И преку ден, и преку ноќ седам. Само што вечер сум по опуштена пошто сум завршила со сите обрвски за дента така да, ќе кажам дека сум ноќна
Некогаш дневна,некогаш ноќна,а понекогаш и дневна и ноќна девојка. Па што знам не можам да одредам.Се зависи од моето расположение.
Па,зависи..некогаш повеќе го сакам денот за дружење,шетње..некогаш пак ноќта..Инаку,често ми се случува касно да си легнувам,а да станувам многу рано бидејќи имам обврски,па пола ден ми поминува во трчање наваму,натаму..и обично кога ќе дојдам дома сакам да отспијам малце,и кога ќе се разбудам веќе е стемнето...тогаш излегувам,со друштво,се опуштам..кино,театар,кафич,дискотека..сеедно..навечер се опуштам и имам време за себе да се релаксирам..па би рекла дека сум ноќна девојка повеќе..и повеќе функционирам навечер..ми се дешава преку ден да сум многу уморна..па навечер да учам..дури и да спијам по 2,3 саати бидејќи седам до многу касно.Незнам зошто,ама јас повеќе функционирам навечер,тогаш имам повеќе енергија,поголема концентрација..ваљда поради тоа што си преспивам доста веме преку ден..и после навечер како вампирка сум лоша навика,знам ..ама тоа сум јас
Малку оф топик сум на почетоков ама нема везе... Тешки ситуации! Мајка ми ме има донесено на работ на нервен слом (за малку...)! Ми наредува во 11 да сум в кревет најкасно 11:30 (јас мислам дека е повеќе заради брат ми бидејќи тој се мота во дневна а навечер по ТВ се наоѓа некој филм со бакнување или секс и сеа демек тој да не гледа а на фб се му е "на мегдан" истаено ) и сеа си легнувам во 11 ипол и до 12-12 ипол пишам или читам нешто и после во 12 ипол или 1 гасам светло и продолжувам да си слушам музика до 2 сатот од на моето телефонче... Чак и си ја колнам судбинава што неам телефон на touch за да можам да правам муабет соо... Јасно де... И + цело лето испод 3 ипол или 4 (поретко) не заспивав...Уживав да си се излежавам на прозорецот и да ги гледам ѕвездите и месечината... Малку застарено ама не сум од оние што сакаат да пораснат! Anyway со ова би заклучила: I'M A NIGHT BIRD! :geek:
Искрено кажано,не сум сигурна,зависи од расположението,кога сум уморна не дремам пред компјутер до ниедно време навечер,а кога не ми се спие можам да терам и до 3 часот,подолго никогаш немам останато.И дневна и ноќна девојка сум,на лето сум повеќе ноќна девојка.
Летото бев ептен ноќна, не ми претставуваше проблем да сум до 6 часот наутро на компјутер и дента да функционирам. Ама сега сум дневна. Во 12-1 си легнувам, другиот ден во 8 часот станувам за на факултет и тоа ми е секој ден...
Дефинитивно ноќе кога сите спијат и јас можам слободно да си седам без да се секирам дали некое од децата ќе дојде да ми пишува по тастатурата.И тоа ептен ноќна птица сум и отсекогаш сум таква откако знам за себе.Многу често останувам и до 4 часот по полноќ кога ептен ке се заборавам на PC.
Пред да се омажам бев дефинитивно ноќна девојка Откако почнав да живеам со мм станав дневна девојка. Покрај партнер кој секој ден станува во 05:30, дури и на одмор, некако природно ми се промени и мене биоритамот.