1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали саканиот/саканата се меша во приготвувањето на храна?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од love23, 30 јануари 2011.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Доколку ја има темава слободно нека оди во каната . Јас кога готвам мажми се нешто дофрла дека вака требало или онака требало јадењето да се зготви и што најчесто ви дофрлаат пртнерите?
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Кога почнав да готвам имаше забелешки во смисла не е солено, многу пипер има, оризот е сув, пирево е како купечко, вака ли се прават шпагети, кофтињава се ѓон и сл. Јас на тоа му викав полека де и мене не ми се свиѓа, ќе научам има време. Со тек на време се научив и сега уживам да готвам, само пробувам некои нови рецепти и до сега се е вкусно. Кога сум во кујна го бркам и не му дозволувам да се меша.Така еднаш кога правев месо во релна ми висна над глава и почна да ми суфлира што да ставам, јас му ја подадов вилушката и му реков ПОВЕЛИ ако знаеш како, и си излегов од кујна. Сега веќе не ми мрчи. Знам и да го утнам јадењето сепак никој не е совршен. :D
     
    На rici.aaaaa и love23 им се допаѓа ова.
  3. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Мене секогаш ми помага во готвењето ми сецка ми лупи не дека не му се свиѓа туку сака да ми помага а мене ми е многу убаво кога готвиме заедно 8)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Живеам заедно со дечко ми и најчесто јас готвам за двајцата. Додуша тој повеќе и не е дома за да се меша, но и кога е тука може да помогне, да даде предлог. Некогаш и тој знае да приготви нешто иако ретко се случува тоа. Знам што сака, каква храна јаде и тоа приготвувам, е сега ако му правам нешто што не јаде секако ќе наоѓаа маани. А ако се меша многу ќе го оставам тој да го прави јадењето па од страна ќе давам јас коментари.
    Оф топик ќе кажам еден виц.
    Мажот доаѓа од работа, жената му приготвила ручек и му принесува да јаде. Тој пробува од јадењето го отвара прозорот и го фрла надвор. Жената го погледнала само, го зела столот и го фрлила преку прозорец. На мажот му било тоа чудно и ја запршал зошто го фрли столот, а таа му одговорила па кога ќе одеш надвор да јадеш да има на што да седеш :D
     
    На dan1, marama и Hipica им се допаѓа ова.
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Едно е да се меша во смисла ајде денес да јадеме шпагети , или ајде место сирење стави кашкавал . Ова уствари не е мешање туку давање предлози .
    Ама мешање во смисла зошто така го мешаш тоа а не вака , зошто стави кечап па изренда кашкавал а не обратно , или стави во поголемите чинии , не ми треба . Не фала .
    Ако од прва не си се зафатил да го направиш јадењето тогаш златен , не го пикај носот кај што не му е место ;)
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    За среќа, саканиот мој секогаш и готви, а јас никогаш не му се мешам.Кога ме гледа колку сум спретна во кујна, ме испраќа да гледам тв и да се вратам кога ќе е готово :lol:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Јас се мешам кога ќе дојде време за дегустација. Ме вика да пробам дали ми е по вкус или треба уште да се допече, довари... Инаку не се мешам, што сака тоа нека готви. И ако не ми се свиѓа, морам да го изедам, тоа е кога друг ти готви :lol:
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Ааа, се меша, се меша, како не, околу мене се меша, те за г**, те во врат, де ми дава да каснам од нешто што има ]:) И на крај мене ме занервирува, пошто нели, јас готвам, нека седи таму мирен бе, нека не се меша :lol: Јас мислам оти сите мажи уживаат да се мешаат, демек се прават дека знаат нешто, а уствари се главни за забошотување :lol:
    А татко ми, ене го, обавезно пристава сол, меша со лажица, сечка, дроби, цеди, ужива во тоа, ама се што ќе помогне или направи сам, на крај, фала му на бога се јаде :D
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Не се меша. Кога готвам јас, тој си се занимава со нешто друго. Воопшто не се меша, освен ако не му речам јас да ми помогне нешто. Инаку се вртка околу мене понекогаш, ќе дојде, ќе ме гушне, ќе ме бакне. Кога готви тој, сака сам да готви, не сака да му се меша никој и кога јас ќе се понудам да му помогнам - да излупам нешто, да измешам, понекогаш прифаќа, но во повеќето случаи завршувам пред телевизор ( со зборовите „ седи си ти, јас ќе направам, гледај си тв или нешто друго прави“) и потоа повикана сум за да пробам дали е готово, дали треба да се додаде уште нешто и нормално, кога ќе е поставена трпезата. :lol:
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    "Тури повеќе вино, поубаво ќе испадне, ако пишува во рецептот 200 милилитри."
    "Стави го цело пакетче сенф де."
    "Ајде извади го побрзо, не можам да чекам, убаво е испечено."
    :D
    Се меша, милиот тој. Затоа го праќам да гледа цртани во другата соба. :lol:
    Кога ќе му замириса убаво не може да чека и ме тера да го извадам јадењето, што да му правам. :^)
     
