1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се потребни нови јасни правила на форумов и проширување на модераторскиот тим?

Дискусија во 'За форумот' започната од Biljarkata, 10 февруари 2021.

?

Дали сметате дека се потребни нови јасни правила и проширување на модераторскиот тим?

Анкетата е затворена на 13 март 2021.
  1. Да

    146 глас(а)
    91,3%
  2. Не

    14 глас(а)
    8,8%
  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Оф топик да, навреда нема. Реплицирав на членка врз основа на некакви си мистериозни учења од бибилијата, религијата, црквата. Ете пишале погоре. На крајот од денот, ако некој смета дека тоа мислење придонесува кон навреда за некого, нека се избрише. Само што моето мислење всушност беше дадено врз навреда и деградација на женски пол, ама нема везе.
    Нека бришат, нека редактираат, немам ништо против.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.180
    Ете соломонско решение имало.
    Ама дали форумот сака да има цивилизирана дискусија или не е тоа модерно? Препукувања се покорисни можеби? Затоа во право е @WildMk , мисија и визија ни треба. Можеби ние што сме за цивилизирана дискусија не сме ин-лајн со политиките, од каде би знаеле:?:

    @GrimTheReaper сиот муабет беше оф-топик , ништо лично, не можев да скриншотирам се. Членката подолу се чувствуваше навредена, нити памтам од чиј коментар, ниту е битно. Чисто како шоу-кејс го земав.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.135
    Треба да се изберат нови админи. И кога префрлат мислења, бришат мислења, треба да испратат порака до членот зошто тоа мислење е избришано, префрлено итн. До сега сто пати ми имаат избришано мислење, префрлено од ФМЌ у СДК, а ми немаат пишано зошто било префрлено или избришано. Да сум сакала да пишам нешто у СДК, ќе сум пишала таму!

    И треба да престанат да се фаворизираат одредени членови. Ама оти биле форумски идоли, во право се за се. Мх.|(

    @Femina ако сакате да доаѓаат нови членови и форумот да биде интересен, треба да направете одредени промени. Имате нешто сменето во последните 5 години? Знам дека претходно имало цветчиња, сега поени од трофеи. И кога сакам да прикачам нов аватар, цел саат се мачам да ја погодам големината на сликата.|( Или кога прикачувам гиф или слика. Плус, колку пати е предложено да се стави ФМЌ и 40 +/- во приватно катче. Можеби на вас не ви е битно, ама на многу членови им е.

    Треба да се направи кастинг за нови админи. Членовите сами да одберат кој да биде админ. Ја предложивме @theowndemon да биде во темата за секс, само се кажа дека ќе се разгледа предлогот. Колку време се разгледува? Или заради короната не може да се договорите. Social distancing, you know..

    Одамна се изреволтирани членовите и сега е време да се превземе нешто.
     
    На Mencia, Idedemja, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Треба модератори кои не се пристрасни. Секако сите имаат својот став, па и они, ама да не се водат според својот став кој што ќе оддредува што е тоа нормално, а што не е.
    Ете како што ве читам за религија пример. Јас тој подфорум веќе буквално и не отварам бидејќи и не се чуствувам пријатно ни да читам а не па да дискутирам каде веќе однапред се знае во кој "правец " ќе оди било каква дискусија.
    Ако сум јас верник треба да чуствувам слобода да се искажам како таква, без да наидувам на однапред воспоставени предрасуди кон истите.

    Да, религиозни глупости е навреда. За членкава што пишала Бог е машко може слободно да се каже дека тоа Е ( не религиозна, бидејќи тоа не е вистина, и со тоа сите верници се ставаат во ист кош, те. дека се глупаци) туку е очигледно едноставно нечива глупост, те измишлотина.

    Мене лично не ми се допаѓа па и кога на одреден подфорум модераторот како да се чувствува обврзан да на секој пост/прашање даде одговор, како да е најкомпетентен, некогаш добивам впечаток да нејзиниот збор МОРА да биде последен.
    Без оглед дали и колку е модераторот компетентен да коментира од одредена област треба да остави простор на членовите да се искажаат, дури некогаш и да дозволи неколку офтопици да се наредат ако треба, после ќе ги брише/преместува, не мора баш ни целосна контрола да се има нон стоп, малку да се олабави во некој момент не е на одмет.

    Кога иде вжестена дискусија не може ниту да се брише, ниту да се преместува бидејќи мислењата брзо се редат, тука треба флексибилност и од страна на членовите.

