Првата реченица е баш иритирачка...децата од село се поздрави и подолго живеат блаблаблааа..од каде тој заклучок жити мајка ! Инаку јас немам потреба да се срамам од моето потекло, потекнувам од староградско семејство кога велам СТАРОГРАДСКО мислам во буквална смисла т.е. моите баби и дедовци и од едната и од другата страна се од град,моите родители исто така немам селско коренче. Горда сум на своето семејство ! ! Иии сакав да кажам дека според мене не треба да има незнам каква поделба на села и градови затоа што Македонија е едно големо село. И мислам дека повеќе ја нема таа поделба како порано што се знаело кој од каде е ... сега се е испомешано, целата околина е слезена во град Мене не ми сметаат како луѓе воопшто, ми смета само тоа селското во нив кое не излегува од нив ни за жива глава Позз
Иако сум од град, т.е. и мајка ми и татко ми се од град,потеклото мене не ми е важно. Таков карактер сум и да сум била од село ќе сум била горда на тоа. Град-село не прави никаква разлика. Во село живеат селани, а во секој град има сељаци .. Треба да знаеме да правиме разлика помеѓу селанец и сељак (огромна е ). Потеклото дали некој е од село или од град мене не ми прави никаква разлика. Имам пријатели кои се од село па се 100 пати подобри од некои кои се од град.
Не јас неможам да се замислам да се срамам од своето потекло.Моите се од град немаме никој од село,имав прилика да отидам на гости во село тоа беше божесвена идила ми беше супер,луѓето од село се префинети ми беше многу убаво.И каква врска има село,град.Или пак богат,сиромав мојата фамилија беше средна класа,но секогаш со крената глава и спремна секому да помогне.Зарем постојат личности кои би се срамеле од своето потекло не ми се верува.Какви сме си такви сме си треба да се сакаме,почитуваме,а на кој не му се допагаме и тој нам не ни се допаѓа
се срамам што пронајдов ваква тема на форумот. навистина нема од што да се срамиш од потеклото навистина ми е смешно ...
Нема од што да се срамам. Мајка ми е од Србија од Белград, татко ми е исто така од град. Па и да не беа од град, што? Јас пак ќе си бев истата Донна. Немаше ни погрда, ни поглупа да бидам.
а и тие од село не ли се луќе може некој до село да е покултурен од некој од град.....Па не треба да ги делиме луќето...јас никогаш не ги делам без разлика какви се...........
Не не се срамам од моето потекло! Од страната на татко ми- немам многу роднини затоа што родителите и повеке блиски на баба ми и дедо ми загинале во војната. Баба ми и дедо ми се запознале за време на војната. Дедо ми бил посвоен, а баба ми од богато семејство но за време на војната оставиле се ама баш се и избегале! Баба ми е негде од пиринска македонија а дедо ми од егејска. Spoiler Значи ја сум егејка Од страна на мајка ми- се градско до градско. Нема ништо за срамење а и да се од село или провинција пак не би се срамела. Потекло е, какво е- такво треба да се сака и почитува!
Зошто да се страмам? Татко ми е градско дете, а мајками има потекло од на село... ама шо има врска? и да бев и по двајцата од на село немаше да ми смета... Потеклото не го прави човекот, туку неговата култура,сваќања,начин на размислување и гледање на некои работи, и секако какви вредности и принципи почитува!
Моите потекнуваат од град и јас живеаам во град и ако потекнуваав од село немаше да се срамам нема никаква врска од каде кој потекнува од град или село.
Живеам во еден помал град и блиску сум до центарор што би се рекло мене сите лиѓе ми с еисти безразлика дали се од центар или од некое село не правам никакво поделба во тоа и да живеев во некое село нема да се срамев од потеклото и сега ен се срамам. не ми е срам ни од местото на живеење ни пак од моите родители немам причини за такво нешто
Сериозно, што е со ваквава поделба? Знам дека порано, пред 100 години, луѓето на село биле скрос поразличи од градските, па ајде тогаш нека се прави некоја споредба, иако сметам дека не треба. Ама во денешно време, мене ми се сите исти, без разлика да е од село, од град, од Скопје, или од Париз. Не мора да значи дека ако е од град е начитан, културен, паметен и сл. Ужасно ме иритираат било какви поделби, не битно дали се работи за ова или нешто друго. Јас сум од град и искрено би била посреќна да живеам на село. Да имам таму некоја мала куќичка, далеку од градската бучава и ваквите размислувања.
Од град сум и моето семејство нема никакво потекло од село, иако баш би сакала да имам некое малечко куќарче. Каде ќе можиш да избегаш од секојдневната досада во градот, да се одмориш, да дишиш чист воздух, да си ги средиш мислите... Ама за жал немам куќичка на село, а баш би сакала И плус луѓето кои живеат на село имаат подолг животен век. Вчера на ТВ кажваја дека луѓето кои живеат во Пелагонија (во селата) имаат најдолг животен век во земјата
хахахаха јас во Ск сум цел живот, и пак викам дека сум селско дете, со баба ми нон стоп на село бев со кучињата, јагнињата и кравите џабе учам школо, сељанче ќе си останам за навек
Живеам во село и никогас не сум била потценета бидејки мислам дека сите сме луѓе,а се разбира градските не се попаметни од нас