Не, не се срамам, никогаш не сум се срамела. Ниту од потелото, ниту од местото на живеење, ниту недај Боже од родителите, ниту од нашата финансиска моќ. Некои роднини со задоволство би ги пречкртала од списокот, не затоа што ми е срам од нив, туку затоа што ми стапнале на живец. Во конктекст на она како луѓето од селата или помалите градчиња кои милуваме да ги именуваме како провинција се чувствуваат загрозени, омаловажени, усрамени во големиот град морам да прокоментирам. Јас дојдов во Скопје од релативно мало градче и бев многу убаво прифатена. Можеби се должи на фактот што бев пријателски настроена и насмеана, децата постојано ме прашуваа каде е, колкав е мојот град, јас им објаснував и немаше апсолутно никакво срамење или нелагодност од каде тоа доаѓам јас. Од ничија страна. Од премногу гледање американски тин филмчиња, каде главната хероина или херој доаѓа во ново училиште да глуми лудило или осаменик, и сите им истураат лимонада и помфрит и скутот, ве замолувам - прекинете со тоа глупирање и дај опуштете се. Доаѓате негативни, намуртени, со теорија на заговор дека целиот свет е против вас и сите се вакви или онакви кои во секој момент ќе ве прегазат и уште сакате да ве дружат или да бидат фини? Па нема да бидат фини. Секаде, во секој град, голем или мал, па дури и по селата, има една топла овчички кои се издвојуваат по својата посебност и се недопирливи. Одбегнете ја толпата која го допира носот со небото, и ќе видите дека луѓето пред се' сакаат да се дружат, посебно во Македонија. Сите се гостопримливи и расположени за муабет, треба само да им се даде шанса. Нема кого не сум го однела на гости во малото градче и не посакал да се врати пак таму. И обратно, моите роднини со душа чекаат да дојдат во Скопје и да се дружиме. И потеклото нема никаква врска со хуманоста, насмевката, позитивниот став и културата која ја поседува еден човек. Имајте ги овие вредности и нема да е важно дали сте од Скопје, Лондон, Прдејца или Свирипичино.
Јас не се срамам од моето потекло, дури и со гордост си кажувам од каде сум. Горда сум што можам да се пофалам дека го знам селото, дека сум била во село, сум спиела во селска куќа, си месев селски бел лебец со баба ми (добро таа месеше, а ние се прчкавме околу неа), баба ми беше шнајдерка, им шииеше на жените, а ние со братучетките ѕиркавме и се кикотевме.. , чекавме ред и нас нешто да ни сошие...жива радост имам фустанче - баба ми го соши ...трчaвме по селските ливиди, беревме цвеќиња и правевме венчиња, дури и кога одевме со дедо ми козите да ги пасе сум била среќа и радосна... Ние сме 7 внуки и 2 внуци од страната на мајка ми, баба сите не чувала..сите сме оделе кај неа, и кога мајка ми ја прашувала-како искача на крај со нас?, таа викала- Немој да си ги земала дејчињата, куќата ми мириса на мискоина и е весела...Таква баба имав јас, прекрасна, кога се присетувам ми се плаче, ми недостига и жал ми е што прерано почина. Го сакам селото и ми недостига, секое лето едвај чекав да одам кај баба и дедо во село. Во едно тетовско село живееа родителите на мајка ми, а во градот родителите на татко ми. Секое лето одевме на поседок и кај едните и другите, во село седевме и по цел месец, а во Тетово 2-3- дена и одма назад во село. Татко ми има потекло од едно Кичевско село, и таму сум била, прекрасен е воздухот, чист, добро има некој мирис ама преубаво е...Се сеќавам на селските чешмички кога полневме вода во бардиња, па кога ќе цапневме во кал, живи комедии, ама среќни бевме, се смеевме кој повеќе е ушљакан...и не се секиравме ама ич, се качувавме по карпи, а најинтересно беше пентарењето по дрва и берење плодови, па мљацкање, па сме се залепиле и уплескале...тоа е убавината на селскиот живот. Можам до утре да пишувам... Кога му раскажувам на маж ми за моето детство секогаш ме слуша со внимание, се внесувам и раскажувам, а во неговите насмевнати очи, да очи, има и тага, тага затоа што не го искусил и секогаш вика- криво ми беше кога сите одеа кај дедо и баба на село, а јас не. Јас сум родена во Скопје, но многу пати се декларирам Тетовчанка, со гордост си кажувам, не се срамам, а како можам да се срамам кога токму спомените од Тетовското село (Брвеница се вика селото) ми се најубави и најдраги Разбирам да се срамиме ако родителите се алкохоличари, прељубници и сл. да не набројувам сега...ама да се срамам затоа што татко ми и мајка ми се од село - е тоа не го разбирам. Оние кои се срамам од потеклото се срамат и од себе....
