1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте за или против алтернативна медицина?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Silver.E, 22 февруари 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу од темите за Алтернативна медицина станаа дебатно место за тоа дали сме или не за Алтернативната медицина, упорно растурани од лица кои се против.

    Алтернативната медицина отсекогаш постоела, постои и ќе постои.
    Темите служат за да си кажеме искуство, совети, знаење, а не на нив да дебатираме со расправии и исмејување, како што прават некои.

    Затоа ја отворам темава, сите кои се за или против, сите свои ставови нека ги кажуваат овде, нека се водат дебати, но барем другите теми да останат чисти и средени, за секој кој има да каже нешто соодветно, да биде прегледно и чисто. :)

    Да почнам од себе си, за почеток.
    Јас сум ЗА природната медицина. Природата има билка за секоја болест. И лично познавам случаи на кои им се помогнало.
     
    На hel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Значи, прво не мешај ПРИРОДНА со АЛТЕРНАТИВНА медицина.
    Природната медицина е дел од официјалната медицина.
    Има безброј природни или традиционални лекови кои се подготвени со релевантен фармацевтски начин и делуваат. Чаеви, разни екстракти, сирупи, таблети, кои како активен елемент имаат некоја природна дрога, на пример некое растение, спаѓаат во природна медицина. И никој нема проблем со нив, па дури и големите фармацевтски индустрии имаат безброј природни лекови, ете пред мене имам сируп против кашлица Хербион од тегавец, тоа е природен лек.

    И некои тревари и билкари можат да подготвуваат природни лекови, ама денес кога тие се заменети со фармацевти, и треварите не се доволно сигурни за да се ослонуваме врз нивните ограничени знаења и можности да подготват лекови за потешки болест и затоа што природата нема билка за секоја болест, како што велиш, денес има многу хемиски лекови кои делуваат и подобро за некои болести.

    Ако нешто што се смета за алтернативна медицина, навистина делува и е ефективно, тоа нема да биде алтернативна медицина, туку официјална медицина.

    Под името на алтернативна медицина се собираат разни „бајачи“ и „гатачи“ кои продаваат разни неиспитани лекови, разни биоенергии, биорезонантни терапии и што ли уште не. Затоа не верувам во алтернативна медицина, затоа што ако делуваше ќе беше медицина.

    Но сепак, затоа што алтернативната медицина е огромен поим и вклучува разни лекови, терапии и метови, малку е штуро да се зборува општо за цела алтернативна медицина и треба да се зборува за секој третман посебно.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Девојко, дај си твое мислење, што само ме цитираш овде и на другите теми? :fubar:

    А, тоа дека под алтернативна медицина се подразбирало бајачи и гатачи, значи поголема глупост немам прочитано. :tmi:
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не разбирам зошто таква реакција, се разбира дека ќе те цитирам кога ти ја имаш започнато темата.
    Не мислев на вистинските бајачки и гатачи, туку на многу измамници или заведени кои се занимаваат со разни третмани и лекови кои немаат никаква вредност.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ајде да кажуваме за корисностите од алтернативната медицина.
    А, за гатачи и бајачи, ги има во сите сфери во живеењето, не само во медицината.
    (За цитирањето, секако дека можеш да ме цитираш, ама очигледно е во сите теми дека обожаваш да цитираш и контрираш, малку отповеќе си ми напорна и досадна)
     
    На DiaCor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Извини секој има право да си каже , што мисли , негативна критика или позитивна ми е корисна , баш затоа членувам на форум да видам и други глави како размислуваат , и различни искуства да слушнам . Според тебе чиста и средена тема е онаа каде сите се согласуваат со твоето мислење :D
    Форум не функционира така .
    Јас да си кажам сум за здрав живот неколку пати кажав , немам ништо против алтернативна медицина ама не и верувам баш , посебно на хомеопатијата . Има луѓе кои учеле со години , работеле лечеле пациенти и се докажани во своето поле на стручност -се викаат лекари ( не дека сите се такви ) ама која сум јас да им ја потценувам професијата :^) Како што и не сакам мојата да се потценува.
    Верувам на факти и научни истражувања и релевантни лица и мое искуство а и искуство од друг не е лошо да се слушне .
    И да и ја мислам дека мешаш природно и алтернативна медицина , многу од тие надрилекари користат хемии и подготвуваат препарати во несоодветни услови .

    Ако имаш корисност од неа слободно можеш да си ја наведеш , ама ако нема некој како да каже такво нешто .
    Ако си сакала таква насока предлог темата да се вика - Благодетите на алтернативната медицина - ваши искуства . Инаку и таму може ќе се најде некој да пренесе некое негативно искуство .
    А вака поставена темата е за факти кои кажуваат за неа ама и против алтернативната медицина ;)
     
    На tessie, baby-star и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Која е суштината на моето незадоволство?

    Тоа што две-три личности, каде најгласна е Експерт, во секоја тема, на секој пост, мора да цитира и контрира.
    Кажи го својот став, напиши огромен пост, ама на секој да мораш да го цитираш?
    Малку делува пренападно и заморно.
    (Пример темата со вакцините, дали сте за и против, за Хомеопатијата)

    Целите теми се дебата и разубедување меѓу нејзе и другите. И заморно е да читаш.
    Еден член толкав раздор да направи.