    можеби треба повеќе овластувања да имаат, или уште подобро повеќе модератори. Повеќе овластувања би значило повеќе диктатура, знаејќи каков е човекот кога му се даде власт сам да "управува" :D

    Знам дека некогаш оддамна @Annath i @Ariel беа модератори, штета што не се веќе, такви зрели, несуетни, стабилни личности ќе се супер. Извините морав да ве земам за пример. Барем е за добар пример :D
    И сега има фини модератори, Реин е супер трпелива, се чудам некогаш како може, колку ли пати пише брише нешто за да ги повлече зборовите на време :D не е совршена ко што никој не е. И другите модераторки ми се допаѓаат, цреша и уште некои, не ми текнува на името, ама сум ги забележала како ненаметливи коишто модерираат со уживање, без да изигруваат "полицаец " или со "јас знам се" ставот.

    Моето пишување оддамна е сведено на една -две теми, ама сепак кога можам увек се навраќам на форумот и го читам. Го сакам местово и би сакала уште долго да живее.

    Друго, не знам какви нови правила треба да се воведат, јасно е на сите што е навреда врз основа на верска, национална, расна основа, во последно време границите се многу изместени додуша, сите за се нешто се навредуваме, со основ и без, ама генерално ако се пријавуваат такви неправилности, обично се реагираше, моето искуство е такво.

    На некои и да им нацрташ, со казнени поени, со се, нема да им значи, на разумен човек и опомена е доволна.
     
    На Idedemja, Осе, mode-kristina и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Јас имам предлог да се бришат совети од типот - Остави антидепресиви, ќе ти направат *додај некое страшно сценарио*.
    Некои работи треба да се остават на стручно лице, можат само да се упатуваат членовите на право место, на пример ако не знаат каков тип на лекар да бараат, а да ги убедуваат да земаат/не земаат некаква терапија, не е во ред според мене, а често се дешава низ темите.
    Секако дека секој сам си одлучува, ама според мене е неодговорно да се предлагаат решенија за болест за кои само лекар може и смее да предлага.
     
    На Осе, mode-kristina, Luminary и 11 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    40.253
    Пол:
    Женски
    Нека почнат и тие што пишувале на латиница до сега да пишуваат кирилица, се знае какво е тоа правило тука на форумот.
    Ако немаш инсталирано, инсталирај, ако не знаеш, прашај некој.
    Многу пати сум пробала да читам такви постови со цел да дознаам што сака да каже членот, па и нема ред во постот. Ниту запирка, ниту точка, не се знае кој јаде, кој пие. |(
    Катаракта на очи ќе фатам некој ден.
     
    На Осе, mode-kristina, Luminary и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.180
    Jас имам предлог да се бришат совети од типот - земи антидеприсиви... според мене е неодговорно да се предлагаат решенија за болест за кои само лекар може и смее да предлага.
    Мислам ок, малку сенс.
    @DAngel ти текнува за какви симптоми некој антидепресиви препорача?:?:
    Ај да се согласиме околу базичните правила, за таквите суптилните, еве лекар модератор ќе бараме.
     
    На Alishan30 и Annath им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Молимте најди ми кај сум рекла.
    Сум рекла да посети психијатар ко што реков да се упати на одреден тип на лекар, па лекарот ако смета дека не е пациентот за кај него, да го преупати на друго место, ко што беше ситуација за која зборуваш, јас сметав дека тој проблем треба со психијатар да се реши, Ангел рече дека сличен проблем решила со витамински суплементи, а да сум му рекла на некого За ова треба антидепресиви да земеш, јавно ќе се преизвинам, најди ми кај сум рекла.
     
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е сватено како може да има Мода и стил 3 модератори, а Секс ниту еден? За што ќе се расправаат?
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata спорниот коментар.
    Јас сум го пишала ова -

    "А никакви други симптоми нема, само дијареа? Нема забележано дали после некоја храна и се појавува или при стресна ситуација?
    Ако мислите дека е можно да е поради стрес, на психијатар да оди, па можеби ќе и препише некои антидепресиви или анксиолитици па ако ги пие и проблемот се намали или го снема, ќе знаете дека е на стрес."

    Јас сум рекла да оди на психијатар, па МОЖЕБИ ќе и препише.
    Значи психијатар да ја донесе одлуката.
    Никаде не сум напишала дека за тој проблем треба да пие антидепресиви.
    Мене тој проблем ми личел за на психијатар и затоа сум дала предлог за таму.
    Ако е добар доктор, ќе му рече на пациентот, ти не си за кај мене, прво испитај недостаток на витамини.

    Нема потреба од модератор лекар, само да не им се пишуваат секакви сценарија на членовите за некој лек, ама само предлог е кој можеби е претеран и нема потреба од толку цепидлачење.
     
