Дали сте дневна или ноќна девојка?

Дискусија во 'Слободно време' започната од cunga-lunga, 7 ноември 2010.

  1. cunga-lunga

    cunga-lunga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Дали повеќе преферирате да седите ноќе или дење пред PC? :)
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    искрено темава е или бело или црно :)
    ама ај нема врска :D , еве ќе продискутирам со неколку просто сложени реченички...
    јас сум ноќна девојка :)
    повеќе сакам да седам на нет ноќе, едноставно поубаво ми е... е тука веќе е слободното време, и се користи за нет :) (мада што понекогаш си дремам по цели денови, како последниве неколку :lol: )
    и тоа е од мене :)
    и да, :!: и за излегување сум ноќна девојка.
    повеќе сакам да излегувам навечер отколку преку ден 8)

    (е темава ме потсети на оние лексиконите што ги имавме како малечки :rofl: таков одговор дадов, не ми се верува :D )
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Јас па го сакам денот, ја сакам светлината, го сакам сонцето.
    И се повеќе денот го засакувам, наспроти ноќта, иако порано беше на некој начин обратно. Веројатно се со текот на годините.
    Поубав е денот и може поубаво да се почуствува кога ќе се стане порано. Во 2/3 часот преку ден кога ќе станам всушност ти испушташ СЕ, летнува времето и дремеш ноќно време за глупости.
    Сите битни активности во глобала денски се случуват, мозокот работи 200та на саат наутро, навечер му се спие и него.
    Е само ноќта е поволна за љубов.
     
    На esperanca, 1234girl, sparkle.q и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Со оглед на годините денот го сакам повеке ако ми е добро изорганизиран гледам секоја минута убаво да ми е исполнета.Нокта си ја сакам за кафанка,музика,цигаришта,алхохол,за водење љубов и романтика.Во последно време дома се прибирам после 24ч и можам да кажам дека сум ноќна девојка. ;) ;)
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Има една многу убава мисла: Тој што станува рано наутро - го зема најдоброто од денот.
    И навистина е така. Секој ден ми почнува рано наутро, ама мене ми се допаѓа тоа. За викендите знам и да си поспијам, ама и самиот организам ми е така навикнат, така што и без аларм веќе кај 9 саат сум будна. Сакам порано да станам и да го искористам денот. Не сум многу за седење доцна навечер.
     
  6. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    115
    Дефинитивно сум ноќна птица.
    Дремам на нет, гледам филмови, учам, пијам кафе... :)
    Убаво ми е кога ќе се разбудам рано, ама без разлика секогаш си легнувам доцна.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    733
    Со оглед дека сега е 7 часот на утро а јас не сум легната очигледно дека сум ноќна птица. Најдобро функционирам после 8 навечер, за било што дали за излегување или како што е денес случајот за учење. Некои ќе речат дека квалитетно зезнат биоритам имам ама најдобро учам после 12 навечер па некако се адаптирав на ваков живот. Сега еве кафенце, па на факс па после ќе спијам, а вечер пак иста песна :)
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.350
    дневна дефинитивно и тоа со години веќе :D штом се стемни мене ми се спие дури неможев ни да учам до касно ама па заоа ќе си станам рано сабајле кафенце мафенце и свежа
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    4.648
    Повеќе сакам да шетам преку ден, особено ако сум сама. Шетам и навечер - летните денови претежно и да останам до покасно одма мислам за моите дека како и сите родители се грижат: каде сум, со кој сум, до кога ќе останам.. Вечерта си ја оставам за некое добро хорор филмче. :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    498
    Дење сум приморана да седам пред компјутер така да тоа не се рачуна. Во принцип сум ноќна птица и знам да заглавам до раните утрински часови. Кога сум слободна, кога не сум на работа повеќе шетам преку ден отколку навечер. Ноќе учам, читам книги, пишувам проекти и семинарски, преведувам... потивко и порелаксирано ми е. Сепак колку и доцна да си легнам станувам рано, се освестувам со доза јако :coffee: и :smoke: за мене денот е почнат
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    389
    Јас се прилагодувам секако знам да останам будна до раните утрински часови а понекогаш и штом се стемни да си легнам.Се зависи од тоа како ми налагаат обврските,Летниот период обично денот пола го преспивам и сум ноќна птица.Но сепак ден си е ден и подоброе е ноќта да ја користиме за спиење,но сепак се е навика.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    136.324
    Пол:
    Женски
    Не функционирам ноќе, никогаш и не сум. Јас се држам до она „Зграпчи го денот“ во буквална смисла. Иако можам да останам будна до доцна, обично е заради забава или добар филм - значи нешта за кои не ми треба многу енергија. Добро, ноќта е создадена и за љубов и романтики (иако не сум толку романтична по природа). Никогаш не сум спремала испити по цели ноќи, само денот ми дава сила. Како што имам претходно во некој мој пост спомнато, функционирам на сончева енергија, т.е на дневна светлина, каква и да е таа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    336
    Главно сум дневна животинка. Ноќта им ја оставам на тие со гооолеми очи. Функционирам добро ноќе, но најубаво ми е кога ќе фатам добар ноќен сон.
    Останувам будна до многу касно само заради некоја причина, а вообичаено си легнувам во 01 часот :)
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Зависи од обврските,ако си направам манџа,исперам ,испеглам на време и денски ме пуштаат на нет,ако не под казна навечер:)))Се шалам нормално....