    На rici.aaaaa и love23 им се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Секогаш кога ќе почнам јас да правам он одма ова не треба вака,ова со ова не иде.И затоа веќе не ни готвам кога е кај мене :^)
     
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Јас немам проблем со мешањето на маж ми во кујната.Се знае јас готвам а тој си седи на страна и чека додека не биде готово.Нормално понекогаш и тој дава предлози какво да биде јадењето.
     
  13. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Дечко ми воопшто не се меша. Има дури јадења што мене не ми се допаѓаат како сум ги направила, ама он сиромашкиот ќе си ги изеде и си ќути. Уште вика што убаво испаднале. Хмм, еми да, кога живееме далеку од дома или ќе јаде нешто што јас сум направила, или ќе јаде нешто надвор (што е ужасно скапо) или ќе гладува. Паметниот тој, избрал да јаде и да ќути. Добре де, не готвам јас толку лошо, ама може и подобро :lol:
    Уште да го натерам одвреме-навреме малку да помага во кујната, не ќе биде лошо. За други работи, стварно не можам да се жалам, ама за готвење некако не му се помага :?: Имате некоја идеја?
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Не, не се меша. Само си ѕирнува по малку, на помини замини :lol:
    А ме нервира што почнува да ја мести масата и да ја приготвува салатата, или што и да е... а јадењето ќе биде готово за половина час |( :D
    Е стварно ме нервира и ме вади тоа од кожа, и еднаш така му се развикав, па фати јогуртот да го претура назад во паковката :D
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Да. :nod:
    Јас си готвам , полека, убаво, лежерно, со мерак, од ќејф,
    он ми приоѓа, ме плеска по газето, тогаш му текнува да ме бакнува, да ми приредува мини рецитал dirrty talk, и така... :$
    Се меша во приготвување на храната, gо прекинува нејзиното континуирано подготвување. :lol:
     
    На Zlatusko и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Јас на него му се мешам. :lol: Во последно време да не го урочам, ама често изразува желба за готвење, а јас му асистирам. Да го пофалам, по добро се снаоѓа во кујната од мене и некогаш знам да го напнам околу додатоците и зачините, па ме брка и ми вика дека од моите експерименти со храната, после стомак го болело. :D затоа подобро да си седам на страна и да си дегустирам.
     
  17. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Не никогаш ..... го обожава моето готвење
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Дали саканиот секогаш се меша во приготувањето на храна?

    Ау...каква слика си направив со ова МЕШАЊЕВО во приготвување! :D
     
  19. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Искрено готвам понекогаш иако не знам многу пополека се учам.Дечкото не е баш по готвењето но знае да ми помогне да исецка нешто да измати и сл.А мани ретко наоѓа се си јаде :)
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не праи проблем ама пошо си е по соленото и зачинетото а ја го избегнувам, со порцијата ќе му ги тутнам сите зачини, па нека си го погоди сам :D