Горда сум на своето потекло и не се срамам да кажам дека дедо ми е од село, дека понекогаш немал ни за да вецера, дека на свои 15ет години рмбал по нивите, за да се записе средно и да дојде во Скопје, за да на неговите деца обезбеди дом...го сакам многу, беше штедлив и домачин човек, и жалам мн што денес не е со мене.. Но, да се срамам од моето потекло, поточно од мојоѕ таканаречен татко ( нема ни т од татко ), бидејќи е затвореник во Идризово, убиец..и мн ми е срам кога треба да зборувам за тоа. Знам дека не сум јас виновна за неговите дела, но не можам а да не ги чувствувам на мојата совест и не ми е јасно какоможе да има другарки, значи мои врсници и врснички кои можеа да ми речат Ма ајде, се дотерала ко да е керка на министер, а не на убиец од Идризово! Па што им е нив, криво дека имам повеќе иако они имаат родители или тоа дека сум и воспитана и одлицна ученичка и спустена на земја...(лелле си се префалив ) I za kraj moram da go postavam ova: http://www.lajkuvaj.com/47490/
Само снобовите се срамат од своето потекло, притоа негирајќи ги своите корени како да вршат велепредавство кон сите предци,а тоа е за осуда. Мене најмногу ме смее фактот што селото се доживува како некоја заостаната средина која дава негативна слика за интелектуалното ниво на поединците - ноторна глупост. Да тргнеме од градовите од античко време тие биле земјоделски и сточарски ориентирани, тргувале најпрво со проста размена-трампа. Храната која е резултат на земјоделското производство е неопходен енергенс без кој не би се одржале во живот подолго од 2 месеци. Оваа улога својствена на селата во современиот свет порано ја извршувале градовите и што има страшно или понижувачко во продукцијата на храна или попросто кажано во чување пр.свињи? И доктори на науки од неколку области не би опстоиле без неа и се зависни од нејзиното производство. Значи наједноставно речено првите луѓе биле земјоделци, сточари, ловци или собирачи на бобинки т.е. селани и првите градови биле по својата елементарна функција - производство на храна - села со малку поусовршена архитектура и поголем број жители. Човек кој има афинитети да учи и да се развива ќе го направи тоа па макар дошол од најодалеченото село на самиот планински врв или од најодалечената провинција ќе ја најде Виа Игнација. Дури често луѓето од село се трудат повеќе и постигнуваат подобри резултати на образовен и професионален план токму поради оваа предрасуда. Да, делењето на луѓето според местото на потекло дефинитивно е предрасуда. Моите баби и дедовци иако дошле во градовите и таму се населиле и создале потомство имаат потекло од села и јас сум уживала да ги слушам приказните поврзани со животот некогаш во некои поинакви времиња и услови.
и моите корени потекнуваат од скопските села и воопшто не ми е срам да кажам дека потекнувам од село,иако сум родена во град.Исто така,воопшто не ми е срам да кажам дека мајка ми не го завршила ниту средното образование бидејќи дедо ми и баба ми биле многу сиромашни па не можела да си го приушти тоа.Не ми е срам да кажам дека потекнувам од работничко семејство.Не правиме никакво злодело со тоа !!! Има многу т.н. ГРАЃАНИ кои треба да се засрамат прво од нивната основна култура,нивото на изразување и размислување и се редум !!!
Не се срамам од моето потекло, па не е ни важно од каде потекнуваме туку битно е каква личност сме. А и сите потекнуваме од некое село... Не живеам во село, но многу сакам кога ке отидеме некаде на село каде што живееле бабми или дедо ми, ливади.... дрва.... сенки.... цвеќиња... птици.... нема ништо поубаво од одмор во прекрасна тишина...
