Не се срамам отворено кажувам од каде сум, од каде ми се корените нема причина да се филмам као демек јас сум од Лондон
Не. Моите се од село. Татко ми кога имал 15 години дошол да живее во Скопје сам со сестра му за да учат средно скоро сите роднини ни се таму на село . Баба ми и дедо ми и од на мајка ми и од на татко ми страната таму живеат. Секоја година одиме и ги посетуваме.
Мислам дека секој од нас има по некое коренче од село Дали мајка или татко, дали баба или дедо- сите имаме. Мене бабите и дедовците и татко ми е од провинција. Не се срамам воопшто ниту пак се воздигам што сум од град.
Во мојов крај по некој дифолт, сите што се од село одбегнуваат прашања од типот-Од каде си. И можеби се во право, бидејќи на тој начин луѓето имаат повисоко мислење за нив. Едноставно такви се правилата, такви се луѓето, опшеството.... одвнатре се јадеме, нема потреба ниту од Грција, ниту од Бугарија. Особено Скопјани(секоја чест на исклучоци) имаат заземено таков став. И да одговорам на прашањето - не, не се срамам од моето потекло. Не сум од село, ама сепак.. и да бев, не би се срамела.
Не, не се срамам ОД СЕЛО СУМ И што има тука за срамење жити се ? Ај кажете, што има тука за срамење ? Што е разликата помеѓу луѓе од град и село ? Различни се, луѓето што живеат во град се по писмени, по успешни, тие се на по високо ниво ? Не, сите сме исти. Чудно, многу се разочарувам од личности кои мислат „Ааа онаа од село, проста е, не знае за култура, не е богата и сл.“
Живеам во Скопје ама во друг град сум родена. Јас лично не се срамам но понекогаш ми создава тоа проблеми. Те вреѓаат и ти зборат зошто не си од Скопје и такви работи...
Секако дека не се срамам од моето потекло. Ниту имам причина да се срамам,ниту сум помислила некогаш дека потеклото може да ми предизвика проблем или некаква штета.Не може сите да бидеме исти,а и има потреба од различности.Секогаш може да научиме нешто полезно и од другите.Не треба никој да потценуваме,а ние да се преценуваме.
мојот дедо е од еѓеец, грчко потекло татко ми е роден во град, исто и баба ми е од градот. Мајка ми е од село. Мешано.. А живееме во град кој некои велат дека е и како село. И така е , не прават сељаци ние што сме од тој град. Живееме во еден дел на македонија што го нарекуваат „егејскиот дел“ а и улицата ни се вика така. Ту мач информации Инаку за срамење не се срамам. Не би се срамела ниту да сум од село. Ако ти е чиста душтата не е битно дали ти е чист градот/селото. Да се има за живеачка, и во центар да живеееш ако не ти е се како што треба џабе е.