Да да. Еве ти го кажуваш, јас го правам и сите среќно си живееја. Секогаш се чини дека туѓите проблеми имаат едноставни решенија
А си разговарала со сопругот? Што вели тој? Многу често мажите се срамат да признаат дека имаат проблем, сепак има фази, или периоди кога либидото не е на завидно ниво, не само кај мажите, туку и кај жените, и не е срамота да се разговара за тоа. Ако сте во брак, сигурно сте биле претходно во врска, се знаете какви сте... не дека сексуалниот живот во врска е подобар од оној во брак, ама кога партнерот ти е погоден, сексот е одличен. Ако било се во ред претходно, а одеднаш се појавил проблем, причина има. Ама мора да се разговара за тоа, не да се турка проблемот под тепих.
Свесен е за проблемот, сме разговарале на секој можен начин, со фино, со грубо, со нежно, со висок тон и тн. Работиме на тоа, еве скоро 2 години. Искрено, го разбирам, имавме проблеми, што не се новост за возрасни луѓе. Бракот е многу покомплексен од врска, зошто е под повеќе влијанија, а стресот си го прави своето. Но и негрижата за себе си ги продлабочува проблемите. Искрено најмногу ми пречи што ја игнорира мојата сензуалност и ме изненадува со непревземањето на радикални мерки зошто гледаме дека овој пат не води кон решение. Се обидувам да не вршам константен притисок, тоа е исто контрапродуктивно...Па викам дај да си олеснам на душичкава, да си кажам, гледам има и други тука со мојата мака.
Навистина и жените, а и мажите се соочуваат со вакви проблеми во сексуалниот живот и една страна ќе биде постојано незадоволна. Не зборувам за сите, но никој конкретно не пишува што се случува кај другата особа која не го пружа посакуваното задоволство во сексот. Зборам за машките особи кои не можат да пружат максимум сексуално задоволство, а тоа може да биде поради безброј причини. Еве на пример во одредени моменти не може да постигна ерекција, во некој моменти брзо свршува и ред други работи да не ги набројувам, бидејќи ќе треба доста да се пишува. При вакви и слични појави жените кои сакаат да добијат искрени совети и мислења, потребно е да прецизираат што конкретно и фали во сексуалниот живот за да другите членови на форумот и дадат свое мислење, искуство, а воедно и пружат помош
@Saren petel да, и мажите и жените се соочуваат со ист проблем. Не знам што се случува во машката глава, но се обидувам да разберам. Можеби јас притискам на разговор за се, ама неразговарање ме вади од такт. Конкретно кај нас мислам дека е притисокот дека сакаме бебе. И не знам како да му го тргнам тој притисок од главата. Јас се радувам на тој факт дека после нашиот фантастичен чин ке добиеме ново суштество. За него изгледа е преголем притисок да се стигне до финале. Еве како да се тргне тој момент од главата? Зошто мене вака деца не ми се прави.
Како што потенцирав погоре постојат разни причини поради незадоволството од партнерот. Овај проблем сега навистина е проблем, а требало да го решите додека сте биле во врска пред да се земете. Кај партнерот сега има проблем, а тоа е неговата неспремност да биде татко. Сепак со разговор околу таа тема трба да се натера човекот, но не со сила, да свати дека тоа што го сакаш е врв на цашата ваша љубов. Додека тој не свати што буквално сакаш ти и дека тој треба уште повеќе да го сака тоа, дотогаш незадовокството кај тебе ќе трае. Значи, понекогаш и жената, а исто така и мажот треба да изиграваат психолози. Бидејќи овај проблем е до психата до ништо друго
Не сум имала ваков проблем лично , но ќе се обидам да помогнам . Не знам колку долго сте заедно со сопругот и колку пати конкретно сте се обиделе за бебе , но за да се тргне тој момент од неговата глава , не сметајте на плодни и неплодни денови , не разговарајте на тема бебе воопшто . Штом сакате бебе , веројатно мало изненадување нема да е на одмет кога ќе се случи . Шетајте и уживајте . Не мора на секој однос да свршува внатре , бидејќи така сеуште чувствува притисок . За да се оттргне од притисокот , мислам дека повремено свршување внатре добро ќе му дојде . Пробај да го натераш да не свршува внатре . Ако долго се обидувате , можеби ќе му дојде како предизвик , па ќе му стане возбудливо и ќе заборави на моментот " бебе " , ќе се опушти и .. воала . Мислам , секако , не секогаш е толку лесно , но од се срце посакувам да дојдете до целта што поскоро и да се остварите во улогата на родители за брзо . Искрено се надевам дека не е сериозен здравствен проблем , и само стресот си го прави своето . Знаеш , понекогаш на шега биднува поубаво , отколку под притисок кога е човек . Можеби ќе успее овој метод , па ќе ве читаме во тема бременост . Со среќа и се најдобро од срце .
Ова е веќе нов поглед и не ми текнало да избегнуваме баш тоа што сакаме да го постигнеме. Фала ти навистина.
Не си единствена и годините немаат голема улога. Едноставно некои луѓеза жал се по конзервативни и по досадни во сексуалните односи.
What the actual fuck ? Ај прашај го зошто не го прави она што тебе ти одговара за да бидеш исполнета и задоволна , ами она што него му одговара ? Можеби тој има швалерка , па со тебе е ради реда ( не дека има , да не бидам погрешно разбрана , ама ете стави му до знаење дека ако он се однесува така , дава таков вајб ) ? Како бе , може сите да се теудат да им удоволат на партнерките и партнерите , ама он , круната ќе му падне ако се потруди ? Најубаво , купи си вибратор , и пред него самозадоволувај се . И биди среќна . А тој нека се чуди .
Ne si ni prva ni edisntvena a bogami ni posledna sekogas ima periodi na kriza daj mu sansa daj mu vreme a najdobro e da sednete da zboruvate toa e najdobro resenie
da premnogu.... bi izlazal ako recam deka sekogas bilo taka. no tie nezadovolni momenti mozebi i ne bile predizvikani od nea... taa se trudi sekogas zadovolstvoto da e na nivo i usoeva......