Не се срамам понекогаш само си помислувам некои работи кои би сакала да ги изменам кај моите роднини,но не затоа што сум се срамела туку бидејќи навистина има особини кај луѓето кои стварно ме нервираат. Инаку во врска со тоа село град сигурна сум дека повеќето од нас тука потекнуваат од село (или родителите им се бидени од село или бабите и дедовците) и тоа не е ништо за срамење од села или помали градови се многу генијални луѓе денес така да селото или градот нема врска со карактерот на човек и неговата интелигенција.
Не верувам дека има некој што се срами од потеклото.Доколку има некој од фамилијата кој не морален,тоа е за срам. Инаку да си кажам за себе.Премногу сум горда на својата фамилија.Баба ми и дедо ми(на мајка ми родителите) се од село,сум била таму во тие села како помала,не ми се сеќавањата толку свежи.Барајки подобар живот дошле во метрополата,изградиле куќа и тука го продолжиле животот.Мајка ми е од Скопје,па кога одевме таму на гости,игравме во дворот кој имаше и бавча ,па си беревме јагоди,рибизли,кајсии,сливи.Баба ми сеуште,бидејки дедо ми не жив,сама си ја одржува бавчата,па кога ќе ми даде едни патлиџани,лилјакови ,преубави и пресочни.Многу ја сакам,премногу животни мудрости ми има кажано,иако не е многу школувана,и иако во Скопје живее повеќе од 50 год,сеуште си го цепа дијалектот на крајот од каде што е. Родителите на татко ми се подруга приказна.Баба ми е од едно омало гратче а Дедо ми потекнува од едно село кое според мене е едно од најубавите места во Македонија.Татко ми е роден во еден град,но само таму имало болница.Во селото имавме куќа и секое лето добар дел од распустот го поминувавме таму.Тоа е вистинска воздушна бања.И тие дошле во Скопје по подобар живот,па продолжиле во Белград на студии,но се вратиле и останале тука.Се што стекнале во животот е чесно и макотрпно заработено.Јас како дете секој викенд го поминував кај нив.Баба ми и сега во поодминати години е вистинска дама. Она што е најбитно,успеале сите морални вредности да се пренесат на своте деца,на внуците,па сега внуците на своите деца итн... Има и луѓе кои имаат фамилија за гордост,но тие се срам сами за себе.
Воопшто не се срамам. Тоа е дел од мене, тоа мене ме дефинира. Дури и ко ќе ме праша некој, велам дека имам потекло од село, пошто и моите потекнуваат од село, иако се растени во град. Роден сум и растен во град, но сум го искусил и селскиот живот. Баба ми и дедо ми по таткова страна живееја на село, само преку зимата беа во град. Ко мал со душа чекав да одам да ги видам. Сум работел на ниви, сум ранел прасиња, сум бркал кокошки низ двор, сум молзел крави, кози. И мило ми е што тоа сум го поминал. Мило ми е што ги знам тие работи, што не сум се избламирал некаде, како една моја другарка, која на нејзини 17 години, не знаеше од што потекнува телето. И не гледам причина зошто некој би се срамел од тоа што е. Освен ако е некоја тешко искомплексирана личност.
не се срамам ама ич.. иако моите дома знаат да кажат дека ми било срам да кажам дека имам потекло од село.. како да не.. грешка се.. јас се гордеам со моето семејство бидејќи 95% од нив се школувани луѓе и луѓе за почит... никогаш немало никакви муабети во врска со моето презиме или семејство.. па немам зошто да се срамам..
Не се страмам воошто - дури и се фалам. Мајка ми е од село од еден крај, татко ми е од град од сосема друг крај од мајка ми ама ете се запознале некако Не гледам зошто некој би се страмел од своето потекло
Горда сум на моето потекло. Потекнувам од строградско семејство. Моите родители па и моите баба и дедо се угледни, и чесни луѓе горда сум на нив. Не е битно од каде потекнуваш, од град или село битно е твоите предци да се чесни луѓе, да успеале да те израснат и добро воспитат!
