Дефинитивно дневна (иако е парадокс што на прашањево одговарам после полноќ додека си пијам кафе пред компјутер). Како за оправдание - симнувам програми на лап топот и не можам да ги прекинам па да го искористам времето рационално додека сите спијат. Дури и за време на викендите и слободните денови, сакам да станувам рано. Вообичаено легнувам пред полноќ, и станувам најдоцна до 10 часот. Сакам да го „фатам“ денот уште од рано наутро и да го искористам максимално. Доцна навечер останувам само за време на испитни и колоквиумски сесии кога не ми се знае што ми е ден, а што ноќ.
дневна, станувам рано дури во 7 часот дури и кога е викенд, гледам да го искористам максимално денот, а за вечерта да бидам слободна, па знаете нели зошто...
Ноќна. Едвај чекам сите да си легнат, па да бидам сама. Одам во дневна и ги пуштам сите лампи. Обожавам пригушено светло, па да си пуштам филмче, да почитам книга (еден ден ќе ги барам очиве), на нет... и успат нешто да си јадам. Па одам некоја минута на тераса, абе ја обожавам ноќта уживам во неа! Дење исто ми е убаво, сонце, шетање...имаш повеќе активности. Али ми ја нема таа магија како кога е ноќе.
Дефинитивно дневна кога станува збор за дружење и забава, излегувања, го обожавам денот и најисполнета сум кога ми е цел ден во движење и сретнувам многу луѓе. Во денот ги полнам батериите а навечер ја трошам енергијата и ако не излезам не ми е проблем, а ако имам домашни обврски највеќе ги завршувам тогаш зашто ми се полни батериите, пошто сум слободна нели
Ноќна. Тогаш ми е најмирно, на раат си читкам нешто, гледам филм, никој не ми смета. И кога сум многу уморна или нервозна, навечер се ми поминува, особено после туширање. Ноќе извира од мене оптимизам и позитивна енергија.
хахаха зарем во мојно градче има ноќен живот па да бидам ја ноќна девојка..жалосно за мене...сепак дневна сум го сакам утрото исполнето со утринско кафе и лесен појадок заедно со пријателките
ноќна се разбира тогаш никој не ме замара моите сите спијат не ми ѕвони мобилниот, можам едноставно да си искулирам да си гледам филмче или на интернет да седам па да си посветам малце внимание на себе да си ги излакирам ноктите облеката да си ја распоредам и многу др работи и на крајот ќе се истуширам и легнувам ^.^
утрото.... појадок во мир и тишина,првото утринско кафе на раат со цигарче ... па после сум спремна за динамичниот ден и нок
Дневна.Ама па некогаш и ноќна ..што знам Повеќе сепак дневна,навечер сум за спиење само,слабо активна .. освен некои периоди
Зависи кога како. Еве оваа вечер сум најти грл. Но вообичаено си легнувам рано. А за седење на компјутер тоа го правам повеќе навечер затоа што преку денот немам толку време.
Ноќна дефинитивно! Додека бев на факултет така терав,дење спиев,ноќе учев. До пред некое време, извесен период морав да одам на работа во 7 часот наутро и тоа беше хорор за мене.Никако не можев да се навикнам. Сега, фала му на бога, имам среќа да работам од доста покасно, така да сум о.к. Страшно касно,т.е. рано сабајле легнувам.Ноќе размислувам,кројам планови,чистам,перам...тогаш сум најактивна.