Не и никогаш не сум се срамела. Јас сум таа што сум Родители или родител ми е тој што ми е еден единствен. Да може би јас сум од Скопје и родена сум тука но татко ми е од село. Ги сакав годините кога по цело лето безгрижно шетав по селските ливади, работев на нива и им помагав на баба ми и дедо ми. Не се срамам да го кажам тоа во ниеден момент тоа е дел од мојата фамилија дел од мене и дел од моето потекло. Среќна сум што поради нив научив многу работи како и тоа секогаш да го почитувам човекот како човек а не потеклото.
Од потеклото не се срамам бидејќи не сум македонка но затоа умирам од срам кога надвор од земјава ќе ме прашаат од каде си..
ти ако немаш комплекс и како што имаш напишано си подобра од другите и НОСИШ ДОБРИНА ВО ДУША,нема потреба да мислиш дека си нападната од СКОПЈАНИ НЕКОИ ГРАЃАНИ(а не некоЈ)
Местото на раѓање или живеење не го прави човекот она што е - она што го носи во главата и градите, тоа го прави човек или нечовек. Сите останати работи се менуваат, учат, усовршуваат, потпаѓаат под влијание...
Девојки, темава ја отворив со една единствена цел, сите да споделиме некое наше лично искуство, бидејќи јас имам другарки, и братучетки кои се срамат да кажат дека се од село. Секогаш за пример си ја земам братучетками, бидејќи таа се срами од нејзиното потекло, и никогаш не кажува од каде потекнува, а верувајте , нема ни „ грам “ култура, воопшто и не се труди да се надоградува, има некој никаков стил на живот, освен Фб друго и не се интересира да отвори на нет да прочита. Сама си кажува дека нема прочитано нитиу една книга откога имаме завршено средно, дури и тогаш не читала. Ај сега вие кажете ми како таа да не се срами од своето потекло ?!?!?! Кога таа вооошто не се труди да стане човек, незнам .... ако не одиш на факс, незначи дека не смеееш да читаш и да стекнуваш интелектуални способности . Таа и незнае два реда муабет да направи со некој човек кој е над неа ( во врска со нивото на интелигенција ) , јас сум од село кажав уште на првиот пост, и не се срамам, имав многу критики во постовите и се редактирани, бидејќи праев некој грешки, а овде ми замеруваа како да им зимам од лебот на масата ( патем ако сме луѓе треба и да го делиме ) Одам на факултет, се школувам, и надоградувам, 1 година паузирав и неodev на факс, минатата година се запишав, но за време на таа една година, ако јас не одев често во град, сестрами ја замарав да ми зема книги од библиотеката и да читам, времето дома го користев за да дознам нешто ново кое ке ми користи во животот, а додека „ мојата “ братучетка е дома, таа само цитирам : - спие по цел ден, јаде, седи на пц по цеел ден , дома на мајкаи воопшто и не и помага, шета по цела вечер, пуши цигари .... и што е жално нема речник .....i и никакви интелектуални способности . Зборот ми е со оваа погоре напишаното, дека ние самите си правиме да се срамиме од нашето место на живеење, и од самитенас, мада некој на некој друг начин можеби ке ме сфати , но јас сум горда на себе, бидејќи сама постигнувам се што ке замислам, и ништо не оставам на чиста среќа, секој што си прави во животот, .... сам си прави
Не. Али преку глава ми е од Small talk во врска со тоа. Оти они немаат попаметна работа у моментот мисли и тебе ти е дојдено до неговиот муабет и почнуваат од кај си, што си
А ние треба да се срамиме што сме од Македонија?? Он топик... Не се срамам од моето потекло, и го кажувам тоа со гордост. И да ми премрмка некој веднаш истакнувам квалитети и нема зошо да си се срама од тоа што сум и од таму каде што потекнувам!
гoрдoст најгoлема и местoтo oд каде пoтекнувам,и Македoнијава вo целина!најгoлемo задoвoлствo ми е да oдгoвoрам на прашањетo-oд каде си??