моето е толку испомешано што кога ке ме прашат за потекло незнам од каде да се кажам...на татко ми родителите се од Стр он е роден во Стр....а,на мајка ми татко и е од Стр а мајка и по потекло Сло ама родена во Германија...дедо ми од на мама страната прв пат го видов на 9 години...пошто не си довагаа често во Мк....јас родена во Стр....така да јас си се кажувам дека сум од Стр....додуша цели 25 год место на живеење ми е тоа (иако си шетам јас) хихих...и многу сакам да одам во село-затоа секоја школска кога ке ме поканеше на нивни панагур јас со задоволство одев...бидејки луге имам голема желба да живеам во село.... Се срамам единствено од еден бартучед од на татко ми страната кој многу лаже....значи на секој втор му должи пари а секој трет го има преварено-излажено...и најсрам ми е кога пример седаме некаде и еве ти го оп ке се појави и одма лугето-немој да ми кажеш дека се познаваш со овој а пусто он одма ке си каже па бартучеди сме де и крај брука невидена...срека што не ми е прв бартучед,а и ме знаат моите пријатели другари каква сум си
Зашто да се срамам, мојот дедо па и баба ми се од село, и обожавам кога за викендите одиме таму и правиме седенка со братучедите.. а не знам зошто би требало некој да се срами и секогаш сум била против употребата на зборот сељак/сељанка за луѓе што живеат во село. За мене сељак може да биде само човек што нема никакво однесување и што нема култура, а не дека живее од село. Од друга страна, пола од градовите се полни со такви фаци. А и имав една другарка која секогаш така ги делеше луѓето, таа била родена во град и мајка и и татко и биле градски луѓе и страшно ме нервираше кога така зборуваше, често ми идеше да земам да се расправам со неа ама ете знаев дека за џабе ке зборувам. И уште нешто да кажам, да не беа селата, градовите воопшто немаше да опстанат.
Не се срамам и нема зошто да се срамам. Дедо ми од на татко ми страната е од село, често одиме за викендите во село и искрено убаво си поминувам таму. Малку промена добро ми доаѓа, убава е природата, се живее убав и релаксиран живот таму, и дома секогаш се враќам одморена. Човек не треба да се срами од своето потекло НИКОГАШ, на крајот на краиштата не е важно од каде потекнуваме, туку какви луѓе сме.
Ме изреволтира ваквото мислење. Родена сум во Скопје, исто како и моите родители. Дедо ми е роден во Прилеп, но уште како бебе дошол во Скопје, баба ми е од Врање, а другите се егејци, од кои баба ми е од село Тресино. И ниту се срамам од тоа, ниту планирам да го кријам. Јас сум си горда скопјанка, но не ги потценувам оние од другите градови или пак од било кое село. Во однос на тоа дека многу скопјани се изреволтирани од провинцијалците, тоа е така бидејќи градот се преполнува веќе, и јас лично сум наишла на какви не некултури, но не ги ставам сите во ист кош. Треба да обрнете внимание на вашите родни места, Охрид како што може да опстои, можат и другите градови. И јас се извинувам за сите што ќе ве навредам со ова, немам ништо против луѓето од други градови, напротив. Имам/в многу добри другари, но ме револтира кога на сред улица Македонија или кеј за пример, ќе се развикаат луѓе на некој друг дијалект. Јас почесто слушам дијалекти од други градови, него скопскиот, да не зборувам пак за литературно говорење. Уште една работа која ме револтира, е јавно да се зборува на дијалект, на работа или телевизија, наместо на македонски литературен јазик..И веќе доста забегав од темата.
па и скопјани кога зборуваат јавно не зборуваат лоитературно туку на дијалект а не знам зошто те нервраат дијалектите шо треба коа се шеташ на кеј скопски да зборуваш? а некој англичанец коа зборува на кеј англиски те нервира ли?
Англискиот јазик не е дијалект. Кога реков дека ме нервира јавно незборување на литературен јазик, секако дека се вбројува тука и скопскиот дијалект!! Затоа што постои и скопски ако не си чула. Ме нервира од причина што пречесто слушам други, не ги ни разликувам, освен по подрачја вака.. Како што кажав не ги ставам сите во ист кош, но во многу ситуации ми се згадило од одредени луѓе.
