Главен град е. Се' е сконцентрирано таму. Еве да речиме магнетна резонанца само Скопје во државна има да направиш за 700 денари(иако треба да чекаш месеци за ред), во другите државни болници по градовите нема, а приватно е 8000 денари. Ова беше еден мал пример зошто некои доаѓаат во Скопје. Навикни се да слушаш секакви дијалекти додека не се преселиш во некое помало градче,кое реално едвај егзистира. Тоа што го опиша за тој што се развикал, без разлика од каде е и што е-тој се развикал и нема смисла тука да вмешуваме потекло и слично, туку нивото на (не)култура кое го поседува. Јас ако почнам да зборувам на дијалект на сред Скопје, не ме прави помалку ниту интелегентна,а уште помалку некултурна. Конкретно за тоа што те цитирав, реченицата е малку безсмислена и повеќе егоистична. Не смеете да ни идете у Скопје, не сте Скопјани, не зборуете Скопски. *се надевам го погодив дијалектот Литературно говорење my ass. Замисли се ти со другарка некоја да зборувате литературно постојано. Наместо "зашо,оти,зш"-да употребувате "зошто", наместо "Кај си ма", да употребувате "Каде си МА?" Јас горе-долу зборувам литературно, со примеси на битолски дијалект, исклучувајќи го тоа "о" на крајот од именките-градо,телевизоро,плоштадо,звучнико... __ Океј сега јас забегав од темава, он топик сега малку: Не се срамам од потеклото. Мајка ми е израсната во село, подоцна живеела во Прилеп. Татко ми е од село 1км оддалечено од Битола,што веќе јас како населба си го сметам. За понижувањето од типот селски човек-градски човек сите некогаш ги имаме направено. Разликата е тоа што луѓето од поголемите градови имаат поголем пристап на информации, запознаваат повеќе луѓе, стекнуваат повеќе искуства низ годините. Од село, сите се знаат меѓу себе, шансите да знапознаеш некој сосема нов човек не се којзнае колку големи. А,јас мислам дека може човек да прочита милион книги, но никогаш нема да е исто како кога си се дружел со повеќе луѓе,си разменувал мислења, искуства...постојано си во акција. Да,се разбереме не ги потценувам воопшто оние што живеат во село или слично,само ја кажувам разликата меѓу граѓанец и селанец. За култура не дискутриам воопшто,како што кажав таа зависи до карактерот на човекот. Имам другарка од село со која се дружам и ден денес кога одам кај баба ми, заедно сме растеле, цело лето сум го поминувала таму и навистина е пријатен човек за дружење,има познавање од многу области, наспроти неа имам "другарка" од друго село,која сама си го набива тој комплекс дека е од село... демек "Шо мислите вие,ние селаниве прости сме?",а никој не и спомнал такво нешто. Истото важи и за градскиот човек. Насекаде околу нас ќе сренеме по некоја човечка плиткост и извинете на израз, малоумност.
Ниту се срамам,ниту нешто посебно се гордеам со потеклото. Со тоа што не се гордеам ги иритрам роднините,сум требало со гордост да кажувам дека потекнувам од Скопјани И од дветте страни сум по потекло Скопјанка,незнам која генерација мислам 6-7 веќе,баба ми по мајка е од европски град,јас сум родена во светска метропола.....и сега што,тоа ме прави подобра од другите луѓе,над нив сум Потеклото не ме прави ни подобра ни полоша од другите,не е битно потеклото,битно е човечноста а тоа зависи само од домашното воспитување а не од тоа дали си од село или град. Луѓето ги делам на луѓе и нелуѓе,секоја понатамошна поделба е одлика на искомплексираноста на делителот,во зависност од тоа дали пати од компекс на виша или нижа вредност.
Ако се срами некој од потеклото е за жалење. Па ако самите не се прифаќаме и цениме тогаш кој?! А и всушност што има тука за срамење? Зарем тие од село помалку вредат? Не сум родена во село, не сум родена ни во Македонија туку во Женева ама како што рекла bittersweet тоа не ги прави луѓето над другите ниту пак подобри. И а да, не значи дека ако живееш во Скопје дека мора да употребуваш зборови од типот: Шо, неам, ке доам, ке искочам... Јас сум жив пример за тоа.
