1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сакаат децата да учат на памет песнички?

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 23 октомври 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Сега е сколска година и на децата неим се учи многу многу. Почна ли вашите деца да учат на памет песнички како оди пишувајте слободно.
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Па сигурно тоа си е индивидуално, некои деца ги бидува за репродукција на научен материјал, некои пак одбиваат да учат напамет и покажуваат одбивност кон стихотворбите кои треба од збор до збор да ги знаат!
    Во помалите одделенија мислам дека на учениците им е потешко да учат на памет! Тие уште не ги знаат буквите па мора некој да им чита за тие да научат! Буквално целиот процес на учење на стихотворбите го замара целото семејство :worried: ! Но самиото учење на памет има голема улога врз развојот на мислоните способности на едно дете! Учи нови зборови, се труди да запамети стихови, изнаоѓа техники како полесно да го запамети стихот, учи да рецитира,го тера умот добро да се концентрира...
    Самиот процес на учење на памет на секој ученик ќе му биде низ целиот училишен период од корист бидејќи не само песничките се учат на памет, понатаму ќе треба многу дефиниции, текстови и сл да научи на памет! Затоа самото учење на песничките на памет е од голема важност за еден ученик!

    Дечките најдобро паметам наутро па тогаш е најдобро да се започне со учењето напамет на стихотворба! Во текот на денот истата да се повторува за добро да му легне на ученикот! Кога ќе пораснат е полесно, тогаш сами ќе си ги учат...но додека се мали целотот семејство на ученикот ја научува песничката на памет :lol: !
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Mојата оди во градинка и таму си учат песнички, кога ќе ја земам од градинка ми кажува дека научила нова песничка и ми ја кажува.
    Летово додека не одеше во градинка, од Росиците јас ја учев некои помалечки стихотворбички, колку да се занимаваме, да не и` биде досадно, а и почнувам да ја спремам полека-полека на учење затоа што догодина ќе биде прваче. Сепак не ја форсирам, имаме време, догодина повеќе ќе се ангажираме. :)

    Повеќе сака да пее песнички, и пуштам цедиња со детски песнички, си пее и си игра, и тоа е еден начин на учење. Ја имам приметено дека ги запомнила, пр. си игра нешто (со барбики) и им пее, или пак одиме некаде (во кола, во автобус) и таа си пее.

    Сега за сега немам некое искуство да споделам, ама гледам дека сака да учи и среќна е кога ќе научи некоја стихотворбичка и си се гордее самата кога ја рецитира, потоа следува :clap: :clap: и 5-ки на рачињата.
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Не сакаат :D !


    Јас никогаш не сум сакала.
    А што ме снајде и во осмо не тераат да учиме песнички :^) , што не е случај со другата наставничка во школото. :!:
     
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    пишувајте песнички за осми март денит на мајката!! :) :) :) :)
     
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    не сака нешто посебно, дури и со мм мислевме дека не знае ниту една песничка од градинка. Но кога отидовме на приредба, се изненадивме ептен. Сите песнички го пееше, јасно и гласно, дури и имаа и кореографија за играње. Дома вика дека ги заборавила песничките, а некогаш вика дека тоа било само за во градинка.
     
  7. Mother86

    Mother86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Мојата 3-годишна керќичка обожава да ги учи песните на памет и секој ден кога ќе си дојде од градинка обавезно кажува по некоја ново-научена песна. :inlove:
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Во градинка учат песнички на памет и дома ги кажува сите по ред, ама малечка е па сеуште не ги изговара зборовите правилно па малку е смешно кога кажува.
    Интересно е што рецитира со ист тоналитет како што веројатно учителката има ги кажува:)
     
    На Cka и TutiFuti им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Малиот не учи песнички. Не го интересира тоа. Во градинка ќути кога ги учат песничките. А поголемиот во градинка учеше, а сега во школо затоа што мора.
     
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Син ми гледа Супер Ѕвезда , и гледам му фаќа кликерот за песничиња , си потпевнува по дома . Ќерката е уште мала и иако ги гледаат заедно таа ништо не памети .
     
  11. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Синко нема некоја посебна желба за учење песнички ама учи од што мора :D .
    Во прво одд лесно ги учеше ама сега во второ првата што требаше да ја учат викендов ,ептен некако тешко,концентрацијата ептен слаба .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Многу им е тешко на децата. И на поголемиот гледам дека му е напорно кога треба да учи песничка. Веќе е трето одделение. Во второ само една песничка научи со желба. Вчера учевме песничка, ама ни до пола не стигнавме. Му се виде долга песничката. За помнење ќе ја запомни, ама ептен тешко му оди.
     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Исто и ние викендов среќа што почнав уште во саботата со учење па дури вчера конечно ја научи ,обична песничка од 3 строфи .
    Цело време се нервираше и плачеше зашто тешко му оди и уште толку губеше концентрација .
    Многу ме зачуди искрено зашто во прво немав ваков проблем до толку .
    Е сега може дека распустов им дојде супер одмор па уште се опуштени ,додека се вратат во нормала :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.