1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се срамите од вашето потекло !?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely-girl, 11 мај 2011.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ми текна една ваква тема, и сакам да ги прашам девојките дали овде има девојки од село, и дали се страмат тоа да го кажат :) ?
    Еве јас сум девојка од село, и воопшто не ми смета да кажам од каде сум и што сум. Но има некои кои им се исмеваат на лугето од село, дали ги подрѓувате тие луге, и која е разликата од гратските и селските девоји :) ?
    Се надевам искрено ке ми одговорите :D :D
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Дали се страмите од вашето потекло !?

    Јас сум од провинција и нема што да се срамам.Нас провинцијалците не исмеваат Скопјаните а не пак од село.Но тоа си е култура сепак.Не го чини човекот-дали е од град ,село-ако го бива го бива.Затоа ваквите поделби ич не ги сакам.Или размислувањата Скопје ни се наполни со провинцијалци?Па нормално дека е главен град на една држава ,сите универзитети-порано,се тука,можност за работа-значи нуди нешто што не ти го нуди твојот град.Во странство вака не се се размислува,со тоа размислуување далеку не стигнуваме.
     
    На girl.23, Iceberg и Bibko им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Дали се страмите од вашето потекло !?

    Не сум од село ама дури и да сум можеби нема да ми биде кој знае колку по ќејф ама да кријам ? И да се срамам ? :^) Која е целта ? Тоа нема да направи да се чуствувам подобро нити да ми смени родно место на живење фром Париз ..........
    Нема ништо помизерно од глумење нешто што не сте или до толку да се понижам да кријам која сум од страв да не бидам понижена ? а нажалост знам и тоа многу личностои кои кријат не разбирам не мора да значи дека ако некој/а е од Скопје дека е не знам нешто посебно ...
    Баш пред извесно време се сретнав со НАЈГОЛЕМАТА СЕЉАЧКА со тврдо Љ :lol: .Беше девојката толку искомплексирана останав спичлес ... Чекаме ред и се дере на цел глас у Скопје има ред шо мислите вие .... :o направи таква тензија се испонаша толку мизерно почна да ги навредува тие околу :fubar: :puke: |( . Ако треба да бирам пре би била од некое село преку 7 брда него ваква ГРАЃАНКА :!: .Одамна местото на живеење не е мерило за квалитет на човекот сега секој еден може да се пресели во нашава метроплолаи преку ноќ е скопјанец ...
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Дали се страмите од вашето потекло !?


    Според мене, мое лично мислење е дека девојките од село секогаш се повеке понижени за разлика од гратските девојки,можеби затоа што доволно не се ценат самите себи, не се едуцираат а нити пак се трудат да сменат нешто. Јас секогас гордо ке кажувам која сум што сум и од каде сум не се страмам од тоа што го работам, па сите ние неможеме да бидеме од град. Ма глупости и се нервирам кога ке сретнам вакви луге. Јас да , сум од село, но за разлика од некои гратски девојки имам многу поголема култура, и што е најважно знам да бидам човек, ... но ете ние живееме во таква средина, јас по шо сум од Струмичко село... овде во Струмица девојките се неподнесливи :puke: :puke: ми се гади од нив
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Абе ние сите имаме потекло од село. Добро не баш сите, ама 90% сигурно имаат баба, дедо од село. Тоа е потеклото, а не каде ти си се родила. Никој од нас нема прабаба од Њу Јорк, предедо од Париз, баба од Лондон и дедо од Берлин па да ми се прави на ниво и да потценува некој друг
    Нашава држава каква е мала, да не речам мизерна, па и уште ни фали внатре да се делиме на градски и селски. :D уствари ние сме едно големо село
    А муабетот за провинцијалцни ми е тотално без врска. Фала богу не се дружам и не сум налетала на такви луѓе низ Скопјево. Со сите што се дружам никој до сега не ми спомнал или да ме дискриминира по основа Скопје-провинција. Баш ми е мило што се дружам во такви кул луѓе. А некој ден ако дојде ред мене некој да ми се прави супериорен зашто бил роден во Скопје, тогаш тој човек само ја покажува неговата култура. Исти е случајот и со споредбата село-град
     
    На blaa, Stoimenovska, FBI и 10 други им се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Дали се страмите од вашето потекло !?

    Мајка ми и татко ми биле еднаш во Скопје и некоја жена таму ги нарекла селани. Затоа не го сакам Скопје ни Скопјани, мислат дека се којзнае што.
    А инаку lovely-girl не те критикувам, само ти кажувам како е правилно, оти гледам секаде го употребуваш тоа страмам.
    Едит:
    Струмичани велат страмам.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Е како може некој да се срами од кај што потекнува. Како што кажа и АлисИнВондерланд, па ако сум се родила кај што сум се родила не значи дека и цело мое фамилијарно стебло е од таму !!

