1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сакате животни?

Дискусија во 'Канта' започната од Boka.A, 17 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Здраво!
    Ме интересира, колку од феминките сакаат животни, кои животни сакаат, посакуваат, и имаат?
    Па еве јас да почнам.

    *Јас многу сакам животни, (без разлика дали се улични или домаши)
    *Кога имам нешто да им дадам ... секако давам
    *Јас ги сакам сите видови на животни
    *Ми е жал кога немам ништо да дадам а го гледам животното исцрпено и гладно ;(

    *Јас имам променето 5 папагали. (првото ми беше многу ... така како страшливко и побегна точно еден ден пред да почине баба ми, второто и третото беа пар но женката неможеше да лета дали од старост или мало, неразвиено папагалче па ми се удави во вецето во веце школката ;( ;( ;( а машкото веднаш потоа избега ;( е сега четврто и петото ги чувам, Феми и Еми и двете се женски ... многу се караат ... :worried: )
    *Пред зградата има околу 5 мачиња и 3 кучиња (не се тепаат мачињата и кучињата) па сега незнам на кого да дам парче кифла кога ке се вратам од школо.
    *Чував едно зајаче ... до бидејќи живеам во стан го вратив во продавницата, а го чував 1 месец. ;(
    * А што е најинтересно .... едно куче од бензинската пумпа дојде со татко ми до станот го чувавме само 1 ден а потоа тоа само си замина

    Ве молам споделете за тоа дали сте љубители на животни или не.


    Благодарам однапред.
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    dom/domasni-milenicinja-t306/ тука кажи за твоите папагали, зајци и кучињата и мачињата од пред зграда, не отварај нова тема без потреба.. ;)
     
    На smiley-32 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
  4. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    премногу ги сакаммм...имав порано дома 4 мачки ...сега ми остана само еден мачор..сум чувала и куче,папагали,желки,зајаци... ги обожавамм !
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    У глобала да поточно речено ги толерирам како живи суштества со кои ја делиме планетава Земја. Пред се како и секој нормален човек не можам да одолеам кога ќе видам кутренце или мало билокакво животинче (освен змивче :devil: ). Пиле, пајче, лебедче, ма се што е мало ми е ко бебе, а бебињата се слатки и мили и точка.

    Ко мала имав уплав од кучиња - денес фала богу веќе не и ги обожавам.
    Домашни други животни као крава, овца, коза, бик, бивол, муфлон, бизон и слично ми се во рамки на толеранција на село, во штала, во природа итн.
    Мачки мразам онака од срж. Оф колку ги нејќам и си имам теорија некоја за нив. А и тие гледаат дека не ги сакам и не ме дружат баш. И така ми одговара.
    Од змии имам фобија.
    Гуштерите ги толерирам по карпи, освен ако не се огромни и не ми дишат на врат.

    Е сеа крокодили нешто посебно не обичам. Огромни се, тешки се, коа ќе те акне со тоа опашот - жив не остануваш, а уште помалку ако му дојде посебна желба да те грицне.
    И ајкули и китови не сакам. Ниту орка китови - затоа што заради забава убиваат фоки така што си играат буквално еден вид на одбојка со нив се додека не пцовиса фоката :worried: Гледав еден документарец и се убив од плачење. И после човекот бил суров, ја како да не.
    Делфини ептен сакам.
    А желки обожавам! Сон ми е да одам на Крит како доброволец и да ги спасувам карета карета желките.

    Лисици, волци и мечки, е тие не би сакала да ги сретнам на планина. Особено волциве и мечкиве.
    На слон се надевам ќе се качам и повозам еден ден кога ќе одам на Тајланд, а и вака општо ок ми е ко животинче.
    Нилски коњ - исто ок ѕверче само апелирам почесто да ги мијат тие што се во зоолошка.

    Ај доста е засега. Многу животни постојат на светов :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.