    До пред некоја година бев дефинитивно ноќна птица,стоногалка,желка....се ноќно:)Функционирав само ноќе и за учење и за гледање филмови,и за излегување...ама сега веќе не.
    Сите обврски си ги извршувам преку ден,па дури и седење пред PC, а вечерта ја чувам за многу љубов и за добар сон нели..
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Па, сепак сум дневна, со огледа на тоа што сум голема спанка, и се што правам сакам да правам денски, најубавото време. Освен за учење :) Е сега, ја сакам и ноќта, мистериозна и тивка кога е, за убав провод по кафеани, кафичи, да се нашминкам, да се облечам како што не можам денски, ама ако не ме фати спијалчето рано-рано :D И сега, штознам, сакам да се наспијам убаво ноќе, сепак дневна.
     
  16. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    ноќна дефинитивно, ноќта има нешто магично, волшебно што го нема денот :)
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.329
    Пол:
    Женски
    Каква дневна ви се молам,јас сум си ноќна хард кор,абе апла ноќна.Некако многу повеќе енергија имам ноќе,секогаш сум спремала испити и сум учела ноќе,најконцентрирана и без глупави прекини.Да требало да учам само преку ден немало факултет да завршам.И како дете памтам ноќта ја користев за смислување важни планови и стратегии,за разлика од сестра ми која веднаш штом ќе ја ставеше главата на перница заспиваше.

    И сега,многу се радувам на деновите кога немам обврски рано насабајле и можам да си поспијам.Тоа ми дава слобода да ја искористам ноќта и правам се она што не сум можела да стигнам да го направам во текот на денот,развлечена на сите страни од глупави обврски и уште поглупави луѓе во некоја стресна трка која само енергијата ја цица,а сатисфакција нула.Најубавите и најгрдите мигови во животот сум ги доживеала ноќе.Деновите ми се ....само неизбежни премини кон ноќите.
     
  18. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Повеќе функционирам ноќе и повеќе имам концентрација,но сакам работите да ги завршувам во текот на денот.Преку ден не дремам,па навечер сакам да сум отпуштена :) Има некое волшепство и во текот на денот и во ноќта....
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    И дневна и ноќна. Не смеам и што е поважно, и не сакам нешто да пропуштам. Сакам да уживам во денот, сакам да уживам во ноќта. Нема поубаво чуство од тоа кога целиот град тоне пред мене, смирен, тивок, само заталкани светла од нечии станови а јас на балконот си палам цигарче и во позадина оди некое опуштено музиче. Заедно со оној чад од цигарата го вдишувам и целиот град и си дочекувам изгрејсонце. Убавини!
    Изгрејсонце и зајдисонце, најубавите делови од денот, кои кога можам, не ги пропуштам! Каде и да сум. Со кого и да сум.
    Да имаше апчиња кои даваат чуство на одмореност, а богами и енергија, ќе бев наркоман. Навлечена на апчињава ми имагинативни. Џанки првокласен, во име на животот :)
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.973
    ЦЕЛОДНЕВНА 24/7 :rofl:
    ако е муабетот за пред ПЦ тогаш од 10 сабајле до 2 ноќе :D