    Искрено на мене темава ми е некако без врска, затоа што луѓето не се оценуваат по тоа од кај доаѓаат, а кој го прави тоа, самиот си пати од некој свои комплекси, не ги обвинувам.

    Ќе се сложам со сесилија и јас мислев дека темава е нешто поврзана со семејство и црни овци во истото, али ако се сведува само на тоа дали некој има комплекс заради тоа што доаѓа од провинција -мој совет дирекно нека се фрли во Вардар. Па сами себе ако не се почитуваме, како може да очекуваме некој друг да не почитува.

    И на крај лавли зар е битно што и како зборат луѓето? На полето врата не се става, па и на луѓето уста не се затвара
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Моите се од село а па и градот каде што живеам не може ни да се каже град. Не се срамам и не ги двојам луѓето на селани и луѓе од град. Дури оние што живеат на село се однесуваат почовечки отколку нафураните кремци од градот. Некој од село има поголема желба да постигне нешто отколку гратските мрзи што чекаат на мама и тато. Човекот може да излезе од селото ама селото од човекот никогаш. Не велам дека има и исклучоци де во обратен случај ама не треба луѓето да се оценуваат по потеклото. Се можеме да бираме, освен роднините и тоа каде сме родени.
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    нема шанси не никако и не ми паѓа на памет такво нешто си се сакам таква каква што сум и од каде сум :rofl:
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Немој да не го сакаш Скопје и скопјани поради еден идиот. Немој ни да ги етикетираш сите зашто еден од нив е толку низок.
    Исто ко и Скопјани што нетреба да ги дискриминираат останатите поради едно лошо искуство со некој од страна
    Се си е до луѓето и карактерот, безразлика од каде потекнува. И затоа не ги мрази сите, ако еден грешел. Нема што да не ја сакаш сесилија (извни, ова само ко пример :) ) затоа што некоја баба ги нарекла твоите селани. Кога со неа би седнала таа не би те гледала ко селанка, затоа сакај ги луѓето за тоа што се, а не за тоа од каде доаѓаат.

    Убаво кажа сесилија, покажете дека вредите, редете ги вашите успеси, а не се замарајте со потекло
     
    На Dagi, drugarka, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Можеби ке е офф топик

    али ја се срамам од општеството кое те опкружува

    - по цели месеци и години мора да се адаптираш на околината иначе ке бидеш неприфатен од другите

    лаги , измами , превари и било какви начини само за да бидеш нумбер 1 у групата , за да сите те почитуваат

    за разлика од други места каде што не е толку лошо .....
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    светот е едно големо село. не се срамам од моето потекло, мајка ми е од село, татко ми е од село, баба ми дедо ми, сите... јас сум родена и живеам во град но тоа не ми значи ништо. единствената предност е што не сум ограничена со саат да си одам дома бидејки ке го испуштам автобусот. може некој да биде и од лондон, од париз и од каде се не, и пак да биде прост како грав.
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071

    Морам еден пример да кажам во однос на болдираното, тоа ти е исто кога некој ќе каже „ Јас сум од Драчево, ама не се движам таму„ ... :^) мислам што, ти само спиеш таму?
    Нема везе, темава да, треба другачје да звучи затоа што тука се дискутира само за тоа дали се срамите што сте од село.
    Еве конкретно за мене, татко ми е од едно село Богу иза леџа :D луѓе, ни кола не проаѓа таму ни ништо, мора да одиш пешки 10 километра :o иако од 3 год. живее во Скопје тоа му е потеклото, нонстоп одел таму и од баба ми и дедо ми му навлегле во глава некои навики и зборови, кои мене ме нервираат, а воедно ми предизвикува и срам кога пред некои мои гости ќе се избаци со такво некое зборче или реченица за која што ни самиот не знае што значи :lol: сепак тоа е онака како смешен срам, далеку од тоа дека се срамам од неговото потекло, како и да е постигнал многу во животот и сум горда на тоа ;)
    Мајка ми е од Припор ко девојче, ама веќе не се движи таму, освен кога иде на гости, затоа немам од што да се срамам :lol: (шала секако) :lol: :lol:
    Се срамам што тетин ми е алкохоличар, што му се има случено да заспие на маса пред гости, затоа не го викаме повеќе бидејќи воопшто не е убаво, остај тоа што после сите ќе ја зборат дешавката ама стварно ствара непријатност ....
    Тоа е ;)
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не, напротив се гордеам и секаде кажувам од каде сум јас, моите родители, нивните родители. Впрочем сфатив една работа, дека јас не го кажувам толку гордо тоа што сум скопјанка бидејќи се работи за Скопје (о Боже мој Мека и Медина на светската култура и најубавата европска ако не и светска метропола на светов, џанам големото јаболко на Европа |( ) го кажувам тоа толку гордо, затоа што мене со тој град ме спојуваат спомени, прекрасен живот, прекрасно детство и пред се луѓе кои ми се блиски до ден денес.

