Начинот на кој што се одвива дискусијава на темава...многу убаво кажува кој од каде е,не мора да кажете вие и дали се срамите од истото.
Гордо можам да кажам дека си го знам потеклото мое уште кога биле племе, од различни краеви, различни споеви и бракови, некои мои прадедовци се историски познати личности. Заради склоп на околности сум се родила каде што сум се родила , ама тоа не ме дефинира како граѓанка или селанка. А такви квалификации "јас сум скопјанка, ти си од провинција" прават најчесто натурализираните "скопјанки" ( ајде нека не се скопјанки нека се граѓанки ), сами си го забораваат своето потекло и се декларираат како нешто што не се , така си го лечат комплексот на помала вредност, не дека некој ги омаловажува , туку сами си се деградираат. Ако сами не си го цените потеклото, никој нема да ви го цени, затоа гордо кажете од каде сте, ќе видите колку подобро ќе бидете прифатени (во било која околина) , отколку ако се однесувате како да имате комплекс поради потеклото. И оваа поделба на "граѓанки" и "селанки" не се случува само во Ск, верувам дека секој град има некој стереотип за девојките од околината на градот.
Веројатно во „лудите“ пубертетски години, кога има плачки и за тоа дека едното уво било повисоко од другото (да, сум била сведок на ова ), кога се што се прави е мотивирано од потребата да се биде прифатен во средината, и „криењето“ на потеклото е само резултат на таа потреба. Со созревањето мислам дека полека ги снемува тие шаблони на однесување, човекот се дефинира и се прифаќа себеси, а со тоа и своето потекло. Колку е човек повеќе во хармонија со себе, толку помалку му е важно дали по нешто се разликува од околината. А и околината веројатно реагира поинаку. Во мојата работа со тинејџери-средношколци сум била сведок како да кажеме во прва година (средно) се потенцира со потсмев „Професорке, кај него во село не слушнале за тоа“, а веќе да кажеме во трета (за четврта и да не зборувам) три дена на пример се зборува со возбуда за одење на излет кај истиот другар во истото село кое претходно било исмевано. Често пати луѓето така реагираат на непознатото, со потсмев, но често тоа потсмевање служи за да се прикрие несигурноста (затоа што потребата да се биде супериорен е всушност знак на една длабока, невешто скриена несигурност).
Таткоми е од едно село кое се наоѓа помеѓу Битола и Прилеп а мајками е од Битола така да пола пола сум и од село и од град и секако дека не се срамам од моето потекло,а и мислам дека никојчовек не треба да се срами од тоа што е
Татко ми е од едно село во Дебрца, а мајка ми е од Куманово. А живееме во Охрид Мене ич не ми е срам да кажам дека на некој начин потекнувам од село. И бидејќи живеам во населба на крајот на градот, често ми викаат дека живеам во село. Но јас не ги фермам, стварно е без врска.
Нема да кажам точно од каде потекнувам затоа што веднаш ќе сватите дури и асоцијација да дадам. Но да преминам јас на главното, не се срамам ни најмалку.Немам потреба од тоа.И двајцата родители се од село,кои се преселиле во градов во потрага по парче среќа.И двајцата имаат завршено средно а постигнаа многу повеќе од некои со факултет во градов.Горда сум кога ќе нагласам од каде сум,имам доста специфично презиме карактеристично за мојот роден крај и воопшто не се страмам од него и си го нагласувам кога некој ќе го згреши.Воопшто не се срамам што не ми завршува презимето на ски.
Не се страмам од своето потекло,гордо ке го казам мајка ми е од прилепско Мариово,а татко ми е од Попадија близу Велес и Кавадарци.Нивните корени водат од таму но теи се родени во Прилеп,цел зивот се тука исто така и дедо ми.Сепак корените си се корени и понекош треба да се посетат тие краеви!До сега имам појдено повеќе патаи и во двете села убаво ми е се чуствувам пријатно и топло бидејќи знам дека и таму имам нешто што било мое!Нема врска град село.какви граѓани има па немаат немаат никаква култура ни однос и се прави простаци,а па какви „селани“има кои се отмени поотмени и од гратските!Нема потреба да се страмат тие девојки и момци.Како учевме порано во 3 4 одд ГРАДОТ НЕ МОЖЕ БЕЗ СЕЛОТО И СЕЛОТО НЕ МОЖЕ БЕЗ ГРАДОТ!!! ви текнува
Не сум од село, но моите родители израснале во село. И што им фали? - Ништо! Мајка ми често знае и да се шегува на сопствена сметка, а и горда е од тоа каде пораснала. Па и јас немам ништо против да кажам од каде ми се родителите. Ако биле од село тоа не ги прави поразлични од другите. Може да биде сељак и оној кој живее во град!
Родена сум во град, живеам во град. Но, моите дедо и баба се од село од србија, па јас сум израсната таму. Значи буквално селски живот. Но, не се срамам од своето потекло. Иако роднинита од страната на тато не се во контакт со нас, откако тој почина, но, не можам да се срамам од сопствениот татко кој ми оставил кров над глава, од оној кој ме створил од љубов, кој ја сакал мојата мајка без условно. А од страната на мајка ми исто...Неможам да се срамам од оние кои ме донеле на свет.
