Сакам повеќе вечерни излгеувања отколку дневни, сакам повеќе прошетки навечер отколку преку ден, навечер останувам подолго на компјутер, навечер ми беше полесно да учам, повеќе сакам да купувам облека за вечерно излегување, навечер не ми се спие додека преку ден знам да бидам често поспана... тоа би значело дека сум ноќна девојка ! Мене ме опушта летна ноќ, без разлика како ќе ја поминам, дали дома пред компјутер со отворен прозорец, дали ќе пешачам во парк вдишувајќи од чиситот воздух, дали ќе лежам во креветото зјапајќи во таванот и размислувајќи за нешто убаво, дали ќе шетам по улиците зјапајќи по излозите, дали ќе седам во некој кафич или ресторан со друштво...сеедно,што и да правам сакам да го правам навечер ! Поубаво ми е, се осеќам како сите обврски да завршиле па ми преостнало само уживање! Затоа сметам дека сум ноќна девојка!
зависи,во некои периоди на пример сега пролет лето ми е пубаво преку ден да одмарам а навецер да се убијам во сетање се до наредното утро,кога е поладно не ми сета ни преку ден ни преку ноќ едноставно барам само толо субувце али сум повеќе за вечерните излегувања,поубаво е има повеќе луѓе,кого да го видиш да муабетич,забава гужва,гласна музика.НОЌНИ ЛУТАЛИЦИ
Дневното светло, секогаш го заменувам со спуштени ролетни и светлина од столни ламби, опуштено гледам некое филмче од оние ефтините лимонадки што го пуштаат мозокот на испаша и имаат среќен крај. Ноќта повеќе ја сакам, се чувствувам попријатно, ставам појака шминка, се дотерувам, рака под рака сопругот, некогаш и другарките, детето го оставам на спиење кај „баба-сервисот“ и си ги празнам батериите максимално. Но ова се случува,само еднаш месечнокако мензисот .Колку и да сум љубител на ноќта, преку работната недела, јас попаѓам попрво, отколку лисјата на А1.
Денски сум порасположена за муабети и дружби, сакам зафрканции. Ама ноќе, после 12 посебно, ме маваат тие креативни моменти, главно се буди “уметникот“ во мене и тогаш читам, пишувам, учам некогаш, цртам... Има нешто помеѓу? Најмногу сакам кога се стемнува.
Дефинитивно ноќна Преку ден да правам се што треба, ама затоа па вечерта не си ја испуштам за некоја добра журка, филм, друштво , средување на нокти, коса, релаксирање у када...се ми истекне ноќе да правам.... Или како последната недела „дежурен чувар на куќата 23/7„
Па една добра златна средина .Сакам и ноќе и дење .Мада можеби некој процент повеќе ме влече кон ноќта бидејки испагаме кафичи ова она ,журки
Дефинитивно ноќна птица, но не од оние што цела ноќ ја поминуваат пред компјутер, туку од оние што шетаат и сакаат да уживаат во секој миг поминат далеку од светлината на денот.
Дефинитивно сум дневна девојка, неможам да функционирам ноќно време, освен кога малиот ми е болен. И кога не бев мажена неможев да функционирам ноќно време. Никогаш не сум можела да учам навечер , строго преку ден.
и ноќна и дневна.. летово незнам ни кога легнувам ни кога станувам.. се ми се поремети,ама супер ми е
Дефинитивно дневна дури никој не ми верува сите си мислат којзнае колку ми е забавно и интересно и дека никогас не ми е досадно уфф тој форум гола вистина