Насловот на темата мислам дека е сосема јасен. Во бројни животни ситуации и од моето лично животно искуство сум бил да кажам и жртва и сведок на неправди од страна на луѓе кои сметале дека некој треба да им биде роб и должник само поради (да кажеме банални ситуации), како на пример ви дал некој извесна да кажам пример мала сума на пари кога сте биле студент, а притоа потоа очекувал да сте негов слуга и послушник, пример направими ова, ќе те пуштам таму и таму... Да не заборавам да кажам дека лично вакви барања сум слушнал од членови на моето семејство. Или знам човек од соседството кој викаше еден доста сиромашен човек да му помогне околу дрва зимска сезона (цепење, скларање), а притоа знам еднаш дека и половина помалку му даде од вообичаената цена за цепење (100ден. од кубик дрва) само затоа што некогаш истиот тој (побогатиот) му дал нешто ситно пари на заем, заем кој човечево поштено му ги вратило. Од друга страна, пример угледен адвокат, наставник, професор, доктор, банкарски службеник сите кон нив секогаш има улиз*** (да извинете на израз). Зарем се се сведува на тоа да се гледа само низ призма на корист, а притоа и кога можеме некому да подеме рака прво го обвинуваме и се зафркаваме за тешката ситуација во која е, притоа безобѕирно дотурнувајќи некој на кој можеме барем вербално да му помогнеме. Слободно споделувајте и пишете за вакви ситуации.
Да, да речеме дека и тоа како не само е поголема веројатноста да бидат искористени на секој можен начин, за жал. Туку тоа е факт. Секојдневно го гледаме, има примери колку сакаш. И не само т.н посиромашни луѓе туку и секој кој може да се најде во ситуација да му треба нешто во одреден момент од животот. Таа така наречена помош, и тоа како подоцна ќе му биде -"пре-наплатена" на секој можен начин. Исто така, блискоста или другарството, во овој случај не е битно воопшто.