    Мајка ми е од село, татко ми е роден исто така во едно скопско село. И што сега? Ништо, пак гордо ќе го кажувам тоа :) Колку само би било површно и глупаво од моја страна да се срамам за моите родители?! Не можам ни да замислам такво нешто. Кога само на секунда би помислила на тој начин би си удрила една таква силна чврга што би се однела директно до Хелсинки! Ако не и подалеку.

    Знам една прикаска од мајка ми. Таа е толку горда на селото од кое потекнува, што кога била млада и работела во главниот град, сите ја прашувале од каде е. Мислите дека го кажувала првиот поголем град во близина на селото? ЈОК! Го кажувала селото. И имало и такви кои прашувале - е што град ти е тоа? Прв пат слушам.
    Прв пат слушаш? Сега ќе ти покажам.
    И им носела енциклопедии и гордо се фалела со своето село. Раскажувала приказни и зборувала за историјата. И така лека полека, сите кои дотогаш не ни слушнале за тоа село, сега знаеле многу повеќе за него од самите негови жители.
    Е вака се прави маркетинг и вака се покажува кој колку се срами или не со своето потекло :)

    Впрочем, ако треба за нешто да се срамам тоа би било за моите погрешни постапки и за тоа ако некогаш некого повредам, или направам лоша работа не дај Боже. Се друго е повеќе од смешна дури и екстремно глупава причина за нечиј срам. Искрено.
     
    На FBI, Bibko, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ама ајде ви се молам , па како е можно вакво прашање да се постави.
    Па добро бре луѓе, ако се срамите од вашето потекло, тогаш се срамите и од оние кои ви дале живот, ве створиле, а на крајот на краиштата , вие се срамите од САМИТЕ СЕБЕ.
    Читам на темава некакви си глупости, од село или град, па добро што е тоа битно?!?!?!?
    Ако се срамиш од потеклото тоа не значи дека не можеш да се срамиш и ако си од град?!?!?!?
    Значи, муабетов ми е, ако не се почитуваш себе си, и твоите најблиски, САМО во тој случај можеш да се срамиш од потеклото
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Моето потекло е толку сложено што кога учителката не прашуваше, јас велев дека сум југословен :rofl: Така ми кажаа дома. Е после откако се растури Југославија, морав да се определам малце поконкретно :rofl:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Да не бидам оф-топик како и целава дискусија што веќе е, морам да се вратам во минатото кога селските задруги биле единствените извори на приходи и во кои имало висока концентрација на население. При чекорењето на општеството напред кон промена и индустријализацијата, се менува и начинот на живот - луѓето се иселуваат и одат да живеат во градовите.
    И да не досадувам со историјата, земјоделството кое можеби е единствено кое се развива во село, се повеќе се напушта, оттука и недостигот на средства за егзистенција го тераат човекот да се пресели во град.
    Сакам да кажам, во кое и да било претходно колено, односно нечие семејство порано, нечие подоцна, излезени сме сите од село. Ако некој се срами, тоа е исто како да се срами што е женско, а нема тестиси. |(
    А селсизмите... па се користат и во сечиј секојдневен говор. Пф, колку и сама сакам да направам некаква загонетка со чудните зборови на баба кои често и сама не ги разбирам додека не направам некаква ѓурултија. :wasntme:
    Селсизмите од кои се срами некој, се ништо друго туку зборови моделирани за полесна примена, вклучувајќи и турцизми, кои заземаат добар дел од македонскиот вокабулар.
    Шуќур, куртулив од пишење. :whew: :wasntme:
     