Стана претходно збор за срамењето кога некој ке откачи збор со модификација според селски говор. Затоа и ова го пишав, но не дека турцизмите се дел од говорот на селото, туку дека се вклучени меѓу другото. Воедно, и далеку повеќе турцизмите се применуваат таму, отколку во градскиот говор. Не дека ние не ги користиме, далеку од тоа.
Ако се срамиш од потеклото се срамиш сам од себе. Јас не се срамам, ниту сум се срамела, а немам баш убаво нислење за луѓето што се срамат. Мислам кога некој ќе почне да збори, абе јас од таму сум, ама не живеам веќе таму, не сум бил таму сто години, немам врска веќе со местото, па црвенеење, па ова, па она, очигледно е.
Ни збор да стане за тоа дека се срамам од моето потекло. Од мал град сум и тоа од село. Многу убаво детство си имав, така што кој и да ме праша, гордо си кажувам , од таму сум. Ми фали моето родно место
Не не се срамам. Моите корени се од Планина. Таму ѓивееле дедо ми и баба ми. Дента кога отишле во градот за да се роди татко ми, не се вратиле веке да живеат таму. Татко ми има живеено во град, мајка ми во село и потекнува од село. Но не се Срамам - Воопшто! како што кажаја погоре - важно потекнувам од угледно семејство.
Немам никаква потреба да се срамам! Да се срамам поради тоа што потекнувам од градско семејство (кога велам градско мислам на прапрабаби и прапрадедовци родени и живеени во град), да се срамам што потекнувам од богато семејство, од убаво семејство, почитувано од сите, од семејство за кое никогаш не се чуло нешто лошо, угледно семејство? Би било неблагодарно да се срамам од такво семејство! ГОРДА СУМ на своите предци и на своето презиме! И му се заблагодарувам на Бога што сакал да сум во вакво семејство и што имам живот за кој некој може само да сонува! И да, да напоменам кога велам грдско семејство не мислам на семејство од Њу Јорк, Париз или не знам која светска метропола, туку македонски нормален град! Во тоа е мојата гордост, што сум градско дете!
Па убаво е да имаш потекло од село, па за летен или зимски распуст да имаш каде да отидеш Моите баби и дедовци живееа на село, едните во скопско село, а другите во провинција. Секогаш сакав да им одам во посета. Дури понекогаш сакам да останам и таму да живеам, зошто животот во Скопје некогаш знае да биде многу напнат и стресен. Се е некако брзо и динамично, што е всушност и интересно, ама некогаш па ти доаѓа преку глава од се и сакаш малку да земеш здив. Како што кажа и некоја форумџика претходно - сите имаме потекло од село, ама ете по некој сплет на околности денес некој живее во Карпош, некој во Зелениково, некој во Босилово, некој близу Широк сокак, а некој во центарот на Охрид. И што е - тука е. Нема потреба да се срамиме од потеклото. Јас имам многу драги колешки кои се од провинција, ама не ми пречи дружбата со нив, едноставно си имаме заеднички јазик безразлика на тоа каде живееме.
Спорд мене е многу примитивно тоа гледиште и самата поделба на гратско и селско дете, сите сме луѓе. Самото тоа што некој потекнува од село не значи дека е потребно да го омаловажувам и да биде нешто помалку од мене бидејќи моето живеалиште и потекло е од градот. Луѓето ги делам на добри и лоши, а не на луѓе од село и град. И веќе ми се докажа со пример дека мојата поделба е валидна.
