1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се потребни нови јасни правила на форумов и проширување на модераторскиот тим?

Дискусија во 'За форумот' започната од Biljarkata, 10 февруари 2021.

?

Дали сметате дека се потребни нови јасни правила и проширување на модераторскиот тим?

Анкетата е затворена на 13 март 2021.
  1. Да

    146 глас(а)
    91,3%
  2. Не

    14 глас(а)
    8,8%
  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Од претходното мислење во другата тема:
    Да надополниме, модераторскиот тим секогаш реагира колку што е можно во најбрз рок, а се прават и многу консултации за да се стигне до најдоброто решение за секоја ситуација. Многупати нивните активности не се видливи за членовите, но верувајте ништо од тоа не треба да биде потценето.

    Нивната задача за одржување на хармонична атмосфера е голем предизвик кој многумина не би го прифатиле.

    Не негираме дека има пропусти во уредувањето на Форумот. Но, ве молам да не ги обвинуваме модераторите, туку насочете го показалецот кон нас и да започнеме со продуктивни предлози. Ќе се навратиме на правилата, ќе ги надградиме и ќе анализираме за кои потфоруми е неопходно проширување на модераторскиот тим.

    Ова е одлична идеја, ќе провериме колку е изводлива од технички аспект.
     
    На tessie, Alishan30, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.793
    Нови под форуми требаат.
    Да ги листаме подфорумите каде нема модератор или соодветен модератор?
    И едно многу битно нешто за модератор- мора да биде способен да погледне преку своите предрасуди. Да, сите имаме предрасуди, ама ако модератор спроведува политика и го моделира лицето на форумот, мора да биде способен да се надмине себеси.
     
    На tessie, Fallen.Angel, Idedemja и 10 други им се допаѓа ова.
  3. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Машки
    Треба некои промени.
    Не многу екстремни ама треба. Ќе биде освежување и за форумот.
    И секако контрола на тие што ги водат темите.
    Крајот на 2020 имав на 2..3 пати избришано мислење во кафе муабети.
    Јавно барав да дадат образложение не се огласија зошто немаа ни аргументи.Барем членовите заслужуваат објаснување некогаш.

    Што се однесува до мене кафе муабети го прогласувам за место каде објективноста на модераторите е во изумирање.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    81.949
    Пол:
    Женски
    Никој не ги обвинува модераторите.
    Не е лесна таа работа.
    За овластувања збориме,и за тоа дека имате многу малку модератори кои имаат овластувања нешто да прават.
    Не може да стои мислење во кои се откриваат лични,приватни податоци, и тоа да стои со саати,да има модератори присутни ,а ништо да не можат да направат затоа што немаат опција.
    Тоа е грешка во организација на форумот.
     
    На tessie, oblace1, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Не. Има категории каде што само @RainBow е модератор, а ја немало подолго време и хаос било во некои теми. Не може само еден модератор во една категорија. Пример Љубов и секс, Dust кај што беше и отажа. Си требаат нови модератори и сите членови се согласуваме со тоа ама кој не' тркала нас, се' дур го држиме форумов во живот. :)
     
    На theowndemon, edna_malecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Кога ве критикуваме вас, вие бришете и не давате одговор. За промена, можете да станете посамокритични и наместо теоретски, у пракса да покажете дека сте волни да се промените за доброто на форумот? Кога ве прозиваме да одговорите? Со месеци ве нема, не одговарате а Реин за се е надлежна ако е поголем проблем? Не се модераторите криви, вие сте, рибата смрди од главата.
     
    На oblace1, Alishan30, темјанушка и 10 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.754
    Допаѓања:
    40.212
    Пол:
    Женски
    @Femina Би било убаво како за почеток да прифатите критики.
    Од двајца модератори сум задоволна, за други не се ни приметуваат воопшто.
    Не ни знам кои се веќе зошто прегледноста се изгуби.
    Форумов има супер членови и сметаме дека што порано има нов избор на модератори, тоа подобро.
    Кога веќе сакате предлози за доброто на форумов барем прифатете го тоа што се дава како идеа.
    Ништо нема да ве кошта за тој мал чекор а нам многу ќе ни значи. :)
     
    На Billy Idol, Ahoy, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Модераторскиот тим 'реагира' со бришење прашања и критики кон форумот.
    И вчера то ми го праеше, 4 пати со ред.

    Бановите ко ми ги стега Реин е оти упорно поставувам исто прашање, а таа упорно ми го бриши прашањето.

    Не се тоа 'пропусти', туку намерно цензурирање.

    Миа се навредила...
    И вие ко Миа сте...
     
    На Idedemja, oblace1, realGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Така е! Одговорете кога ве критикуваме, не бришете и бегате! Одговорете, имајте свое ЈАС, не да покажувате моќ со бришење и игнор. Тоа не кажува дека сте моќни, туку дека сте исплашени, несигурни и неспособни. Интроспекција малку.
     
    На mode-kristina, oblace1, Stephen Amell и 7 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    За без пари арно и толку се замараат.
    Единствен платен имате еден а и тој има приватен живот, што не значи дека за плата треба фамилијата да ја батали.
    Форумот е бетер од приватњак.
    Не сте ажурни, ве боли мочниот орган дали мене некој од овде ми се заканувал и пишувал у сдк кој ми е маж.
    Заштита ни ка ква!
    Еднаш реков и пак ќе речам. Сеуште сте во ек, но кад тад ќе ви се случи тоа што се случи на иди види. Ептен се опуштивте.
     
