Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали саканиот/саканата се меша во приготвувањето на храна?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од love23, 30 јануари 2011.

  1. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Не, но аз на него многу му се мешам, тој кога подготвува храна :lol:
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Се меша. И мора да признаам дека многу сакам кога изјавува желба да замеша прсти низ кујна, особено затоа што е ептен мераклија за подготвување на вкусна храна, многу сака да експериментира со состојки и гордо мора да признаам дека многу јадења ги прави повкусно и подобро од мене и воедно, многу финтици научив од него. Едно време се чувствував малку глупаво зошто секогаш и тој сакаше да замеша прсти, како ништо да не ме оставаше да направам сама. Но сфатив дека готвењето го прави со задоволство и му е многу мерак ако побарам помош или му дадам тој да направи нешто.
     
  3. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Главно јас готвам, тој салатата ја приготвува...ама и тогаш кога тој готви, а бе прсти да си излижеш...морам да признавам дека подобро од мене готви
    Обожавам кога се вртка по кујна кога готвам, а кога он готви многу ми е секси, ми иде да го соблечам одма :)
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Сам да се меша не, ама постојано прашува шо да напраам јас сега,а, а , А ? :lol: Му давам по малце да се помеша ради ќеф, исецки ова, излупи ова, или направи салата. За сметка на ова пак компирот пола останува , а пола е во канта со лушпите, ама срцка е барем се труди :D
     
  5. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Да бидам искрена, тој повеќе знае да готви од мене... И ич не му се мешам во приготвувањето.. нека си готви слободно :lol: Јас само му помагам.. :)
     
  6. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    Пире, компот, пица и тост се негови мајстории...Другото е моја работа, најчесто се жали дека не ставам сол во јадењата, а признава дека сум подобра од мајка му :ninja:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не. Може само да каже некоја идеја што му се јаде или што не сме јаделе одамна или пак да донесе-купи ако нешто ми фали за приготвување (ако е тоа мешање)
     
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кога ќе приготвував нешто порано дечко ми стално знаеше да каже мајка ми не прави вака, мајка ми ова мајка ми она!
    Ама еден ден ми пукна филмот и му реков јас и мајка ти не сме исто, ако она така прави неморам и јас, ако не ти е убаво оди нека ти она зготви... и после тоа детево се шокира како јас така сум му рекла и почна да се правда, ама јас сакав да ти дадам совет, мислев да не грешиш, инаку ти прекрасно готвиш :)
    Јас само му реков постојат различни рецепти не грешам само не готвам исто. (Може и згрешив што го искарав ама доста со тоа МАМА, мама дома нека му готви). ОД тогаш се нема примешано.
    А за да помогне никогаш не се ни понудил значи буквално да се меша за да помогне НИКОГАШ, антиталент за готвење е.
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да, да секако. Јас спремам нешто, а тој иди и ме гушка одпозади ... се има случувано да се занесиме во "гушкањето" па да фати јабана приготвуваното. :D Домаќини луѓе.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Добро е додека се меша :D И сака да готви...во повеќе случаеви кога сме негде на одмор повеќе он готви,него јас ама почнуваме да се балансираме :)
     
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    да секако баш ми изгледа романтично а и помош во кујна секогаш ми е добродојдена ;) ;) ;)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Признавам дека него повеќе го бива за готвење од мене. :$ И многу сака да готви, а секогаш кога спремам нешто за јадење сака и да ми помогне.
     
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Да, знае да готви мажулето мое и многу ми е ќејф кога готви со мене или сака да ми помага во кујна :)
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Оу јес, секогаш! :D Знам и знае дека готви подобро од мене, па мисли дека ќе го утнам јадењето ако не е направено на негов принцип или ако не надгледува додека го правам. Среќа што често јас кога го правам ручекот тој не е дома, па кога ќе дојде на готово, гледа дека сепак е супер направено, но на друг начин ;)
    А кога е тој дома...многу радо му препуштам тој да готви што сака а јас да уживам :D

    Знае да ме изнервира кога ми сугерира на кој начин да го сечам патлиџанот за салата...па салата е да му се сневиди! Како на некој да му стало да анализира како се исечени парчињата. |(
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Се меша нонстоп зошо го бива за готвење ама ептен.Дури знае и да меси и прави многу убави банички :lol: кога треба да се прави грав -му отстапувам нему :lol: Се снаоѓа подобро од мене,морам да признаам :rock: Инаку некогаш ме нервира кога ми се меша зашо сакам да го изненадам со некое јадење и ќе го избркам ќе му речам воопшто да не ми влегува в кујна :!:
    Немам ништо против машко што знае да готви.Некои се потсмеваат а не е ништо срамно.Срамно е да не знае јајце да си спржи да чека јадење ко дебил од мама или од жената.Колку пати се дешавало кога мајка ми била на пат татко ми како мали ни готвел-секако не како мама,ама никогаш не не оставил да јадеме тостови и хамбургери :!:
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ауу темава во срце ме погоди! Порано не се мешаше толку, ама, во последно време кога имам повеќе време за готвење озбилно почна да досаѓа :lol: Посебно ако му подготвувам нешто за првпат, абе како мува ќе кружи околу мене „а ова вака да не требаше, а ова така, а, а, може вака?“ :headbang: :D

    Чаре во такви ситуации: ја напуштам кујната и му велам ако знаеш подобро, повели :lol: и после „ама како рече дека требаше“ :lol: и на тоа му викам ако помагаш, помагај ко човек, не ми изигрувај свекрва :rofl:

    Како и да е, не е нешто што не живцира многу многу и после ќе си се изнасмееме и двајцата.
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Да, се меша и среќна сум поради тоа, знам дека во иднина ќе има кој да ми помага. Многу е убаво маж кога готви, бидејќи тие или готват и готват убаво или воопшто не готват. Мојот сакан мислам дека повеќе од мене ужива во готвењето и повеќе внимава на квалитетот отколку на квантитетот на храната, неговото мото е јади за да преживееш, обратно од моето - живеј за да јадеш :lol: :rofl: се зезам. Мислам дека е доста креативен и сака да експериментира во се па и во готвењето. :*
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Бидејќи јас сеуште и незнам нешто посебно да готвам :$ , па затоа јас не се мешам додека саканиот готви. :rofl: А готви со ќејф и не сака многу да му се мешам , му правам само гужва у кујна. :lol: . Може нешто да сецнам, нешто ситно да му помогнам и толку, повеќе не ми дозволува.
     
  19. DorianGray

    DorianGray Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Ги разгледав пстовите и видов дека нема никакво машко мешање во темава па си реков дај малце да замешам прсти јас овдека. :D
    Иначе и јас и сопуригата сакаме да готвиме заедно многу не се препираме кој што како се прави или колку да се стави од ова или од она. За се си има прв пат ако денеска супата или оризот нечини утре ќе го направиме подобро за тоа ич не си се секираме. (можи јас некогаш подпретерувам со тоа дали вака или онака да се прави али за тоа сопругата си има разбирање за мене секогаш јадењето го снемува од маса благодарени на мене :lol: )
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Се меша,се меша онака некој ден ќе ојде и јадење и куќиче ;)