Нема зошто да се срамам од своето потекло. И мајка ми и татко ми се од град, а и да биле од село мислам дека би немала зошто да се срамам. Ако знаеш да се однесуваш како личност, најмалку важно е од каде си.
Не, зошто би срамела од моето потекло? Немам ништо што да кријам и не ми е срам од тоа што сум, нормално човечко женско суштество кое живее еден сосем нормален живот тоа сум јас
Не дека се гордеам со моето потекло, но не се срамам. Од село сум, да. Нема зошто да се срамам. Попрво треба да се срамат оние што се од град, а воопшто немаат понашање спрема никој и изгледаат како најголеми сељанки, отколку јас. Нема врска од каде сме (село или град), работата е какви сме и како се однесуваме.
Не се срамам воопшто,ако гледаме така сите по потекло сме од село,сеа дали нашите родители,или пак нашите подалечни предци биле од село,сеедно,сепак некој бил од село.Мислам дека да имаш потекло од село е некоја предност,зошто преку твоите родители или баби и дедовци ја спознаваш и другата страна на животот,онаа помачната.Така да нема од што да се срамам,а и впрочем мразам потценување кон некој друг,без разлика дали заради потеклото или општествената положба итн.
Не. И нема потреба да се срамам. Зошто да се срамам? Сите сме луѓе,сите сме еднакви. Јас сум горда на тоа што сум пораснала во село
Татко ми е од село, мајка ми како мала исто живеела во село, а јас сум цел живот во Скопје. Нема што да се срамам, глупости.
боже сачувај. израснав во град и се преселив во село и сеа што? учам во школо каде што речиси сите се од центар и градски населби, ама ако не се цениме самите зарем треба да очекуваме некој да не цени? сепак може било која центарска ругалица да ми дојде да и дадам пет збора и да не се сети да каже пак нешто такво. сепак тие кои што прават поделби и мислат дека се ниво над нас, се обично празни, прости и глупи луѓе кои што незнаат што да кажат па мислат дека ми рушат рејтинг. еден посто не се замарам, кој што сака може да си каже, негово право
ауу не зашто би се срамела моите родители се родени во Скопје едниот дедо ми е од Велес но и да биле родени во село зашто би се срамела,јас сум горда на моите и на цела моја фамилија некогаш се караме еве ко денес али си ги сакам сите
јас сум од скопје и мајками е. но татко ми не е. роден е во село блиску кај дебар и се преселил тука за да студира.. и што сега? нема врска тоа значи не ми смета и не се срамам пошо уствари кога ке видиш поубаво сите имаат потекло од некое село - дали баба или прабаба
Не! .. Јас сум тоа што сум, не се срамам од себеси, и од тоа од каде потекнувам, и нинајмалку не ми е гајле што мислат другите за моето потекло. Освен тоа горда сум што сум девојче од село
Аууу напротив, баш сум горда на моето потекло. Едниот дедо беше стар скопјанец, таму се има родено и живеено ,плус неговиот татко исто така во Скопје е роден. А, пак другиот дедо, роден е во Берово, но пола живот имаше живеено во Скопје. Благодарение на него сега си имам куќичка во Берово и кога сакам си одам таму
Jas sum Romka i nikogas nema da se sramam da kazam deka sum Romka, kako pomala me ucea da kazam deka moeto poteklo e od Indija? no jas celosno ne se soglasuvam so toa, no kako i da e se gordeaam sto ziveaam vo Makedonija jas sum Makedonka i gorda sum sto sum Romka koja zivee vo Makedonija.
Не,напротив. Јас сум горда на моето потекло. Родена сум во град,сум живеела во град ... а и тоа нема веза дали било село или град. Горда сум затоа што потекнувам од прекрасно семејство.Татко доктор,дедо доктор,мајка професор ... Освен тоа во нашето семејство никогаш немало караници, расправии помеѓу фамилии, љубомора.семејно насилство,проблеми и сл. Живеам во стварно прекрасно семејство и многу ги сакам сите! Ми недостигаат,штета што не сум во Македонија и не можам често да ги гледам.