Ако има слична тема ве молам да го префрлите таму коментарот. Значи ме интересира колку глумите во животот, каков е вашиот став за таквите луѓе , и кога имате некој таков во близина како се однесувате со него... Да почнам од себе , јас , можеби е тоа моја маана, но не сакам да глумам .. Им кажувам на луѓето во лице што мислам за нив , не знам да глумам... можеби да знаев полесно ќе поминев низ животот , но ете, не ги поднесувам таквите... А гледам околу себе дека повеќето што ги знам паѓаат на глума, лицемерие, неискреност и лажни насмевки и лажни убави зборчиња, и дозволуваат тој некој да ги користи и пак имаат највисоко мислење за таа ''личност''....Се прашувам дали не можат да приметат кога некој им глуми , или не им е важно што тој некој мисли и чувствува за нив се додека им се смешка и им кажува пријатни зборови... Да признам дека во последно време почнав да размислувам и пред да реагирам во себе да си одберам која моја реакција или збор најдобар избор е за таа ситуација, да не се залетувам со мојата искреност , но сепак никогаш не би можела да глумам дека сакам некого кого не го сакам или некој негов близок , или да се преправам дека сум поинаква само за да бидам со некој или да добијам нешто.... Кога ќе осетам дека некој е таков обично го избегнувам , се плашам ос таквите лицемерни луѓе кои имаат маска, и можеби од сите мои изгорувања во животот станав малце крута , па не можам толку да се зближам до некој како некоја глумица која ќе се појави од никаде.... Дали вие и кога глумите, каков е вашиот став за ова лицемерие што го гледаме околу нас, до колку го оправдувате и како се справувате кога некој на вас ви глуми или кога гледате дека некој ваш близок е занесен и не приметува дека е во заблуда за некого ??? Чекам коментари позз
Факт: 98% од луѓето околу нас се глумци. Секој на секого му изводи, му се улигава, упикава... Се е во име на интерес денес. Биди тоа што си со најблиските, а за останатите - глуми им и ти. Порано многу бев бесна на такви луѓе, не можев да се изначудам и да се справам со таквата дволичност и стално го кркав подебелиот крај. На таквите луѓе и да им кажеш што ти смета во лице, џабе ти е, или ништо нема да се смени, или ти ќе испаднеш лудата, лошата итн. Затоа, уживај и пливај. Не се замарај со нив. Јас мислев дека никогаш нема да научам да играм по нивни правила, но за да опстанеш читава - се‘ ќе научиш. Не ти велам без потреба да изводиш. Пример... колеги/ки на работа. Се прават луди? Прави се и ти. Т.н. другарка се однесува така? И ти кон неа - со иста мера и малку по малку дистанцирај се. Од лично искуство ти зборам. Некој можеби ќе рече дека ќе биде тоа што е, без глумење, без циркузи. Тоа е како да се слушам јас пред неколку години. Низ целиот свет има луѓе, што би рекла ти - глумци и не ретко тие се наши претпоставени, наши колеги, луѓе од кои утре ќе ти притреба нешто. Така си функционираат нештата. Тоа е тоа.
Темата е многу интересна.Мене ми имат кажано дека можам да глумам многу убаво,значи глумење не лицемерење. Иначе не поднесувам некој да глуми а после да си го покаже правото лице,што е чест случај,и мене ми се случи баш со семејството на дечко ми,мислам хелоу после 3 години ми кажуват дека сум непожелна кај нив .Јас сум ептен директна ,си кажувам во лице што мислам,не критикувам никого без потреба и тоа се злоупотребува.Едно нешто што го забележав е дека таквите луѓе секогаш ќе ви навестат нешто одоколу или со тонот ќе се ,,издадат,,сами. Сум спомнала и во друга тема,највеќе мразам прекриени маски,нема потреба од глумење и преправање,но секако ако тие имаат корист од тебе ,ќе се лигават по тебе а потоа ги нема никаде.За таквите лицемери јас не губам ни минута од мојот живот повеќе
Оф леле... јас одамна ја поминав таа фаза, кога најмногу од се на светов сакав да живеам во утопија. Колку само сум имала бујна фнтазија! хахахаха Постојано се трудев да бидам фер со сите што ги познавав, никому не сакав да му наштетам (не дека сега сакам, напротив). И така, после многу случки каде наместо да ти се благодарни што си им помогнал, ти уште ќе испаднеш и главниот виновник, јас научив една многу важна лекција во животов мој - луѓево се страшно многу покварени. Ако те сетат дека си добра личност, готово, го обра бостанот. Ќе ти ја цицаат крвта се до последна капка, притоа убедувајќи те дека ти се најдобрите пријатели. Знам како е тоа, веќе доволно попуштав, доста е веќе. Цело време бев свесна за тоа, и упорно бев онаа лошата која за се е крива. Си се лутам