Не знам зошто луѓето би се срамеле од своето потекло, па не можеме сите да бидеме од Центарот на Скопје , да се носиме марка или да имаме се од најнова технологија. Јас сум од една населба од Скопје, често имаат лоши предрасуди за неа, но јас не се срамам да кажам од каде сум, затоа што се гордеам што сум израснала во ваква средина, мирна средина и без препукувања, или пак да ми е страв да се вратам вечерта од излегување. Битно е како си воспитан и образуван, а не од каква фамилија си или од која ‘провинција‘ произлегуваш!
Воопшто не се срамам од моето потекло, бидејќи нема од што да се срамам. Го знам моето потекло и го сакам, горда сум на него. Да имав од што да се срамам, не знам, можеби би се срамела и не би сакала да кажувам од каде потекнувам.
Ако се срамам од моето потекло, значи дека се срамам и од моето семејство. Ниеден човек не смее тоа да си го дозволи, благодарна сум за секое јадење на трпезата, за кровот над мојата глава и топлата љубов од мама и баба. Горда сум што сум скопјанка, ама 50% од луѓето со кои се дружам се од другите градови, па ги обожавам, и не лечам комплекс на супериорност. Во земја со големина на зрно грашок, смешно е да се зборува за провинции, ама поделби секаде ќе има, дури и во микроскопски места како нашево. Немојте да мислите дека и самите скопјани не се поделени! Само тука врз база на населба, ко тоа да има врска со карактерот на некоја личност. Коса ми се крева кога ќе кажам дека сум од Чаир, и ќе ме прашаат: „Леле како не ти е страв да живееш таму, опасно е“. Па жива и здрава сум и стојам пред тебе, чукни у тоа тиквата.
Јас сум од село но живеам во град.. и секако не се срамам од моето потекло...мислам дека не трњба да се срамиме од потеклото... често се имаат зафркавано со мене поради тоа а јас само ги игнорирам и престануваат зошто се осеќаат како будали зошто не им обрнувам внимание и изгледаат како сами да си зборуваат
Не го употребувај тој збор, ПРОВИНЦИЈА. Со тој збор се засилува идејата и сликата дека главното селце е центар на се шо вреди во оваа имитација од држава а се други е само random територија шо се погодила така околу неговите граници. Скопјани пијат вино од Тиквешијата, јадат зеленчук од Струмица, одат на летување во Охрид, Дојран и на зимување на Шапка. Има паметни, добро образувани и добродушни луѓе и во другите места во државата. Скопјани со самото тоа што се родиле и исраснале во главното селце не се ништо повредни од луѓето од другите места (не се ни помалку вредни), само сакам да кажам дека со самото тоа што пораснале во урбана средина, меѓу згради и булевари, во место со повеќе кафичи и дискотеки, не значи дека се понапредни во нешто значајно. Јас, најискрено сеуште чекам да ме импресионира Скопјанец/Скопјанка моја генерација. На факултет на такви загубени глувци им ги пишував семинарските бе. Јас пишував по 4 неделно, додека претставници од високото Скопско Граѓанско општество не можеа ни својата да ја напишат и ми се јавуваа секој втор викенд да ги спасувам. Добри клиенти се, тоа признавам Нема што да се срамиш. Верувај во себе и никогаш не заборавај колку вредиш.
Воопшто! Ако би ја споредила Македонија со другите земји, оставајќи ја финансиската страна, би споредила фабрики, трговски центри, хотели и загаден воздух кај другите земји, а планини, свеж воздух и природна убавина кај Македонија. Се гордеам со неа.
Тоа каде живеам не ме прави тоа што сум, моите се дојдени од село во Србија и живеат во Радишани не во населбата и го обожавам местото, тој душевен мир што го имам таму нигде не го добивам, а тоа не ме прави ниту малку по (не)способна од останатите, или по (не) интелегента, тоа е само локација каде е мојот дом и никој не судам од каде е, мислам дека тоа беше пред некои си 10 години може и повеќе кога се даваше акцент на тоа кој од каде е, има уште заостанати умови кои знаат да истрескаат онаа сељанкана, провинцијалкана што ме вади од такт и автомастки сакам да ги фатам за гениталии и да ги развртам на сред улица. Нема потреба од срам, тоа ти е само потеклото а ти си ја градиш понатаму иднината.
Јас сум оригинал селанка од источна Македонија и немам никој од град. Кога за прв пат не измешале градски и сеслки деца во средно, деца како деца, кога некоја 15 годишна која се плаши и бега од јаре ми се има правено супериорна оти е од град, сум се чувствувала мала, нападната, понижувана и во една ситуација сум се бранила од таква со ќотек. Од тоа се срамам. Се срамам од државата зашто ги смета своите граѓани од село за луѓе од втор ред, кои и после години и години избори и ветувања не се вредни да добијат едноставни работи како функционална водоводна мрежа, канализација и пат. Се срамам од менталитетот и арогантноста на некои луѓе, кои мислат дека географијата автоматски ги прави нив паметни а сите други прости, глупи или со низок коефициент на интелегенција. Како дете од село, макар од поновите генерации ама сум тренирана селска домаќинка и знам да расукам зелник, да месам и размесам 6 леба и да ја качам даската со нив на рамо, да угорам ѕидана фурна, знам да исперам на рака, да плетам, да измолзам крава, да избијам масло, да сварам урда, да заколам кокошка... Денес додека живеам во светска метропола, баш убаво ми е што можам да ги спојам двете искуства, тоа што знам да си садам лукче и џинки во шутари, да си варам урда, да си месам бурек... ок, пилешко си купувам и фала богу овој пат имам канализација