Има многу вакви на јутјуб. Мене ми е омилен Србинот Борис Теодосијевиќ, натпросечен е, дава корисни совети и се сложувам со него за многу работи. Е сега, од скоро случајно почнав да следам една жена од Хрватска, како говори за нарциси, токсични луѓе и слично. Изгледав неколку видеа, па сфатив дека очајно моли за претплата и за семинари(тоа го гледа како начин за заработка), а мотото нејзино е демек сака да помогне. Па после си кажува дека нема деца, а дава совети за однос родител - дете, па дели совети за брак, а првиот нејзин брак пропаднал(па ја озборува и бившата жена на својот втор маж, што е глупаво), па открива дека некој ја коментирал на каналот на Јутјуб дека вториот маж делува како да е нејзин син оти е помлад, ај па и младолик, па блокира луѓе што пишуваат негативни коментари оти не можела да ги трпи, а дели совети како да не ни е гајле за туѓи коментари. Со еден збор, хаос и донекаде смешно и не мора по секоја цена сите да се на Јутјуб и да ќарат некое доларче, а да испаднат смешни. Дали следите лични тренери, дали ви помогнале за нешто? Мене лично добар мотивациски говорник и тренер онака ме релаксира и мотивира инаку за битни животни теми имам изградено мислење.