Од Прилеп сум , како што знам немаме роднинска врска со некој од село , а и да имаме , нвм , нема да се срамам.
Да се срамам но не од моето потекло, туку од тоа што живеам со луѓе кои својот пост го започнуваат јас живеам во град како со тоа да сакаат да кажат јас сум паметна само затоа што живеам во град. А пола од нив кога ќе излегуваат кога ѓи прашуваат каде ѓе одиш велат ќе одам во град, па како ќе одиш во град, ако веќе си во град. И, што е најтрагично скоро сите викаат дека дури ниту нивните не потекнуваат од село што е нон сенс, Еден куп луге дојдоа со опинците, во раце во Скопје, и сега нивните деца се градски деца пар екселанс. А, другата половина да не одат во школо никогаш ниту центарот на Скопје нем да го видат а велат јас сум од град. Дали може да каже девојка од Драчево, Сопиште, Марино, Волково..... дека е од град? Да има искомлексирани луге кои мислат дека ако они се од село поалку вредат од оние во град, затоа што сами дозволиле да се содаде тоа мислење за нив дека ете тие од село се помалку вредни. Иако во последно време има тенденција дури и познативе да прават куки во приградски населби(села) околу Скопје, бидејки животот таму е многу помирен за разлика од центарот на градот, а и комуникацијата со останатиот свет е лесна за 15 минути си во градот а предностите се што можеш да кулираш без бучава опкружен со зеленило. Не е битно човек од каде е туку каков е како човек.
Не.Не сум од село,баба ми и дедо ми се,а и верувам дека повекето имаат баби и дедовци од село,а тоа не е ништо срамно.
Не, не се срамам! Моите дедо и баба се од село ама јас не сум,и да бев немаше да се срамам!Тоа за мене не е битно.
Искрено да кажам, додека не почнев средно школо, не се имав со лугето од село, бидејки таму каде што одам на школо се 98% од село, сите ми викаа, добро што ке бараш ти таму, а сега ми се најдобри пријатели, многу нешта научив од нив
Па ако твоите баба и дедо се од село тогаш по афтоматизам и твоите родители потекнуваат од село без разлика што можеби одамна ги замениле опинците со кондури. Зошто тогаш се срамиш да кажеш дек и твоите родители потекнуваат од село? Бидејќи темава е за потекло а не дали во моментов живееш во град или не.
Не. Напротив. Се гордеам со моите предци. Дошле од село во град само со еден железен кревет. Со скромни, работнички плати успеале да постигнат многу во животот, да изградат куќи и да ги израснат и школуваат своите деца, да ги изведат на прав пат во животот и да им обезбедат се што им треба.
Никогаш не сум ги потценувала луѓето од село или од друг град што ако сум родена и израсната во Скопје па тие луѓе што се од село поздраво живеат отклоку ние опколени со чад од сите страни.Имам другарки што имаат такво потекло па си се дружам со нив не значи ако си од Ск дека си најдобар тие луѓе многу повеќе ми се нашле во животот него било кој од Ск.
Се гордеам што сум Скопјанка,Македонка и засекогаш ќе биде така.Тоа е мој идентитет во овој свет,ако се срамам од него,се срамам од самата себе,од сопственото постоење..
Не,напротив.Баба ми и дедо ми се егејци и уште на 5 годишна возраст тука дошле избркани и што се не преживеале.Ама дошле со ништо.Но израснале,работеле,изградиле,куќи израснале 3 деца (меѓу кој и татко ми) и успеале во животот. Другите баба и дедо никогаш не се жалеле за пари.Колку имале-толку.не биле богаташи ниту сиромашни.Си работеле,заработувале и си живеат убав живот. Немам причина да се срамам од моето потекло
Јас имам мешано потекло. Македонско, влашко, ии хрватски „коренчиња“ (Далмација ). Е ај сега! И не, не се срамам. Зошто би се срамела? Сите сме луѓе, без разлика какво потекло имаме.