леле ти се згадило а ти коа одиш во охрид охридиски зборуваш кога се шеташ а тоа за англискиот го кажав затоа што и они си имаат дијалекти и не го познаваат твојот дијалект или јазик и живееме ви држава во која секој зборува на својот дијалект без разлика каде се наоѓаат
Јас не одам во Охрид. А и по други градови не дека сум била многу. Охрид 2-3 пати, Струга на екскурзија, и Вевчани исто така на екскурзија, кој ми е најубав град после Скопје. Јас никаде не наведов дека не треба да се зборува на дијалект, но кога веќе си во Скопје, живееш подолго време тука, не ја гледам потребата од раздеравање на не знам си кој дијалект таму, како твојата директорка била коза и што уште не. Тоа си е мое лично гледање, личен став и вкус.
Оф мори мајко. Девојко читаш кон што водам со моето пишување? Ова беше викање, цел кеј да се сврти, и привлекување на внимание. Громогласно смеење и безброј пцовки кажани со висок тон. Како да ти објаснам дека и русин, скопјанец и германец да видам така да се однесува мене ќе ми се згади?!
Да, затоа што не очекував дискусија. Немам зошто да не додавам нешто, ова е форум, не ми е ограничен бројот на коментари за одредено прашање. А со секој твој последователен коментар, следува и мој. Крај, не планирам и понатаму да спамирам.
никој не ти рече дека ти е ограничен бројот на коменатри ниту пак мене ми е ограничен имам право на реплика
На темава сите (ама баш сите ) се изјасниле дека не се срамат од потеклото,а мене пак комуникацијата со луѓето ме научи на тоа дека многумина се срамат од своето потекло! Можеби на форумот се собрале баш тие што не се срамат а можеби пак полесно е на форум да се изјасниш дека ти е гордост за селското потекло а потешко е таа гордост да ја искажеш ,,во живо,,! Имам школки другарки од село со кои сум во близок контакт уште од времето кога бев јас средношколка! И тврдам дека се срамеа да кажат од каде се, тврдам дека го мразеа прашањето ,,од каде си?,, тврдам дека и тогаш кога мораа да кажат од каде се веднаш сакаа да се пофалат дека иако се од село сепак не живеат селски живот (ова мораа да го излажат бидејќи од за мене непознати прични се срамеа) На почетокот не признаваа дека се срамат,дури често велеа дека немаат причина да го кријат родното село но сепак беше забележливо дека во чести случаи го премолчуваа! Од нив едно научив а тоа е дека селските луѓе во многу случаи самите прават да бидат понижени, односно самите го употребуваат тоа ,,а што ако јас сум селанка? ааау не се занесувај затоа што си градска?, леле ,,оваа,, фатила градски дечко,, Со ваквите муабети самите покажуваат дека даваат поголема вредност на луѓето што се родиле во град! И да си кажам дека и јас не сум комплетно градска, имам селско потекло по баба ми и дедо ми!
Без нервози. Се сложувам со Сефора. Кој и да се однесува така, без разлика дали зборува на охридски, скопски, струмички, велешки... дијалект, па и литературно да зборува, ако се издерава како ненормален да го слушаат до граница со Србија, не личи. Патем, Сефора, да те корегирам: Вевчани е село, не е град. Освен ако не си мислела на Струга Јас не се срамам да кажам дека сум од Охрид Кој би? Иако имам потекло од струшко село. Па и да кажам дека сум од таму, не се срамам. Се срамам од другите луѓе некогаш. Ќе рече некој ОД ОХРИД СУМ, и се однесува како сељак на ниво, и си велам во себе БОЖЕ, ШТО ДРЖИ ЗЕМЈАВА? Срам ми е во тие моменти да признаам дека во градот од кој доаѓам има такви кои се резил и срам за другите. Али, шта чеш?
^^^ знам девојка од Охрид која секогаш потенцира дека е Варошанка и дека другите Охриѓани коишто живеат *доле* се дојденци од Дебарца и не се прави Охриѓани Е ај ова разбери го! ѓ