1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали смртта може да се предвиди???

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Danilela, 19 декември 2011.

  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Смртта доаѓа кога двете страни на лицето ќе се изедначат

    Психијатарот, патолог, доктор по филозофија и медицина, шеф на катедрата за социјална медицина на државниот руски универзитет, Евгениј Черносвитов, ја потресе Русија, Европа и воопшто светот со својата теорија дека смртта кај луѓето може да се предвиди независно од староста и болестите. Оваа теорија навистина стана многу популарна. Докажаниот професор Черносвитов ја изнесува теоријата - смртта доаѓа кога двете страни на лицето стануваат симетрични!
    Имено, рускиот професор целиот живот ги проучува човечките лица. Тој во својот стан има колекција од неколку стотини посмртни маски, дури и оние од Пушкин, Достоевски, Мајаковски, Есенин, Наполеон. Лицата на умрените се симетрични, вели Черносвитов. Познато е дека левата и десната страна на човековото лице се разликуваат, но приближувајќи се кон смртта тие се изедначуваат и кога потполно ќе се изедначат настапува смртта. Наведува како кај младите луѓе, кои не боледувале од никакви болести, а умреле од насилна смрт – лицето пред смртта се нивелирало. Професорот наведува како еден млад полицаец му го покажал своето лице, говорејќи дека е симетрично. Го тешев момчето, говорејќи дека ова е само теорија, но момчето беше убиено неколку часови подоцна.

    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... izednachat

    Девојки што мислите? Можно ли е оваа теорија да е вистинита? Јас навистина не знам што да мислам, само знам дека е можно секој ден да почнам да се гледам во огледало 6 часа без престан. :D


    * Не налетав на ваква тема, ако е дупла или ако не е за тука, преместете, избришете.... :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    По насловот ми текна на оној филм (не ми текнува како се вика) кога момакот успешно ја избегава смртта и на крај кога мисли дека е завршена прича на глава му паѓа таму нешто и тој умира.
    Значи, момакот утврди некоја си теорија со калкулација на броеви и применуваше некои виши математики, и на математички начин го откриваше датумот и саат кога некој ќе умре....ама на крај, сепак не избега од смртта.
    Мислам дека смртта не може да се предвиди. А и да може сигурно така јавно не би презентирале затоа што главна окупација на секој би било тоа и незнам како би функционирал светот.
    И да е точна таа теорија сепак ние не сме толку стручни лица за да јас забележам дали ми се исти десната или левата страна од лицето. Секој ден различно се перцепирам во зависност од расположение :) . Тие услови на иста идеална половина мислам дека не би можело да се види со голо око, единствено правење на симетрија па преклопување на комп....ма појма немам :)
    А и да знам, која би била поентата од откривање на непознатото, тогаш животот не би бил интересен и незнам која сврха би ја имал. Се е прашање на време, друго ништо.
    И да, во никој случај не би стоела пред огледало за да ја пронајдам симетријата :$ несакам да се замарам со иднината туку ќе чекам сама да се случи
     
    На heart.stealer, Danilela, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека се може да му текне, како што рекол дека може смртта да се предвиди според болестите, па добро секој човек тоа го знае, не ја гледам тука неговата филозофија за предвидувањето на смртта, а најмалку со изедначување на ликовите/симетрија.Мислам општо познато е дека ако болеста е неизлечлива дека можно е да настапи смрт, незнам зошто таа негова теорија да ја потресува цела Европа, прво ми е смешна, а второ нелогична.Сега ако земам јас да набљудувам нешто или истражувам, којзнае што ќе откријам.Никој не може да ја предвиди смртта, а нити пак да поставува теории за тоа.А за изедначување на ликовите, нема врска, доктор по медицина е, а би требало тоа да го знае, на крајот на краиштата и немора да се знае многу медицината, па и мало познавање на анатомијата на човекот е доволно за да се утврди дека неговата теорија воопшто нема никаква логика.
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    :D Не знам за ова со симтеричноста на двете страни на лицето, колку е знак дека ти дошол крајот, јас знам дека ќе му се израдувам конечно на левово око, ако стане помалку шашаво одошто е и заличи на ова десново, оти секое шминкање од кожава ме вади... а богами,искрена да бидам не само за лицево, него и деснава да заличи на левава груда :D
    Знам за во астрологијата дека постои таа можност да се определи, не само на тој чија натална карта се гледа, но и на блиски роднини. Само што сето тоа зависи од спретноста на астрологот што ја проучува наталната карта, од техниките што ги употребува за да го „тумачи“ односот на планетите и се остало што се набљудува. Колку е тоа прецизно и вистинито не знам, не сум се нешто посебно интересирала во таа област та да тврдам било што. Но, знам дека грешките се главно бидејќи погрешна техника е употребена и при набљудување на односот на некои си планети што кажувал дека човекот што ти знам, ќе се разболи, не го зеле во предивид и односот кон нив на некои други планети, кои ќе значат дека човекот сепак ќе куртули.
    Али, не би сакала да знам. Колку е толку е :D само нека не ми каже некој е баш волку е, оти ќе ми го скуси животот буквално.
     
