Има добри луѓе и не се баш реткост. Барем во моја близина имам или пак јас сум наивна, незнам времето ќе покаже. Мислам дека лошите луѓе ни ги окупираат мислите и времето со нивната злоба па повеќе размислуваме за нив кога ќе ни направат нешто лошо отколку за вистинските кој ни направиле добро. Ги испуштаме добрите луѓе на тој начин. А секако има добри луѓе и незначи дека ако еднаш не ни излезат во пресрет дека не се добри.
Постојат, познавам доста такви и претентирам да си ги држам до себе. На ниту еден начин не би сакала да ги изгубам, најмалку по своја вина.
Постојат...се појавуваат од нигде,баш кога најмногу ти требаат ...анонимуси ама како цел живот да сесо вас
Се разбира дека постојат, но денешниов живот луѓево ги научи сите да те гледаат од корист.А добри луѓе, од искуство можам да потврдам дека навистина сеуште ги има, бар за сега....
На 1000 лоши ќе сретнеш еден добар. Научени се повеќето да добијат нешто со агресивен начин и со понижување некого. Така мислам затоа што досега не сум нашла на некој добар, без лицемерие човек.
Клише муабет е дека во денешно време не постојат добри луѓе..дека добар човек се наоѓа едвај во 1000 луѓе,донекаде и повеќе од реално е тоа,звучело или не клише. Сум сретнала многу добри луѓе,и обично тоа биле луѓе со кои не сум никако поврзана се до тој момент,луѓе кои посакувам да ги имам во мојот живот,ама ги немам... Добро е што постојат и такви кои барем на моменти можат да бидат нечии добродетели и хероји...
Постојат, но таквите се многу ретки. Кога ќе имаш таков човек за пријател, треба да го цениш и задржиш како пријател!
Многу, многу дискутабилна тема. Во последно време, нема. И многу ми е жал што е така. А јас сум еден од оние кои, и покрај сѐ, веруваат дека сите луѓе, длабоко во себе, се фини. И човечни. Ама, од ден на ден се соочувам со чисти спротивности. Луѓе за кои сум мислел дека се фини - си ги откриваат вистинските лица. Така што - не знам, многу е тешко да се препознае фин човек во денешницава, сѐ е сведено на глума, дволичност...
Постојат но се ретки. Се повеќе и повеќе владее злобата. Дури и за некој ако мислиме дека е добар, еден ден ќе го покаже вистинското злобно лице.
Има сеуште добри и чесни луѓе, но има повњќе лоши. Како и да е никогаш не губете надеж, пронајдете ги вистинските луѓе за вас и чувајте си ги. Има една поговорка која вика не е доволно да не правиш зло, треба да правиш добро.
Не постојат многу добри, постојат лоши и "да се рече добри" луге Сите правиме нешто погрешно и никој не е совршен. Сите грешиме дали со мисла или со дело.
Иако се ретки се уште постојат.Се одвојуваат од масата лицемерни,просто не можеш а да не ги препознаеш.Едноставно зрачи нивната аура. Многу сум среќна кога ќе наидам на такви,ми го разубавуваат целиот ден.