на сама себе што сум била толку добра со сите, јас уствари на себе си штетев. А дали глумам? Добро прашање. Одговорот е ДА, морав! Несакав да го правам тоа, ни сега не сакам, ама едноставно морам, очигледно тоа е единствениот начин да преживееш на оваа планета. Луѓево сакаат да им се смешкаш, да им се лигавиш, да им тераш филм дека многу си среќен што ги гледаш, и тн... Само се трудам со никого да не споделувам интимни ствари, никој не мора да ми ги знае тајните. И да, што се случува понатаму - значи кога глумиш, познати ти се добар дел од тактиките за глумење (барем оние основните, иако со тек на време и многу повеќе ќе се усовршиш) и така ти најчесто можеш да препознаеш глумци. Е сеа, твое е дали ќе настапиш отворено со нив или не, се зависи од тоа кој се тие, каква врска имаш со нив. Не мораш да се караш со никого, ниту па мораш да бидеш искрена. Едноставно игнорирај ги тие со кои сметаш дека не може нормално да комунуцираш. Нема потреба со никој да се замеруваш, зошто да си ствараш непријатели со сила? Биди фина со сите, што не значи дека не знаеш какви гадови се и дека се согласуваш со нивното идиотско понашање. Еве јас на пример, реков дека глумам, да, точно е тоа, но мојата глума не е со лоша намера, туку тоа го правам за да се заштитам од лицемерните, така што нема да бидам искрена да им кажам в лице дека се идиоти, туку ќе си се смешкам и ќе си стојам на дистанца, се додека тоа мене лично не ме засега. Е ако ја преминат и оваа граница, тогаш ќе се мислам како да се справам со нив, макар што со таквите не вреди да се расправаш, тие се такви што со нив никако не се излага на крај. И за крај, последното прашање: Ако некој мој близок е во таква ситуација, јас не би му кажала директно, од проста причина што лицемерните на се се спремни (мислат дека сите се како нив - правило број еден!), па најверојатно уште со време му ја наполниле главата со глупости за да не може никој друг во ништо да го убеди. Пробај да најдеш некој цврст доказ за сам да се увери дека не го лажеш, инаку ништо нема да постигнеш. Претпоставувам дека имаш таков проблем штом праша, корегирај ме слободно ако грешам. Немој од ништо да се плашиш и да се малтретираш сама себе за луѓе кои за тебе ништо добро не би направиле. Живеј си го животот онака како ти што сакаш. Ти посакувам се најдобро
свеет колку и да не сакаме да веруваме ..сите глумат. покрај работата, мислењето една од битните разлики меѓу човекот и животните..мислењето ( кај повеќе луѓе) буди свесност за последиците од своето понашање , па колку и да сакам да верувам дека не глумам или дека и ти не глумиш -сепак неможам тоа да го замислам практично во реален живот. Замисли имаш некој серко шеф на работа и ти идеш од прв ден ( нешто малку те изнервирал) му плеснуваш у фаца- уоу аре ан есхолл.. Или чекаш ред на шалтер чекаш саат време и теткицата нешто те од**буе као ти фали некое небитно парче хартија. дали одма ќе ја почастиш и неа и нејзината фамилија со комплименти и поздрави или ќе пробаш да ја извадиш ситуацијата. Ипак ова не е швајцарија или уса па мора човек донекаде да плива низ институционалниот живот . Уствари постојат луѓе кои не глумат али тие не живеат во ваква средина ( живеат во планина негде чуваат овци или живеат во некое племе) . Заеднициве во кои живееме спрегите на општеството бараат да функционираш со многу луѓе ...а кој би можел да биде искрен со сите. Доблест е и да можеш да се прилагодиш во друштво кај што има и серковци и све. Али не да бидеш лицемер- или да ги глумиш своите карактерни особини Прашање е колку глумиш и за што глумиш. можеби никој нема право да суди но мене коса ми се крева од девојки што глумат фини да се упикаат. мразам пријатели што глумат пријатели од интерес. ама кој сум јас да судам. има нијанси точно е . Лицемерие е ако на шефот од погоре му се упикуваш , го премачкуваш со комплименти како он е многу ок човек и се дружиш со него после раб. Глумење на карактернби особини или животен стил би било и дечко глуми шизик или ганстер а не е и девојка глуми фина или јака риба . Мислам немам ништо против луѓето кои решиле својот внатрешен крш да не го поделат со останатите луѓе дури мислам дека тоа е правилно ..ама да проектираш карактер или личност што не си. Дури и слеп по некое време ќе те прочита. Али кој да суди на девојка што решила да се смени и да почне фреш ? Или на дечко кој само искрено посакува да и се допадне на некоја девојка која мисли дека ќе ја заинтересира ако се прави шизик фраер или штознам што ?