    На MSkorpionka и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. little.piggy

    little.piggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Еднаш една професорка ни зборуваше како за убаво лице се смета лице кое е симетрично , притоа наведе неколку познати личности и тие биле убави главно зашто имале симетрични црти на лицето ...
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Не е толку битно да се предвиди смртта колку што е битно да се биде подготвен за истата. Ако знаеме дека смртта е само одвојување на нашата душа од физичкото тело и преоѓање на душата во духовната димензија каде си ги зема со себе своите карактерни(добри и лоши особини) тогаш побитно би било да си го поставиме прашањето: како живееме? како се однесуваме кон себе си, како кон луѓето околу нас? а како кон природата и животните? Оти она што им го правиме на другите, во крајна линија си го правиме самите на себе...

    еве еден линк на хрватски за понатамошно читање и размислување:
    Секој умира за самиот себе - живеење и умирање за да се живее понатака
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ова нешто како Final Destination?! :^)
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kратко и јасно да.Cе осеќа тоа, човекот кој треба да си отиде, си знае!
     
    На Hopeful, A-j-a и crazylady им се допаѓа ова.
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Можеби... Но јас неколку пати сум предосеќала нешто такво , во смисла сонови, чудно претчувство,а уште сум тука :^) . Ако може јас не би сакала да знам зашто тогаш трагични би ми биле последните денови, часови ....................
     
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Да може. Дедо ми е пример за тоа. Тој неколку години пред да умре секоја година на исти ден сонувал сон за својата срмт, знаел точно како и каде, само не знаел која година. И овој сон не го кажал на никој од семејството освен на еден прјател кој го заколнал ама баш на никој да не го кажува додека е сеуште жив. И така направил човекот навистина на никој не кажал, дури по некое време одкако починал дедо ми и кажал на баба ми за сонот и се се случило како што било во сонот. :( ;(

    Јас му се восхитувам на дедо ми!!! Само замислите да знаете точно како и каде ќе умрете, да си ја знеш соствена смрт, како ќе завршиш и со години на еден исти ден да го доживуваш тоа уште пред да се случи во реалноста, цело време да го чуваш тоа во себе, без да го споделиш со најмилите, да не им покажеш ни трошка сомнеж дека нешто се случува, а ти секоја година доживуваш хаос, безизлезност и агонија во себе дека засекогаш од овој свет ќе ги напуштитш своите две мали деца и жената на кои толку им требаш и сакаш да бидеш со нив и да ги доживееж сите радости и успеси кои ти се одземени.

    Ова го може само психички зрел и ептен стабилен човек со крајно здрав разум и и цврст став и огроооомна љубов кон своите најмили. Ма човеков е херој за мене. Тој кој реши да те одземе од нашите животи толку рано не само што не помислил колку ќе и требаш и недостасуваш на ќерка ти, туку не ни помислил и дека во иднина на твојата внука крајно ќе и недостига ликот и улогата на дедо и. Иако ја немав среќата да те запознам и растам со тебе, под еднакво ме боли и ми фалиш како и мајка ми. Те сакам дедичко кај и да си и се надевам дека сте конечно заедно со мајка ми после толку години разделеност. ;( ;( ;(
     
    На barbyyy, Whitecloud95, Miss.Ricci и 4 други им се допаѓа ова.
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас на пример можам да ја предвидам смртта.

    На дечко ми...а се ми се чини дека ќе си ја предвиди и он сам, ако не се придружува на правилата на куќата. :D :D ...Или па не е смешно м? :^)
     
    На Sanjichka007, Sara123, MarchelineAmaru и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    пред неколку години слусав зени расказуваа за некој цовек сто во скоро веме умрел и бил пред тоа на гатацка и му рекла на незнам кој ден но точно му казала кој ден ке умре од камијон и он тој ден не излегувал од дома и внуцето во соба си играло со комионце и го фрлило кон дедо му и дедото умрел на лице место
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Незнам колку е точно ова за "изендначување на лицето" но мислам дека пред смртта осеќаме нешто неописливо кое не ни дава мир а сепак не сме свесни зашто е тоа чуство.
    Еве дедо ми пред да умре,бевме кај него ден пред празник беше и реши да не испрати таа вечер (никогаш не го правел тоа).Освен што не испрати мене ме фати за рака целиот среќен и ме однесе во продавница каде што ми купи се што сакав и ме држеше за рака, :?: а за ситуацијата да биде уште позбунувачка и рече на мама - Утре салатите ќе ми ги донесеш така? - мама рече - Секако,секогаш го правам тоа - а он од никаде извади 1,000 денари и и ги даде на сила викајќи ЗЕМИ ГИ,ТОЛКУ ИМАВ,ТОЛКУ МОЖЕВ - никогаш не го правел ова,секогаш нормално без пари му носевме се што требаше. ;( Исто и многу други така имаат направено.Другарите од Радишани што беа убиени,едниот од нив пред да излезе им рекол дека ги сака и дека секој ден е како последен. :?:
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    мој личен пример... откако почина мојата братучеда која имаше 20 години, ги средувавме нејзините работи, собирајки ги нејзините книги од една тетратка испадна ливче... го отворив ливчето и на него го имаше опишано својот погрег до детали се како што се случи... а исто така пред да почине јас сонував како ми вадат заб и ме болеше и многу крв ми течеше (некои велат кога сонуваш како ти вадат заб некој ке почине)...
     
