Дневна,иако ноќна звучи пофенси Каква ноќна,1 саат најкасно паѓам за спиење,не можам да извршам никаква обврска покасно од тоа. Незамисливо ми е,ниту пак некогаш ми се случило. И се чудам кога ќе ми каже некој дека навечер учи,се капе,гледа филмови,седи на пц.. Јас не,освен спиење друго не можам.
И јас сум дневна девојка. Го обожавам денот, сакам сите активности да ги завршам додека дојде време за спиење. А тоа е најкасно 1 сатот, во случај ако сум спиела дента или пак имам да завршам некоја работа за училиште. Како и MandyLane, и јас неможам да се замислам касно навечер да учам или да се капам. Искрено, вечерта мене ми е за одмарање, а не секогаш за спиење бидејќи во последно време се случува да неможам да заспијам и до 4 сатот. Дента не ми се спие воопшто, но следната вечер легнувам преморена и често се случува да не го чујам алармот за училиште, па каснам.
Дефинитивно ноќна птица.Едноставно ја обожавам ноќта и можам и да учам,да сурфам,неке филмче,кафенце ноќно Но и дење сакам да седнам на кафе,да прошетам малку шопинг
Значи сиво. Дел од активностите ги правам дење, другиот дел ноќе. Еве учам ноќе (поголема концентација), повеќе јадам ноќе (уставри јадам по цел ден ) ), дење читам, седам на пц, музика итн..
Ноќна дефинитивно. таков ми е биорититамот се повампирив. Не паметам кога сум си легнала пред 1, се покасно и покасно, неможам да заспијам порано. И така навечер си учам, пичувам семинарски, се лакирам нокти хахаха...ме свакате де Секогаш после факс, кога ке си дојдам дома, јадам и одам на спиење и кога ке станам после 3, 4 саати спиење си продолжувам со обврските што ме чекаат за наредниот ден, или недела. А пак кога немам обврски пак си седам навечер до касно, само што или сум на пц или си гледам филмчиња, не е проблем секогаш си наогам занимација.
Охх колку сакам да сум дневна девојка сегаа... Ама не е можно.. Се ближат испити па поубаво ми е да учам ноќе и вака за време на паузи да си читнам нешто на нет... А учењето ноќе значи преспивање на цел ден, дури ми се случувало во темница да легнам, во темница да станам следниот ден. Ужас! А баш го сакам денот! Од февруари здравје боже, ќе си го вратам биоритамот во нормала
Ноќна, иако вложувам труд да го сменам тоа... И така пробувајќи испаѓа да не спијам, за да ги фатам и денот и ноќта...
Aпла ја =) ко да сум ти диктирала што да напишеш Истото се однесува и на мене, ма да мајка ми у последниве 3 4 дена ми мрси сметки- ме буди во 9 за да се навикнам да легнувам рано и да бидам ДНЕВНА ДЕВОЈЌА, ама некако тешко ми иде
Ноќна вампирка сум! Се трудам и се трудам да легнам во 3 бар како нормалните, ама слабо, слабо, последниве неколку дена 7 ме наоѓа, срам да ми е, лоша лоша девојка, која мора да си ја смени оваа грда навика, дефинитивно.
Се гледа по времето кога ги пишувам постовите. Дефинитивно дневна девојка сум. Така сум навикната одамна.
Хохо во 3 како нормалните? срце нормалните си легнуват кај 12, 1.Ние сме полоши и од ненормалните.ама гледам вечерва добра си.кај 3 заспа изгледа
Дефинитивно дење, зошто воопшто не сакам ноќното спиење да го менувам со денскот - потоа цел ден сум како мува без глава
Од понеделник до петок сум дневна, сабота и недела ноќна! Особено за време на распусти ко вампир некој цел ден го преспивам, а ноќе лумпувам! Ќе се вратам во нормала, ееее надежта последна умира..
Работам сменска работа, така да за мене некогаш ноќта е подобра од утрото, и обратно. Кога сум втора смена, користам преку ден да си завршам одредени обврски, да се напијам кафе како човек, да си зготвам ручек... И после на посла! А после работа, ми се случувало да отидам на забава, журка, концерт, сеедно, да се испукам, и да си легнам во 3, 4 по полноќ, но со целосно искористен ден. Спиење до 11, на работа од 16, после 00 - живот. Сега не сакам да трошам енергија толку и се посветувам само на прилики, кога навистина сакам да бидам некаде, доколку можам. А и зима е, не ми се мрзне низ градов само за да бидам некаде видена или да трошам пари.
И не можам баш да се одлучам али повеќе ми иде на кај ноќна. Повеќе ги сакам ноќните излегувања а и останувам до доцна вечер. Поубаво ми е кога ќе го преспијам утрото.