БИДЕЈЌИОВАЈ КОМЕНТАР , МЕ ИЗВАДИ ОД ЧОРАПИ, ЌЕ ТИ ГО КАЖАМ САМО ОВА: СРАМ ДА ВИ Е СКОПЈАНИТЕ, ШТО ДРУГИТЕ ГИ НАРЕКУВАТЕ „ПРОВИНЦИЈАЛЦИ“. И АКО ТОЛКУ СЕ ГОРДЕЕТЕ ШТО ЖИВЕЕТЕ ВО МЕТРОПОЛА, НЕ ЗБОРУВАЈТЕ СКОПСКИ, ТУКУ ЗБОРУВАЈТЕ ЛИТЕРАТУРНО. НЕ ПО ТЕЛЕВИЗИИТЕ КОИ СЕ ЕМИТУВААТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ДРЖАВАТА СЕ ЛИГАВАТ СКОПСКИ ШМИЗЛИЧКИ ВОДИТЕЛКИ КОИ МЕСТО ЛИТЕРАТУРНО ЗБОРУВАТ СКОПСКИ. СКОПСКИОТ ЧУВАЈТЕ СИ ГО ЗА ПО ДОМА И ЗА ПО КАФУЛИЊА, ЛИТЕРАТУРНИОТ КОРИСТЕТЕ ГО ПО УСТАНОВИ. ПА СРАМОТА Е НЕКОЈ ОД „ПРОВИНЦИЈАЛЦИТЕ“, ДА ЗБОРУВА ПОЛИТЕРАТУРНО ДО ВАС. А НА УЛИЦА СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ЗБОРУВА НА БИЛО КОЈ ДИЈАЛЕКТ. ТАКА, НЕМАШ ПРАВО НИКОМУ ДА МУ СУДИШ! ианку не се срамама со своето потекло, туку се гордеам, инаку сум пола егејка, имам и дел од демир хисарско, а имам и корења од староградско битолско семесјтво. многу се интресирам з егејскиот крај сум била таму, и навистина ме воодушевува таа култура, музиката, народната носија, обичаите, малку се поинакви отколку во северна МАкедонија. сепак мн се нервирам кога некој ги меша власите со егејците, кога се зворува за скржавост и штедливот. егејците немаат врска со тоа. сега е некоја нова мода! Редактирано од модератор: Не пишувајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Кога ја видов темата само онака слатко се насмеав ) Јас сум родена во село,кога сум имала 3 години моите се преселиле во Скопје,Мајка ми сакала да напреднува во медицината татко ми исто така сакал малку подоцна да се запише на факулетет,добро не ни битно зошто сме се преселиле...јас имам веќе 17 години и секогаш кога сме дома ние зборуваме на оној дијалект од каде што сите ние дома потекнуваме,секое лето одам кај баба ми и многу ми е убаво.Но таму ме сметаат како Скопјанка а овде за Струмичанка. А јас сум од Струмичко село..Кога бев помала една наставничка ме праша од каде сум и нормално јас одговорив дека сум од Струмица и она "e како кога овде пишува дека си од Струмичко село" тоа го видела во дневникот.Почнаа сите да ми се смеат и да ме понижуваат,секогаш кога ќе згрешев нешто ме нарекуваа сељанка.Јас постојано плачев дома и ги окривував моите зошто не ме родиле во некој град а пак мајка ми цело време ми зборуваше дека еден ден ќе се смеам на овие зборови... Потоа дојде време да се запишам во средно посакував никаде да не пишува дека сум родена во село,ако пишуваше се заканував дома дека нема да учам никаде...тоа ми беше голем проблем се прашував дали маж ми ке ме земе бидејки сум родена во село..а цел живот живеам во Скопје тоа ми навлегуваше во психа но една година подоцна си фатив дечко и кога си раскажувавме од каде сме и кој сме јас пред него само сум признала дека сум од село но дека само 3 години сум живеела таму кога слушнав дека мојата уста го изговори тоа полудев а тој пак само ме бакна и ми рече "не е битно од каде си битно е што си" мене како камен од душа да ми падна и сега веќе неколку месеци кој и да ме праша кажувам од каде сум...и никогаш нема да се замарам што ќе кажат другите...)
Јас сум светски путник,потекнувам од едно мало место ама само една година имам зивеено таму,десет години зивеев во метропола и после се преселивме во близина на мојот роден град учев во сосема друг град и сепак секогас и секаде казувам дека потекнувам од тоа мало мало но прекрасно место.Многупати сум била во ситуација да ми речат сто казувас дека си од таму кога никогас не си зивеела таму,јас се гордеам и секогас кога ке видам некој сто се срами а потекнува од моето место намерно нагласувам колку вреди за да престанат самите да се потценуваат,дури некогас си правам сала на моја сметка во смисла : ее со знам јас дете од село и така на лугјето тоа им е симпатично и покрај мене искрено сега да не се фалам ама 80 посто од тие сто ме знаат отисле таму дали на излегување или само така и почнале да ги почитуваат лугјето сто доагјаат од тоа место.Абе бидете горди на своите корени ама тоа е работата сто зивееме во провинција (читај Македонија) и акцент се удара на небитни работи.Моментално зивеам во друга дрзава и пак ке казам кога ме прасуваат од каде сум си го казувам родниот град иако мозеби они Македонија незнаат каде е не па тоа мало градче ама ич не ми е гајле
babyblond Спојлер повеќето од моите коментари на форумов се напишани токму на литературен јазик, и верувај и во живо внимавам да го негувам, онолку колку што знам. Секако, како толку голем познавач на јазикот би требало да знаеш дека реченица се започнува со голема буква и да не ги редам останатите забелешки во однос на тоа, нема да е во ред. Не знам дали сум споменала, но твојот коментар ме инспирираше да го споменам истото нешто, колку и да не спамирам. Јас сум горда на до некаде своето егејско потекло, та дури и размислувам да си го вратам старото презиме, иако имам чуено коментари дека е лошо.