  15. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Дали смртта може да се предвиди?
    Јас ви тврдам дека може,затоа што сето тоа го осетив.
    Неколку години наназад сонував многу лоши соништа, а последниот месец пред да почине мојот сопруг постојано имав чуство дека во куќата ке има смрт,ама тоа не беше чуство за да ме плаши туку едноставно како тоа да е најнормално да го чуствувам. А што е најстрашно вечерта пред да почине се враќавме од гости со кола и тој по темница ме натера да излезам од кола и да седнам на неговото место за да ме научи да возам.Јас секако не сакав да учам да возам по темно и го одбив.Следниот ден се случи да го изгубам засекогаш и тошгаш сватив дека сигурно и тој имал некој предосеќај штом така наеднадш преку ноќ сакаше да ме научи да возам.Со него бев многу години зарем немаше време до тогаш да ме научи ако навистина тоа го сакал?.По неговата смрт помина малку време и јас положив и сега ја возам колата. И сметам дека сепак има некоја сила што сето ова го може да го предвиди.
     
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ова што го прочитав ме наежи мојата мајка исто сонувала сон и ми рече јас ќе си умрам од ракче,јас збунето ја гледав и и велам да не почнале да ти се мeшаат канали во таа твоја убава глава таа се налути демек сум ја навредила, заминав во студио да припремам емисија и дури кога се разболе и почина не се сетив на овие зборови кога го прочитав постот наА-ј-а и сега кога ќе се потсетам таа навистина почина од рак
     
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може да се предвиди.
    И тоа е дел од овој процес, и мислам дека кога телото се подготвува за тоа, нашата свест го регистрира истото.

    Јако е да си жив.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Може да се предвиди нормално.
    Не зборам сега за несреќни случаеви.Туку за самото функционирање на човековото тело.
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Секој од нас предда умре лувствува на некој начин дека ќе почине.Мајак ми пред да почине вечерта побара да спијам заедно со неа,а никогаш не го побарала тоа претходно и убаво се сеќавам дека ми кажа дека ме сака многу и да сум цврста.
    Вујко ми пред да почине ме барал мене деке ме немаше видено 2,3 недели и рекол да дојди да и кажам нешто.Што,никогаш не дознав.Еве и некои мислења кои што ги пронајдов на оваа тема:
    Смртта е најголемата мистерија за луѓето, а можноста да дознаат кога ќе умрат, отсекогаш истовремено ги интригирала и плашела.

    Сепак изгледа дека и смртта има одреден ритам затоа што ако сте постари, имате 14% поголеми шанси да умрете на својот роденден, во споредба со некој друг ден во годината, 13% повеќе шанси да умрете поради воспаление на белите дробови, а покрај тоа, најголеми се шансите и да умрете претпладне, околу 11 часот-Точно во 11 часот почина мајка ми :( .
    Последното предвидување дека смртта најчесто настапува околу 11 часот наутро, објавено е во истражувањето на магазинот "Annals of Neurology", кое што се занимавало со проучување на генот кој влијае на биоритамот.

    На тој начин, Андреј Лим и Клифорд Сапер успеаја да "предвидат" во кој период од денот луѓето најчесто умираат.

    Едно од најинтересните откритија поврзани со времето на смртта е она за улогата на технологијата, или поточно, за недостатокот од технологија.
    Биоритамот, покрај регулирањето на периодот во кој ни е потребен сонот, го одредува и времето во кое е најголема можноста да се случат големи здравствени проблеми, како што е срцевиот или мозочниот удар.

    Тоа значи дека "ослободувањето" од технологијата, кое доаѓа со пензионирањето, на крајот може да резултира со строга "редовност" на смртта.

    Сапер и Лим преку своето истражување заклучија и дека постои еден одреден ген кој одредува како секој човек го доживува времето.

    Анализите на податоците овозможуваат поврзување на заклучоците и одредување кој период од денот е "најпогубен" за луѓето.
     
  20. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    cudna rabota...