Многу сакам да шетам преку ден кога е убаво и сончево времето.Но повеќе се ставам во ноќна девојка зошто се што правам сакам да правам навечер,да искачам со друштво,да сум со него,да седам на нет,да фантазирам...повеќе сум активна во ноќта.
Дефинитивно ДНЕВНА ДЕВОЈКА. Денот ми почнува рано и не завршува доцна во ноќта. Тоа го имам поминато-седење до сабајле гледање филмови и седење на нет.Не дека не седам доцна. Јас гледам да извлечам и да изграбам се од денот,значи се што е можно. Сакам сончева светлива,всушност обожавам. Ноќе неможам толку беспрекорно да функционирам како дење.
Јас го обожувам денот. Многу ми е поубаво да седам на нет дење а и да излегувам повеќе сакам дење. Ноќе некако не ми е убаво. Јас сум си дневна девојка
Јас сум нокна птица...си седам навечер до касно , на нет, филмови, обавезно си најдам некоја занимација ...
порано многу седев до покасно ама сега за жал обврските си го прават своето, преку недела 11 и пол ми е најкасно а во викенд 3 ч
Ноќна секако.Обожавам и да шетам ноќе и да уживам...едноставно најчесто ноќе сум активна,затоа по цел ден спијам.