Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се срамите од вашето потекло !?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely-girl, 11 мај 2011.

  1. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    не се срамам туку горда сум
     
  2. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    не се срамамм...!!! горда сум на себе и на своето потеклоо па и на мојата фамилија.... !!! :D
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Не сум од некој голем град. Татко ми е роден во градот, а мајка ми е од село. Фамилијата ми е таман. Досега во Скопје не сум почувствала некој да ме дискриминира по тоа прашање затоа што се однесувам културно и пристојно со сите. Инаку за мене сељанка е личност што глуми дека е граѓанка,а не е ниту пак се труди да биде. Тоа ти се вика кад се сељо покондури :D
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Апсолутно не. Немам од што да се срамам.
    Родена сум во Скопје, лулката на нашава мила Македонија.
    А моите од каде се, гордо кажувам. Нема што да кријам, ниту од што да се срамам, напротив се фалам. :D
     
  5. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Не се срамам ,се гордеам :)
     
  6. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    еве и јас сум од село па не се страмам да си кажам..
    а некои има му е страм и некоја симпатија нивна од селото да ги види како работат мене тоа не мми е ништо страмно :D
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    мислам дека никој не се срами од потеклото.
    е сеа, пред да се родам да ме прашале дали сакам да сум македонка или германка или американка или нешто друго, не знам баш колку би одбрал било кој баш тука да се роди искрено ако правиме муабет.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Јас имам другарки од село што ако не ми кажеа дека се од село немаше шанси да ги препознаам, ќе ги мислев од центарот на градот се. Културни, дотерани, подобри личности од повеќето кои живеат во градот. А имам во клас нафурано типче кое живее во град и е „кремец“ а неговите имаат потекло од село. И простак е , воопшто не го сакам.
     
  9. I.v.a.n.k.a

    I.v.a.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Не се срамам од своето потекло, родена сум и живеам во една приградска населба во Скопје.Татко ми е роден во К.Паланка и тука живее околу 30 години,а мајка ми е родена во Скопје со потекло од Куманово.Иако не живеам во центар можам слободно да кажам дека имам полуксузен, посреќен живот, моите родители иако се без универзитетска диплома ми обезбедиле се во животот...и вечно ќе им бидам благодарна за тоа...
     
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Не се срамам ! Напротив се гордеам !!!
     
  11. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Во градот сум родена,а и мајка ми и татко ми се во Прилеп родени. Ама ако ме праша некој без страм си кажувам дека имам потекло од Стење,Преспа(по дедо ми). Ми лежи на срце тоа село и со гордост кажувам од кај ми се корените ;)
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Родена сум и живеам во град како и моите родители (но, дедовците и бабите се од село), значи имам каде да одам на село :) .
    Не се срамам поради потеклото и никогаш не сум ни помислила на некаков срам. ;)

    Но, имам другарки селанки, кои знаат безврска муабет да ми истераат: ВИЕ ГРАЏАНКИТЕ......
    Мислам дека тие селани што се срамат, САМИ си го набиле тој комплекс на пониска вредност, самите си прават фил во глава, а НЕ дека реално некому му е гајле од каде се! :^)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ај, ние роднини може да се најдеме. :) И јас од Преспа сум :)
    НИту јас не се срамам од своето потекло. Нема зошто. Според мене никој не треба да се срами од своето потекло. Јас сум горда на тоа. Што, не може сите да имаме потекло на некои попознати семејства од градот
    (или селото каде живееме )
    Не треба да се срамиме од тоа чии сме туку ШТО сме направиле во животот и КОЈ не ПОЧИТУВА и најважно КОГО ПОЧИТУВАМЕ .

    Инаку нема сега разлика меѓу градски и селски девојки. И на крај и краиштата што има да се срамиме од тоа ако сме од село. 90 % од нашите родители кои живеат в град , живееле в село до крајот на 70-тите.
    Јас воопшто не се срамам да го кажам тоа кога ќе ме прашаат, и нема шанси да измислувам дека живееле цело време в град.
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Јас не се срамам да кажам дека сум од местото каде живеам бидејќи тоа не е село туку населба која носи грд топоним. |( Како тоа едно с. може да смени се. :o Омфг, живееш во село? :o
    Какво село бе, ропаци. Едно од најголемите населби, село.

    Се што започнува на С е убаво, аха како не. ;)

    Инаку моите се од Скопје, немам што да се срамам. И од кај било да биле, немало да се срамам.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    не се срамам, просто сум си горда на своите родители и баби и дедовци :)
     
  16. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Па јас сум родена во Скопје, како и татко ми, но мајка ми не е. Воопшто не се срамам од тој факт, а мислам дека ни луѓето што се од село не треба да се срамат што се од село. Некои луѓе што целиот свој живот го поминале во град, може да бидат помали граѓани од оние што живеат на село. Врти сучи сите имаме далечни корени од некое село, како и да е граѓани, селани нема потреба да се потценува потеклото од каде и да е, ниту некој да се срами од него.
     
  17. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    Од град сум.. ама и да бев од село немаше за шо да се срамам.. сепак луѓе сме без разлика од кај сме..
     
    На niina16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Мислам дека денес ретко кој се срами, добро можеби постоела воздраст, период каде што сме се нашле во ситуација каде што сме биле дискриминирани поради тоа град-село.
    Мене воопшто не ми е битно..
    На крај краева, јас живеам во Скопје, родена тука, а се дружам со луѓе од различни градови, различно потекло...
    А и не сум "чиста" Скопјанка. Дедо ми од татко ми е од некое Кумановско село (за подалечно колено не знам).
    Мајка ми не е Македонка.. влечам корени што не се Македонски... Па горда сум.
    А јас пусто, многу сакам да живеам во мирно место, дури и село, некаде подалеку од центарот на било кој град... да си имам бавча, со пиперче, патлиџанче,па нема поубаво од здрава исхрана... да имам двор со тревичка и цвеќиња. Да имам куче во двор...
    И најбитното да имам мир и тишина, и да дишам чист воздух. :)
     
  19. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Родена сум и живеам во град. Моите родители по потекло се од село. Секоја недела одиме в село :) Не се срам од тоа,не се срамам од потеклото на моите родители. :) Не се срамам ни од моето потекло, напротив - горда сум! :)
     
  20. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Не! Никако. Моите по потекло се од Скопје, не се од село, а и да се не би се срамела од тоа напротив. Секој треба да биде горд на тоа што е. :)