Од ништо не се срамам а најмалку од моето потекло. Не се срамам ниту да кажам дека и татко ми и мајка ми се од село, и дека и јас живеев во село. Мајка ми е од Прилеп, односно прилепската околија и скоро целата нејзина фамилија се занимава со одгледување тутун, односно се земјоделци. Татко ми е Скопјанец, односно многу генарации наназад неговата фамилија живеела во селото каде што и јас живеев до пред неколку месеци. Никогаш не ми представувало проблем некому да му кажам од каде сум, односно каде живеам, од каде е мајка ми, што работи и слични информации поврзани со потеклото. Одамна мислам дека се надмина тоа дека у градот живеат господата, односно богатите а во селото се прости луѓе кои се земјоделци и се сиромашни. Единствено уште опстојува комплексот наречен провинција, како да ние Скопјаниве сме во Париз. Наместо да се срамам јас се гордеам бидејки сум од село, се гордеам и дека знам да садам и копам во бавча, ги распознавам растенијата по листовите, знам да нижам тутун (тоа научив кај роднините во Прилеп) и слични „селски“ работи. Мајка ми потекнува од едно село 30 километри одалечено од Прилеп, селото е мало и во него живеат луѓе над 60 години, се на се 20/30 жители. Мене таму ми е преубаво, се е зелено тук таму по некое животинче, автомобил еднаш неделно ако забрмчи, повеќе трактори има. Куќата е класична селска куќа со голем чардак, ехх кога ќе ми текне ние 8 внуци од 10 па до 1 година, трчаме беснееме а дедо ко некој Турски паша од горе не гледа и вика „Сега срцето ми е полно, детски џагор низ двор ко ќе слушнам“. А баба, едно мало женче оди по вода со бардачињата и на сите комшии им се фали и дошле внуците, многу арно и направиле на душата. Морам летово да си ги посетам... И да подсетам малце на прилепскиот говор, кој после неколку дена таму го збоувам ко таму да сум раснета. Одев на гости т.е. на поседок и кај другите тетки во други села и таму ми беше супер, многу поинаков живот имаат таму во нивните села одколку во моево село во Скопје. И Штипски знам, зошто вујко ми таму живее, али тој е блиску до градот, па освен акцентот и големината на градот другото ми беше како дома во Скопје.
Јас сум од провинција,Штип и си се гордеам со тоа.Секогаш многу сум се трудела да станам некој и нешто и моите да ги направам горди родители.Секогаш се трудам да си зборувам на дијалект,нормално вака во друштво и секогаш на сите тоа им било интересно.Мислам дека ме прави на некој начин посебна и затоа и сум горда на тоа.Бев во ситуација кога рекоа дека треба да си се вратиме од таму од каде што сме дошле и да не им ги крадеме работните места на Скопјаните.Мислам апсурдно.Секој се труди да постигне нешто во животот.Ако се доволно способни да си ги задржат,никој не може да им ги украде.Кај нас во новиот универзитет во Штип има голем кадар на професори од Скопје и што треба сега,да ги избркаме?Страшно е "размислувањето" на некои луѓе,просто да се шокираш.Се' на се',ако се срамиш од своето потекло,треба малку да се подзамислиш.Твоето размислување и однесување е тоа што те прави посебен,а не местото од каде што потекнуваш.
Срамење од своето потекло... Големо НЕ! (не разбирам зошто некој би се срамел) Да се срами човек од своето потекло е на некој начин исто како да се срами од себе си... Поделби од типот село-град, Скопје-провинција и проценување на луѓето само врз основа на нивното потекло и местото на живеење вршат само искомплексирани личности кои патат од комплекс дека вредат повеќе/помалку... Луѓето треба да се ценат поради своите особини и способности а не според своето потекло.