    Последна измена: 11 февруари 2021
    На Alishan30 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.180
    Браво бе, го најде. Озбилно браво, без сарказам. Да не го тупиме, се разбравме тогаш. Сигурно има некое правило- не давај совети кои можат да бидат штетни по нечие здравје. Ако не, ќе го измислиме да биде некако пристојно напишано.(highfive) Без микроменаџмент плиз.

    Кога сме кај штетно по здравје, ај кажете збор два за мојата омилена тема -гатачки и слични феномени.
     
    На Alishan30 и Mantub им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    Тема што треба да се стави во канта. :D
     
    На Alishan30 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Еве еден предлог, мене и @Cka да не ставете модератори во Политика8-|
    Има да "цвета" подфорумот:rofl:
     
    На TeddyGrey, Lilit, zuto и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.180
    Добар предлог(heidy)
     
    На TeddyGrey, mal.ecka, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Инаку јас сум за јасни правила во однос на рекламирањето. Моментално стои банер на фемина за бебешки пелени, претходно беа кашички. Во ред, платена реклама.
    Секојдневно се рекламира Џамбо, ДМ, Зара, Космо, Ваикики итн, во што последно си купивте. Кога некој ќе сака да сподели рачна изработка, а не, боже сачувај тоа е рекламирање со епски размери.
    Едноставно некој сакам да објасни што значи реклама, како се толкува и што смее да се рекламира, а што не.
    Темата за тело, лице, шминки е чист маркетинг.
    Да се разбереме, немам ништо против, напротив добро е што постојат такви теми. Но, навистина не ја разбирам политиката на рекламирање и ми е квантна физика.
     
    На Idedemja, asdas, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ама и лекар не смее совети за лекарства преку интернет да дава :D
    Секогаш има два табора во вакви теми, едни кои стално викаат "немојте психијатри, немојте лекови" - други што радо би го ставиле цел форум на седативи.
    Не пишам јас веќе на форумот, куп мислења во последните два дена имам избришано. Очигледно "контролата" е заострена.
    Ништо не научија, не, не...
     
    На Осе, Annath, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Ќе се убиеме, ќе ги убиеме, и ќе се иселиме :)
     
    На TeddyGrey, Lilit, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Никад нема да разберам за шо се карате на форумов, шо делите, некој не се замара, профитира, а ние да смислуваме правила за полесно функционирање на форумов?

    Сериозно?
     
    На edna_malecka, Idedemja, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Инаку да го потврдам и јас "чувството" што го пишаа неколку членки, после некое време ти доаѓа само во една тема да се сконцентрираш или ич да не пишуваш.
    Посебно ми дојде ова чувство кога членка се закануваше со тужби по други членки пошто не знам што и рекле, уствари се работеше само за некое несогласување. Мислам, да очекуваш сите да се согласат на интернет со тебе е нон сенс.
    Друга членка, ќе ги најдела сите што ја навредиле во Гатачки и баење или како и да се вика темата.
    Некои членки мислам дека се замислуваат после такви коментари, па прекинуваат да коментираат на контроверзни теми.
    Па уште и се извинуваа.
    Против навреди сум скрос, ама некогаш се само несогласувања.
    За да има дискусии, не треба да има вакви закани.
    Вторава членка е банирана, ама не беше банирана одма, туку после нешто друго се случи за банот.
    Тоа лабаво модерирање е супер, пошто никој не се придржуваме 100 проценти до правилата, ама ова со тужбиве, со наоѓање, дали не сте го прочитале едно 5-6 пати најмалце?
    Се намалуваат дискусии од вакви безвезни работи.
    Или можда не се намалуваат, ама членки што сум обожавала да ги читам безразлика дали се согласувам со нив, не пишуваат веќе толку.
    Членките се анонимни и често си споделуваат проблеми што не можат да ги споделат со друг па не им треба никој да им каже дека ќе ги наоѓа.
     
    На JuLleE, Lilit, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Немора лекар да е модератор, но најчесто читам совети од типот на "земи ова, пиј ова" со толкава сигурност дадено мислење, низ различни теми.
    И искрено, ме лути.
    Лесно е да се дадат и дозираат лекови од страна на анонимен лик, а ако веќе е пишано барем да е со релевантен доказ.
    Познавајќи ги работите некогаш не се воздржувам и реагирам да не се даваат такви одговори, туку да се даде совет од типот на "прашај доктор, или мене ми помогнало, имав искуство можеби и тебе би ти помогнало" (пак да е со доза на резерва, да не се свати здраво за готово).
    Недај боже ако има некакви последици или несакани ефекти, нема да одговара рандом лик на анонимен форум.

    За дежурства и право да бришат мислења со лични податоци во касните саати, од страна на модератори и јас сум ЗА.
     
    На Antolinaa, mode-kristina, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.