Де бе..зарем никој не се ценка, а у Шутка кога одите Да се ценкам, кога можам, повеќе на зезање викам, а тек ако упали јас сум во ќар
Не се ценкам, никогаш немам ни на зафрканција пробано. Мене ми се ценкале многу, и одбивни ми биле особено со муабетот ако е кило 40 ден 3 за 100че.. П.с Ова кога собирав пари за на факс па и ја празнев бавчата на Мајка ми
Ценкањето е вид дарба. За да може некој да се ценка треба да умее. Ниту умеам, ниту можам да барам од продавачите да купам нешто по пониска цена. Ако не ми одговара продажната, заминувам без коментар. Се ценкам со себе колку ќе потрошам зашто секогаш правам "груба пресметка" кога станува збор за пазарење.
Само во салони за мебел и секогаш ми успева Сигурно не во бутик или на пазар,тоа не го практикувам Ама во салоните за мебел обавезно
Ценкање ги има кај секој човек со ретки искључоци На пример кога се купува во продавници каде има фиксна цена како на пример Нептун, амц , или некоја слична тука нема ценкање а се што е кај поедини бутици , или на пазар , тезга и т.н има ценкање прво самиот продавач се обидува со понуда помала од онаа која ти ја кажал на почеток, а после следи она дај уште малку која е задна цена ова она , и на мн. пати успева тоа ценкање.А има случаеви каде на пример нешто ми се допаѓа а продавачот не спушта си го купувам и тоа а по некогаш ме фаќа инает и си одам без да купам иако ми се допаѓа
Уште пред да прочитам знаев дека одговорот е не. А во тоа шо ти болдирав пошо не ти е споменато мн ме интересира дали некад у школо си се ценкала за оценка ? RUN
Зависи каде и за што.И не би рекла ценкање туку преговарање за цена. Си прашувам ,,последна цена ли е ".