Ме интересира вашето мислење, дали кога посетуваме козметичар, посебно за шминкање, тие ги дезинфицираат нивните кармини, дали употребуваат нови четки и сл. ?
Дали се дезинфицираат шминките во козметичките салони? Моето скромно искуство кажува кратко и јасно-НЕ!
на сите шлакаат со истите четки сеа мош ги мијат еднаш месечно ама која е логиката на секоја втора девојка да им става од различен римел? тоа не им се исплаќа на нив така да одговорот е не
И јас мислам дека не, затоа што отекувам страшно и затоа си се шминкам со моја козметика и нити барам нити давам
И јас за ова се прашував. Кога требаше за табло да се сликаме, со другарка една правевме муабет да идеме на шминкање ама јас се откажав, премногу шубе ми беше. Осетливо лице имам, не сакам поголеми проблеми да си направам.. Е сега за матура стварно незнам што ќе правам...
единствено нешто што не се дезинфицира во салоните за убавина е маскарата за нејзе нема начин како да се исчисти, но јас од таа причина на моите клиенти им ставам едноделни трепки кои се премачкуваат со маскара, додека четките со кои се нанесува пудрата,руменилото, карминот дури и моливчињата за усни и за очи се пребришуваат со средство за дезифекција одма по употреба. доколку ви се стави соодветна крема и потоа подлога за шминка ништо од горенаведеното не доаѓа во директен контакт со вашата кожа и единствено нешто што може да ве иритира е доколу очите ви се осетливи на креонот,не го поднесуваат и ви солзат, но затоа пак постојат креони и маскар од оризово млеко кои се наменети за осетливи очи...
Не знам каде работиш ти, но јас во ниеден салон каде што сум била немам видено да дезинфицираат ниту шминка ниту четки. Ама баш во ниеден!!! Плус имам другарки што работат по салони и ми го имаат потврдено истото. Од дезинфекција ни Д нема!
можам само да ти кажам дека не се сите исти, салонот е лично мој и јас се грижам за сите работи и услугата што ја даваме е онаква како што би сакала јас да ја добијам... јас објаснив како стојат работите во мојот салон,за другите не можам да коментирам и дезинфекцијата не се врши пред вас, таа се извршува по употреба кога се враќаат четките и производите на место, бидејки ако не ги дезинфицираме како четките така и производите ќе се оштетат т.е. ќе се расипат и ќе замирисаат...
Јас немам моментално салон, но сепак ја работам таа работа па же коментирам. После секој клиент се чистат четките, сунѓерите, Кармини не ставам директно од туба со четката која што е во карминот, користам посебни четки за кармини.
Гнасотилоци. Исто така и тие што прават нокти..Хепатит не бега. Сестра ми има УВ ламба и сет за нокти.Глеам колку им врши дезинфекција.
Бев на фризер денес и додека ме шишаше му падна чешелот. Го зема, отиде да го измие па се врати да продолжи да ме шиша. Баш во тој момент ми текна како некои по козметичките салони воопшто не се замараат ни да ги подзачистат четките...
Не само тоа, во голем дел од фризернициве ја бришат косата со пешкирот, потоа истиот го сушат и повторно бришат некој друг. Летно време им е рај поготово, веднаш им се сушат надвор.
Што се однесува до фризерки, најстрашно ми е кога гледам влакна т.е по една цела перика на чешел или четка