Има доста ,,градски,, личности кои се примитивни, така да, џабе е поделбата градски и селски луѓе. Градскиов дас кој се однесува како хоштаплер, повеќе треба да се срами, отколку оној кој е од село. Битен моменАт е однесувањето. И тоа, не дали е селско или градско, туку дали е сеЉачко и простачко однесување. Дали културата ти е на завидно ново , и со колкав вокабулар располагаш. А нормално и нивото на интелигенција и познавање на општа култура..... и многу други клучни фактори. За мене тоа е важно. Не ги делам луѓето на тој начин (дали се од село или од град), и воопшто не ме восхитува некој кој се срами од своето потекло, ги жалам дури таквите личности, бидејќи со тоа докажуваат дека не се почитуваат самите себе, а на крај тоолкава им е устата за да кажат дека се дискриминирани и што ти знам јас таму. Како прво цени се сам, за да те ценат и другите. (веќе кажано, но нема да е лошо да се повтори пак). Темава малку се продлабочи и избега од колосек, па затоа и изнесов вакво мислење. И, и и... да се дополнаааам, ете заборавив да си кажам за мене. Сум од град, ама и да сум од село не би се срамела. Пак ќе кажам, тоа е ептен долна работа, бедна да не речам. Не се срамам што имам баба и дедо на село. Дури и убаво ми е кога ќе отидам таму и ќе го разбистрам мозокот. Па и со колкави импресии зборувам за тоа местенце кога ќе се вратам. Друго, не се срамам од моите родители, макар и аргати биле. Ги почитувам и ги сакам, и среќна сум што ме направиле ваков човек каков што сум. Не се срамам од финансиската состојба, и да не е доволна, тоа е. Не се срамам од баба ми која знае понекогаш со сокинат чорап да отиде до продавница. (иако после тоа ќе окрка една лекција, ама чисто да ја научиш, дека стара жена мора да ја потсетуваш ) ...................... Не се срамам за материјални нешта. Би се срамела кога паметот ми бил испод нула, зеро, компир. Ееете така. За тоа треба да се срамите, а не од каде потекнувате.
Абе дајте луѓе кај сме за никаде ..... Мала земја ни спорат и територија и јазик и иднетитет не знаме од кого да се пазиме ,уште најдовме да се делиме на Провинции И Метроплоли .... А што е уствари финтава само Скопје ли е метролола ? Ај да туку .... НЕ СИТЕ ама голем дел од (скопјаниве) кои се преселиле пред неколку години т.е немаат врска со Скопје ги понижуваат останативе во смисла тој, таа , тоа е од провинција и као . Ало бе умре тоа време , то ти е сеЉак по Кондури !!! Јас во споредба со мојот град Скопје е Париз ....АМА кога бев во еден европски град сличен на Париз кога дојдов Скопје од таму се реков .... Ма где се ја то налазим Малку ќе биде ако споредбата ја направам Град -Село така да луѓе доста од комлекси и од едната и од другата страна
На некои луѓе им е срам да го кажат своето потекло, као да је кој знае каков срам што потекнуваш од село или од провинција. Имам сретнато луѓе што кои ке и прашаш од кај се, се понашаат као за очи да и фаќаш, божем нешто ептен интимно ги прашуваш, па ако се од село го кажуваат најблискиот град итн. Од коа живеам у Скопје најчесто прашање што ми го поставуваат е ,, од кај си,, и воопшто не ми е проблем да кажам дека потекнувам од мало градче, на крај краева па сите сме луѓе.
Малку не ти чини примеров. Во Драчево искачаат(се движат) деца до 14-15 год, сите поголеми искачаат во град. Инаку многу деца од лисиче, К.Вода искачаат во Драчево.. Ама ај нема врска така го имаат сфатено луѓето Драчево, а всушност има 3 основни и едно средно школо па незнам колку е село.. Иначе он-топик, и јас сум од Драчево,а и немам потреба да се срамам .. Преубаво место све си имаме. Дедо ми е од мк.Брод и тоа ко демек град, една месара немаат..Така да ич не се срамам ни од потеклото ни од местото на живеење.
Да, има разлика помеѓу деца од село и од град. Децата од село се многу поздрави и подолго живеат. Само тоа. И мразам, апсолутно мразам кога некој живеењето во градот го смета за незнам колку големо достигнување. Знаете зошто? Затоа што мајка ми е родена во Скопје, во населба одалечена 5км од центар, и кога се земала со татко ми, баба ми, (свекрва и) не ја прифатила мајка ми затоа што била родена во *село* а не во Центар. Знаете, баба ми е родена во европски град, потекнува од позната и богата фамилија, цел живот живеела во Центар, па мајка ми не и била достојна да и биде снаа, само затоа што била родена малку подалеку до центар. Иста таа баба цел живот си останала со завршено средно образование, и прстот во рака, а дедо ми (маж и) излегол на 15 години од планинско село, учел, седел во дом бос и гладен за да се образува и да заврши факултет. Завршил два факултета, створил дом за децата, бил угледен човек, и ми е најголем идол во животот!!!