    На Annath, shiningstar и maca99 им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Како би можела јас, или било кој да се срами од своето потекло, или пак некој да некого осудува поради неговите „селски“ корени. Та’ и најголемите градски џорбаџии всушност дошле од село, независно дали нивните родители, нивните баба и дедо или генерации, генерации пред нив, биле тие што се родиле в село, за потоа да се преселат в град.
    Најмногу од се’ ги сакам приказните на моите родители за нивното потекло, за нивниот живот во младоста и животот на нивните родители. Татко ми да речеме, иако е стар скопјанец, сепак, неговите родители потекнуваат од Куманово, и тоа од село. Дури откако се венчале баба ми и дедо ми тие се преселиле в Скопје, бидејќи дедо ми почнал да работи тука. Си станал човекот скопски цајкан :). Живееле во куќа спроти Бит пазар, куќа во која во моментов живее најдобриот другар на татко ми од детството, Албанец. Мајка ми пак по потекло е од Србија. И таа е родена в град, но пак и нејзините потекнуваат од село. И како е воопшто возможно да ме срамат сите приказни, на моите, пак и приказните на баба ми, мајката на мајка ми за нејзина Морава и ракчињата, за нивите во кои спиела, животот со баба и’ и дедо и, Турчинката што и ги шиела најубавите фустани, сестра и која ја учела баба ми да готви, како побогу да не ги прераскажам некому сите тие приказни. Та’ тие се дел од мене, дел од животот на некој мој премногу близок човек, кој ми значи премногу.
    Всушност, животот на баба ми и воопшто не бил убав. Уште како бебе останала без својата мајка, а дедо ми набрзо потоа се оженил со друга жена, со која си имале деца. Бидејќи работел надвор од селото, не ни можел да претпостави што се случува кај нив дома. Но, баба ми така го раскажува животот, што ќе си помисли човек дека таа женичка го имала проживеано најубавиот кралски живот. А, всушност вистината е поинаква. Преспивала во штала, во куќата не и било дозволено, освен за да готви. Крадела од дома леб за да јаде. Најдобриот другар и бил мачорот, што и го убил маќеата. Ја разделиле од човекот што го сакала и ја омажиле со некој што прв пат го видела на свадбата. Но, очигледно во секоја несреќа има среќа, па животот сепак и станал малку подобар потоа.
    Тоа што мене ми недостига е село. Бидејќи баба ми Лепа :), која ми е и единствената жива баба, таа живее в град
    , дедо ми, нејзиниот сопруг почина прерано, јас дури и не многу го помнам, пак родителите на татко ми се починати уште тој кога бил прва година на факултет
    . И јас дури на свои 20 години за прв пат одблизу видов крава. Дури и се исплашив од тоа колку голема била една крава :). Е, тоа е тоа од што се срамам. Фактот дека до 20 годишна возраст јас немав претстава за најобичните животни, кои секое дете кое одело на село кај своите баба и дедо знаело, колку дебело е едно прасе, колку слатка глава има едно магаре, коза, овца, но во живо кога ќе ги видиш, како ти мрдаат со ушите, со муцките дур си зобат :). Сето тоа јас го дознав одејќи на гости кај бабите и дедовците на своите пријатели на село, за време на викенди или празници. До тогаш, јас буквално сум била слепа, не сум имала никаква претстава за животот. И тоа е нештото што и ми недостигаше кога бев мала, дури и плачев заради тоа што сите наши пријатели од детството одеа в село кај баба им и дедо им на викенд, а јас требаше да одам в град, всушност еден автобус и неколку станици до кај баба ми в стан. За мене тоа беше сеедно сум си дома и пред зграда. Не беше тоа тоа.
    Така што сите оние кои го имаат или го имале тоа во детството јас им завидувам, или поскоро блазесвам ко што велат охриѓанишчана и битолчани :), убав збор де, пак и завидувам глупаво и ми звучи, а и значењето не ми се допаѓа. Како би можела да некому завидувам на убавините во кои што си живее ;).

    ЕДИТ: Селсизмите, за што прв пат слушам дека луѓе така велеле за турските зборови. Јас обожавам да ги употребувам и не само јас, но и сите кои ги познавам, дури и вашите професори, оние колумнистите, кога не би им лекторирале секој збор на луѓето, дури секоја од колумните напишани со сиот речник кој тие го ползуваат би ми биле далеку поубави, бидејќи тоа е тоа, жив јазик, тоа е нашата историја, турските зборчиња, зачините што си ги имаме во говорот од сите страни. Пак и приказните се поубаво раскажани на тој начин СЕКОГАШ. :)
     
    На Bibko, lolyta777, decko и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    од страната на мајка ми-и двете родители се родени во село, така и мајка ми.
    Од страната на татко ми-само мајка му е родена во град, а тато му во село, ама тато е роден во град.
    Така даа, се е испомешано, ама сепак и да ме праша некој за моето потекло, не се срамам да кажам дека претците ми се селани. xD
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Не нема зошто да се срамам, додуша јас живеам во град никогаш немам живеено во село, мајка ми е од град, но татко ми е од село, нема зошто да се срамам, не гледам причина за тоа.