НЕ - сосема спротивно јас со гордост раскажувам за него, имам супер фамилија без која во никој случај неможам да се замислам....ЗА МЕНЕ ТОЈ ШТО СЕ СРАМИ Е КАКО ДРВО БЕЗ КОРЕН -но добро доколку има навистина добра причина ама баш добра (пр.татко алкохоличар ,мајка ...) некако ке го разберам , иако сметам дека треба да добие поуака од сето тоа- дека него животот го научил уште од мал каков во никој сучај не треба да биде, и да е горд што и покрај сите околности тој успеал да преброди се...
Никогаш. Не гледам зошто би било срамно тоа од каде потекнувам? Не ги етикетирам луѓето според потеклото,туку според нивните квалитети. Така сакам да ме гледаат и мене.
многу нормално дека не се срамам од своето потекло...Таткоми е од село а Мајками е Украинка која поголем дел од животот го има поминато во Охрид... па што има тука да се срамам ?
Не се срамам да кажам дека сум од село..баш би го кажала тоа онака гордо..јас и велам често на другарка ми еех камо да живеевме во град шо убаво ќе ни беше а таа ми вика не фала јас подобро што живеам во село зошто по фејзбук имала девојчиња од сред центар и ми вика летаат во небо се замислуваат не знам ко што да се...зависи се до човекот некој се срами некој не..јас лично не
Не се срамам. Зошто? Мајка ми и татко ми до својата 18 годишна возраст живееле во село. Па живееле 5 години странство, па Струга, па потоа Охрид (татко ми го префрлиле Охрид да работи.. иначе ќе сум живеела Струга ). Не треба да се има предрасуди од типот: село-град, Скопје - х-град.. Соживотот е многу важен.
Јас живеам во Скопје, но како и секој друг имам потекло од село, од двете страни. Мајка ми и татко ми одкога се земале дошле да живеат во град, пред околу 15 години.Сега во ова време ретко кој е стар Скопјанин, или Скопјанка, сите се дојдени од некаде. И во тоа нема ништо срамно, секој си има потекло од некаде. Јас од на мајка ми страната си имам црногорско потекло, од на татко ми кумановско. Доста дел од животот сум го поминала на село, или кај бабите или кај тетка ми, додека другите дремат преку викенд пред зграда или во парк јас си се шеткам. Сум научила многу работи, уште и ќе научам, за кои што моиве врсници не ни чуле.
Неготинка. И не го тинкам. Никако. Ниту од моето ѓоа,че и пцовките,што ни се како добро утро на сите нас од Тиквешијата. И покрај се,горда сум што потекнувам од многу добра фамилија,која се што има заработила самата и не должи никому ништо.
Од потекло да се срамам?! Од нешто што нит сум направила ниту пак имам удел во одлуката?! Не, не се срамам од моето потекло. Срам можам да почуствувам од работи кој сум ги направила, кажала а не се во согласност со мојот морал.
Не да не се срамам туку се фалам со моето сељачко потекло кога сум во некоја екипа со шмизли. Обавезно кажувам оти татко ми две години бил овчар, а после свирел тарабука во цигански оркестар за да се школува. Мајка ми одела аргат по ниви оти доселени Егејцци немале скршена пара. А тие кутри шмизли позеленуваат кога ке чујат оти вакви сељаци успеале во животот, оти сега ке ја купам сосе трите кила шминка на неа и пак не се луксузирам за некои работи. Некој бивши цигански тапанар и купил кола на керка му а тие во градски се возат ( оти повеќето шмизли материјалното го споредуваат саMO) .. Зошто да се срамам, моите ниту краделе, ниту е мајка ми к*рва. А и да се такви пак не се срамам, родители ми се, се мачеле, завршиле факултет и двајцата, сега се некој и нешто. Се гордеам со нив, учени луѓе знаат да прават муабет на секакви теми, со секакви луге. Можам после факултет да си дозволам постдипломски во странство, пак да се вратам во родното место и да најдам работа, додека голем дел од градските деца сонуваат за студирање во родниот град. Или студира ама во кафиќ рмба за да плати упис. Јас не се плашам да шетам пешки до сабајле нема Албанци кај нас, нема манијаци, убијци. Имам во селото се што ни е потребно, и училиште, бутици, курсеви, продавници, амбуланти. Не сме исплакале 20 години стан за да живееме 6 луѓе во 75 квадрати.Во можност сум да купиме стан во град ама веке ако се селам ке се преселам во Виена, Париз, Минхен, шо ке ми е Скопје, Охрид кај сум селанка таму сељачка ке станам. А на Скопјани маката знам кај им е. Кe се буткаат тие во гарзњоера во топанско а некој ’’сељак’’ продал две ниви и купил стан на син му додека студира да не се мачи во домовите. Е ги боли, нормално е. АМА ако не не сакате нас од провинција живејте си со Албанците од Косово. Најнајнајнеспособните луѓе од кај нас што биле се преселиле во Скопје. Нема дух градот некако се ми е безвеза а изгледа селењето нема да заврши.