе даде различен одговор. Некој ги сака брутално искрените луѓе. Некој пак, сака вистината да му е ублажена и за подобри ги смета оние кои од околу ќе ти ја кажат вистината. За некого, фаќање врски или влечење корист за работа/упис на факултет/упис во средно/зголемена плата/зголемена функција е нешто одвратно. Другиот ќе ти се пофали како се снашол. Некои изневерувањето го сметаат за најголема грешка. Другите можат да го оправдаат тоа. И релативно е за секоја тема. Иако не можам да го отфрлам универзалното, моралот е релативен. Дали мојот најдобар другар ќе каже дека сум ’добар’ човек? Секако, ќе каже дека сум најдобрата личност која ја запознал. Дали баба ми ќе го каже истото? Не, за неа сум секташка и наркоманка. Не е возможно да се обои една личност во црно или бело. Сите сме ние сиви.