Авторот на темата поставил малку поинакво прашање од одговорите, ама јас ќе останам доследна на Феминките и ќе одговорам како и досега приложеното Јас сум во принцип ноќна птица! Не дека сакам ноќ, ама во ноќта секогаш се случува забавата Но (секогаш мора да постои но), откако работам, не да не сум способна за ноќно лудување, таква бабетина сум станала што не можам да се поднесам За жал, моментално не сум ни дневна птица, затоа што цел ден го проаѓам на работа Така да, би кажала периодов (а, ова веќе трае со месеци), сум едно досадно бабиче, што си легнува во 00:00 часот и најубавото чувство во деноноќието и е кога ќе се мушне под јорганче Така да сега можете слободно да ме наречете: Спијачката птица Пфффф, катастрофа сум станала!!!
Дефинитивно дневна, па уште ако е пролет и ако е сончево СУПЕЕЕЕЕЕР! Ќе си се дотерам, ќе си излезам прво прошетка, па после по продавници (да се види што има ново ), па на ручек во ресторан или па во кафуле на трач муабет ехе уживанција...
Ноќна! Почесто седам навечер, тогаш се сите на нет и има со кого да се дружиш. Исто и денски понекогаш седнувам, но пак мора вечерта да се вклучам и така. На ноќе послободни се сите.
Јас денес во 11 станав , прв пат по не знам колку време . Во школо кога сум 2 смена станувам во 8 , 7 ипол .. ако станам касно како да сум пропуштила нешто Па така секој ден сабајле си гледам серија во 8 За излегување подобро ми е дење , ама и навечер излегувам нормално
Ноќна девојка.. Која мечтае за забавување до самите утрински часови.. Но ќе си почека, знаете како викаат кој чека ќе дочека.. Денски си исполнувам енергија, вечерно ја трошам
Па ако немам некоја работа преферирам ноќе да седам пред PC,дење ретко седнувам,а и не ми се ни седи гледам да излезам поготово ако е убаво времето....а ако е тмурно и врне најубаво ми е пред компјутер со кафе топло,музика тивка,прозорот е пред мене,врне ли врне,уфф најубаво
Јас и дневна и ноќна знам да го поминам и денот и ноќта пред комппјутер, а во однос на излегувањето исто така обожавам и дневно и ноќно, битно да е убаво
Зависи во која ситуација.За учење стриктно ноќеска.Не дека денски не сум седнувала да учам,туку едноставно ноќното учење ми се покажало како поефективно.Навечер сакам да читам и убава книга,да седам на компјутер на рает,некако навечер имам повеќе простор за сите овие работи Денот ми е убав за прошетка,за пријателско кафе и разговор некаде на сонце,посебно во пролет,ептен сакам да шетам денски..
Не сум ограничена личност мразам да живеам според непишани правила и принципи Од мене се може да се очекува во било кое време можам да јадам ,спијам,седам на пц,излегувам,пијам кафенце ,учам итн итн да си имав одредено точно време за кога што како досега ќе полудев
Ноќна. Легнувам касно но пак станувам рано. Но едноставно не можам да функционирам преку ден. Ни да учам, ни да работам ни да се забавувам нити ништо. Едноставно ноќта ми дава живот. Ама преку ден сум па посреќна
Ноќна.Навечер се ми е полесно и имам повеќе желба за се.И учењето навечер повеќе ми оди отколку насабајле...
ноќна. касно легнувам, од сабајле не функционирам никако, навечер сум поконцентрирана за се, посебно за учење, повеќе сакам навечер да шетам... итн итн итн
Ноќна дефинитивно! Многу касно легнувам, а некогаш ми се случува да легнам рано сабајле и цел ден да го преспијам. Навечер сите работи ми одат подобро од рака, имам поголема концентрација, подобро сум расположена и повеќе сакам да излегувам навечер.