јас можам да глумам ама за у филм ма можам и ака да глумам ама не сакам а иначе трпам премногу кои глумат
Не глумам, ниту пак можам да трпам такви луѓе околу мене. Секогаш сум искрена, што можеби ми е и мана бидејќи не многу можат и сакаат да ја прифатат вистината таква каква што е, меѓутоа тоа е тоа, таква сум и не можам, а искрено и не сакам да се сменам. Подобро луѓето да знаат што мислам за нив отколку пред нив да глумам дека незнам колку ги сакам. Така постапувам јас и така сакам да постапуваат со мене, во лице да ми кажат што мислат за мене барем да знам на што сум. До душа таквите и многу брзо се откриваат на овој или на оној начин, така да џабе се мачеле хахах. Не знам зошто би глумела кога еден ден тоа ќе се открие и тогаш што...
Трпа, трпам, трпам и слушам. Ако уфилманата торутура продолжува, само чекам погоден момент да со еден збор им го доближам тлото под нозете. Не губам време со замарање, ама ако упорно некој си ја бара невољата со борина, богме и ќе си ја најде. Попуштам каде треба, ама не премногу ни да ме газат
Секогаш се кажувам во фаца и го решавам проблемот, само не трпам глумци околу мене. Конкретно се скарав со колешката од работа која ми глуми година дена светец уствари е подла и кога и ги кажав сите работи во фаца веднаш се пожали кај претпоставените. Е такви глумци не ми требаат плус тоа и лошо глумат
Лично мене ако ми смета нешто го кажувам тоа директно без заобиколување. Кај мене е грешка што очекувам истото да ми биде возвратено , оќчекувам луѓето да бидам искрени со мене како што сум јас со нив , но знаеме дека тоа е реткост во денешно време. Светот е полн со лицемерие и нечовечност. Сите сме луѓе но ретко кој е човек ! Jaс најмногу се лутам кога некој ми глуми и незнам како иммам способност да ги сеќавам таквите глумци. Среќа ме нема некој премногу повредено со неговата глума , не сум дозволила !
Камо да можев да бидам добра глумица, ама јазиков ми е побрз од паметот и незнам да избројам до 10. За се морам јас да си го кажам моето и посакувам да сум малце потактична, зашто гледам од околината дека така се успева. За среќа,полека учам да препознавам кај другите кога ми глумат, особено кога се врткаат околу тебе кога им треба услуга.
Во суштина сум директна и искрена, глумците ги игнорирам и ги шуткам во некој ќош. Глумења лудила одамна не се во мода..
Не не сум,се трудам да бидам колку што е можно пореална,освен ако не сум приморана за мое добро...а луѓето што глумат ми се многу патетични,гледам да ги избегнувам...
Никогаш не глумам и можам да кажам дека тоа ми е најголем проблем во животот.Секогаш сум била искрена и кога треба,и кога не треба и затоа ми се враќа на ваков начин.Во денешно време само да си глумец и лицемер,само така успеваш за жал. Не трпам такви околу мене а ги има многу.Додуша денеска повеќе глумци има отколку луѓе кои го кажуваат она што го мислат и не се улизуваат за после да те повредат на најлош можен начин.
Не сакам да глумам. Посебно не во врска. Секогаш сум искрена и се преставувам каква шо сум и дури страв ме фаќа тој да не ме запознае на некој друг начин, сакам да ме љуби со сите мои маани и доблести. Мистериозност пред други кога решам со некој да бидам, ќе бидам без некои си игри и додатни проблеми, а уште помалку глумење некоја мачкица А и мислам дека повеќе сум интересна кога човек ќе ме запознае подобро Истото го барам и од него, речиси сеедно ми е како се однесува со другите ако е искрен и фер со мене. Само немој тоа да биде: сакам искрени и женски со став, а тој да сакал кротка Барби. Не дека не сум глумела до сега. Кога сум сакала да заштитам свои интереси, ама сега тоа не ми е потребно И ако увидам дека некој никогаш нема да се оправе и дека ЦНС му е пореметен не се замарам да докажувам некои работи туку едноставно се повлекувам и го оставам да тупи на празно. Дали е потребно глума? За жал, да.
Не глумам никогаш и пред никого. Директна сум, и самоуверена.... Мислам дека луѓето што глумат најчесто имаат проблеми со самодовербата- незнаат дали ќе бидат прифатени како нивното вистинско јас па почнуваат да изводат- Барем јас така ги гледам. Инаку, такви не можам да поднесам, имам запознаено неколку девојки кои глумат до крајност, таа едната не се смее колку и да е смешно ( не и е на ниво ) .... Pathetic
Искрена сум... Барем во повеќето случаи. Кога кријам нешто не се чувствувам мирно, веднаш проработува грижата на совест кај мене. Тоа ми е и проблем донекаде, едноставно некои работи не треба да се кажуваат. За жал понекогаш самата се издавам, колку и да сум сакала да скријам нешто. Не ме бива многу за глумење.
Значи не зборам за таква ситуација, кога на некој едноставно не му е смешно нешто. Туку ова девојче видно се труди да биде озбилна во секоја можна ситуација...само што, лоша и е глумата.