    На Fallen.Angel, realGirl, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.638
    Допаѓања:
    116.289
    Пол:
    Женски
    @Femina Модераторите да си ја вршеа работата како што треба немаше да се жалиме во куп теми.
    Администраторите на други форуми прифаќаат предлози на членови,само ти и Михајло не.
    Прифатете дека членовите се незадоволни.
    Дефинитивно се потребни промени.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    A зошто ова не би го прашале "надлежните" на фемина, туку членовите да се замараат дали требало или не требало?
    Ништо лично кон @Biljarkata , убав гест од нејзина страна што се заангажирала повеќе од тие што треба.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Абе не се криви ни модераторите некогаш.
    Една е само платена и турен и' е цел терет нејзе на грб, другите работат волонтерски.

    Форумот е бизнис, не е група другарки на Вибер, па да се однесуваат ко да е таков.
    Ако сакаш бизнисот да ти функционира, треба да си вработиш луѓе.
    Никој не е должен за без пари да ти ги оправа проблемите 24/7
     
    На mode-kristina, edna_malecka, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Не другите форуми администрацијата не е божество. Кога ги бараш, идат. Овие како Халеева комета се. Имаме проблеми, ги бараме, они ја праќаат Реин со реченицата, јас не знам и не сум надлежна, паднав од Марс.
     
    На mode-kristina, Stephen Amell, LadyLollypop и 9 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.638
    Допаѓања:
    116.289
    Пол:
    Женски
    @WildMk Штом се нафатиле да модерираат треба да си ги извршуваат обврските правилно,а не за некој мајка,за друг маќеа.
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Се согласувам со тоа, ама пристрасноста е човечка особина и ако немаш рестрикции и посебен бенефит (плата), нема ни да се трудиш да ја контролираш таа пристрасност.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Пет години ги молите да ве чујат, пет години се жалите, пет години барате саглам модератори, дали мислите дека им е гајле?
    Ич не се замараат, ви се смеат на обидите да смените нешто.

    Цела модераторска гарнитура исфрлија кога неколку од нас се откажаа од функцијата, неблагодарни испаднавме.

    Сакаат посетен форум, немаат поим како треба да функционира, бришат сѐ што не им одговара. Членовите треба да им се најважни оти од нив живеат, ама очигледно за нив сме задња рупа на свиралче.

    Чаре е тотален бојкот, од страна на сите членови, ама тоа тешко малце.
     
    На Idedemja, mode-kristina, oblace1 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.793
    Вака?[​IMG]
    Јас не сум видела консолидирани барања, само жалби.
    Да се сложиме кои се барањата:wasntme:, ако нема слух и бојкот може да се проба:?:.

    Барања, со список, со уплатница, со сВе:)
     
    На mal.ecka и Cka им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    За ова би ве замолила повеќе да пријавувате. Јас може и сум тука, ама не сум ги отворила спорните теми
    да ги прочитам, а некоја расправила течела два саати и конечно некој пријавил, па сум отворила по пријава.
    Ве молам пријавувајте кога ќе забележите расправија и оф-топици, навистина има премалку пријави за толкава активност. Не мора да трошите време да пишувате некакво си образложение, пишете само расправија, оф-топици, навреда и толку, може и точка само да ставите, важно ќе ја видиме побрзо расправијата. Помагаат навистина многу пријавите навремено да се реагира.

    Анат, уште тогаш, што беше веќе пред осум години, беше јасно кажано дека ти се отажа од твојата функција. И ти се заблагодарија за целиот придонес бидејќи беше навистина одличен модератор на категоријата здравје.
    Да се смееја на обидите за менување нешто немаше ни воопшто да пишат, а не пак да се смеат. Сега треба да се дадат конструктивни критики за како понатаму и навистина не се помага со вакви мислења. Зашто еве, по толку години сме сите тука, а и пак ќе бидеме зашто сите заедно го сакаме местово и ги сакаме луѓето кои се тука. И поминуваме голем дел од своето време тука, па кога веќе има шанса да се подобри, зошто да не се направи тоа? Ете, ќе се разгледа и погоре предлогот на @friendy, а потребни се повеќе предлози во таа насока.
     
    На mode-kristina, friendy, black-angel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    @RainBow некако немам впечаток дека се има слух за жалбите на членовите. Се жалат на пристрасност при модерирање, бараат повеќе модератори со поголеми овластувања, бараат поголема активност на администраторите освен тебе.

    Решение за тоа е модератори да бидат членови кои не се пристрасни, и да ги има повеќе на број, најмалце по тројца за секоја категорија, секако е доброволно. Да им се овозможат овластувања по потреба да модерираат во други теми, да им се даде овластување за бан. И да, другите администратори да бидат тука секојдневно, достапни за одговор на прашањата и барањата на членовите. Не може се' да биде на твој грб и да се чека секогаш од тебе да реагираш, па не си 24/7 на форумов, не ни може никој да биде постојано вклучен.
     
    Последна измена: 11 февруари 2021
    На Idedemja, mode-kristina, oblace1 и 13 други им се допаѓа ова.