ама апсолутно не, и тоа многу ми е убаво кога сум некаде настрана и кога ке праша некој where are you from?? а јас така гордо го кажувам она MACEDONIA а посебно ми е убаво во грција кога го кажувам инаку и кај нас на државно ниво од мерак си кажувам од кај сум, убаво ми е што сум Македонка
јас сум тоа што сум и тоа ке останам.. каква таква јас сум за себе најдобра немам страм за ништо а не пак тоа.. задоволна сум за се ова што е наше македонско
Искрено да кажам и баба ми и дедо ми и од двете страни потекнуваат од село, и на повеќето од нас е тк, јас искрено живеам значи во населба во близина на Виница, учам во Виница и најголемиот дел го поминувам таму, меѓутоа тоа воопшто не ми е срам да го кажам бидејќи за разлика од некои кои што живеат во град, имам поголема КУЛТУРА НА ОДНЕСУВАЊЕ и поголема почит и сл. работи, така да мислам дека човек треба да се срами АКО Е НЕКУЛТУРЕН и СЕ ОДНЕСУВА НЕЧОВЕЧКИ, а не од тоа од каде потекнува
На било кој, чим му спомнам каде живеам. Одма: Леле, човече, па како таму? Или, сега ова што беше со албанците, ќе слушнам коментар: Абе не се жалете, а како им е на овие од Чаир. Имам неколку другарки, што не ги пуштаат родителите, да дојдат кај мене. Зошто? Па Чаир било тоа. Ми се дига притисок, жими све. Баш, пред неколку месеци, дојде една другарка, и кога се симнавме од автобус ми вика: Па тука мирно било. И што да кажам? Да бе, нас од Топанско, секој ден не бомбардираат. Многу се плашев порано. Ама сега, веќе не. Мислам фала Богу, ништо ми немаат направено. Дури си имав и 3 многу добри другарки албанки, кои беа 2-3 години поголеми од мене, и повеќе се дружев со нив, него ли со македонките. Затоа што они си дигаа глава, големи се сфаќаш? Едно време, нешто општо правеа муабет моите за преселба, се знае причината. Ама јас си се затворив во соба, и си по-плакав. Не одам нигде, и крај. Нема што да се срамам, од тоа. А ни од тоа дека бабите, и дедовците, некои ми биле од село, или од Егејска Македонија, или од стара Топана.
Од потеклото ? А не се срамите ако изневерите пријател, дечко, родител ? Ако излажете, украдете ? Тогаш велите - Еден живот имаш. Воопшто не. Се срамам од некои постапки, дела, но од потеклото - не. Мајка ми е од три села. Татко ми е од Велес. Нема што да се срамам. Има родители што се двајцата од село, па родиле прекрасно културно и воспитано дете, кое цени и почитува. Но, има што се од град, па детето незнае два збора да скрсти нормално, само вреѓа. Не почитува, ништо. Горда сум на моето потекло, интересно е.
Зошто да се срамам? Да се срамам што татко ми е роден во село и што имам куќа во село што можам кога сакам да ја посетувам? Да се срамам што секој викенд одам на посета на баба ми и дедо ми, а секој распут на поседок? И мајка ми и татко ми се по потекло од села(всушност секој е по потекло од некое село) па се дојдени едните баба и дедо да живеат во град, а другите си останале в село(иако 10 години работеле и живееле Германија пак се вратиле во село). Тука ја гледам нивната носталгија кон родното место, колку жртва направиле за да изградат куќа и на татко ми и тетка ми да им овозможат добра иднина. Самото тоа што татко ми денеска е успешен човек е благодарение на неговиот труд и напор и без разлика од каде потекнуваш ќе успееш. Ми има кажувано како одел нашколо со велосипед секој ден, до град и назад(иако селото не е многу одалечено од град) па за од село да замине Белград да учи средно. Гордо кажувам од каде сум (па по татко ми селото го кажувам иако живеам во град).