    Затоа реков, ајде овде да дебатираме.... :!:

    Еве, почни ти, зошто не се сложуваш дека природната и алтернативната медицина не се исти? Која е разликата межу нив ?

    Ајде, давајте факти, објаснувања, а не празни зборови.

    (Пример, во другата тема за Велков, спомна Бејби Стар, што правите сега, кога нема сонце; Без да се информира дека сончевата енергија се акумулира во организмот; Значи напразно кажување зборови).
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ајде и јас да го кажам мојот став на темава.
    Јас сум пред се' за преветивно заштитување со природата.
    Исклучиво тоа што расте, никакви витамини во капсули, или слични производи од фарамцевската индустрија.
    Не сум ниту пак за целосно исфрлање на конвенционалната медицина, има состојби каде таа е неопходна, мене ме нервира фактот, што фармацевската индустрија пери пари преку конвенционалната медицина.А и многу состојби, болести, конвенционалната медицина не ги лекува, само ги прикрива симтомите.
    Но не сум ни за никакави надрликекари, билкари, бајачи и не знам како уште ги нарековте.
    Јас сум исклучиво за природна алтернатива, под тоа подразбирам тоа што дала мајката природа, а не што некој направил неколку билки во апче, сирупче и да ги купам од него за некои енормни цени.
    Под природна алтернатива подразбирам пример, користење на витаминот б17 од коските од кајсијата, користење на губирот со мед и лимон,сода за превентива и лечење од ракот, за проблеми со притисок сите знаеме дека добар е лукот, кога човек има главоболка наместо да пие апче да прошета на свеж воздух, да изеди овошна салата, во случај на тепература веднаш да не се посегнува во фармацевстки прозиводи, организмот се остава да се бори сам, во краен случај се употребува парацетамол.
    Еве пример, малиот еднаш ми настина, цело време со носе што течеше беше, а потоа премина и на шлајмчина, отидовме на доктор ни препишаа антибиотик сируп, по една лажичка цел ми се нафрла со пеленски дерматититс, го оставив, на еден сајт каде што си комуницираме со мајки, ми кажаа еден многу стар лек со ленено семе, анасоново семе и бел слез, за неколку дена малиот шлајмчето го исфрли преку столицата.
    Ете вака јас подразбирам алтернативна медицина.
    И да, тука ке го споменам санрајзингот, зашто не познавам луге кои го практикуваат, а се разболеле.
    Тие луге што ги спомна некој во друга тема дека се овци кога одат по билкари и слични, не е баш така, не дај боже човек да се најде во мака и да не може да си помогне.
    Ние имавме таков случај, кога свекрвами слушна за таа билкарката Марија од Карпош, додека свекор ми беше болен од рак, отидовме, жената се изнакажа како 11 години живеела со тумури во неа и е жива благодарение на овај лек од Русија кој чинеше 3000 ден, свекрвами понесена од маката го зеде, уште тогаш ми беше сумлива, но што може човек во мака.
    Пред некое време ја затворија.

    Господ да ни даде на сите здравје, но тоа здравје и ние сами треба да си го поткрепиме ,заштитувајки се превентивно со природата, да се исфрли колку што може индустриската храна, исто и се што нуди фармацевската индустрија.
     
    На DiaCor, Annath, Ethrnity и 2 други им се допаѓа ова.
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Кај ме прочита мене жити се дека реков дека нема сега сонце?
    Јас напишав?
    Девојко не дека замара Експерт,ами ти и DeMelo не потековте со тоа ваше сонце,алтернативи,ова,она.
    Овде глумите лудило а сеак вие сте први кои одите на доктор при растечен нос.
    Ваше е дали ќе се лекувате кога ќе се раболите или нема да се лекувате.Никој овде нема намера да се контрира со вас,упорно и со вашите неподдржани факти и аргументи.
    Демек вас ви смета Експерт или јас и замараме,а вие шо ги наполнивте пет теми со таа ваша сончева терапија не замарате а?
     
    На tessie и lepadama им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Братучедот на свекор ми си отиде порано од овој свет потпирајќи се на алтернативна медицина, од што излезе дека изгуби драгоцено време кое можеше да го искористи во терапија со она што го нуди официјалната медицина. Познавам и една баба која победи рак на дојка со помош на официјална медицина (со помош на која навремено го откри :!: ), во комбинација со здрав живот и мноооогу позитивна енергија и мисла. И познавам мноооогу други примери кои се зезнале со таа алтернативна медицина...

    Имам реални причини да не се потпирам 100 процентно на неа. Имам СЛУШНАТО и за обратни случаи, значи зависи до самиот човек. Некој можеби едноставно не е скроен за да може да добие 100% помош од алтернативната медицина. Секој човечки организам е посебна студија и кај секого исти работи не даваат исти резултати. Инаку зошто би постоеле разни лекарства за една иста болест? Едни се на база на едно, други на друго и секој наоѓа она што најмногу му одговара. Пример, не може некој да се лечи со производи на база на полен доколку е алергичен на полен. Така и не секому одговараат и помагаат производите од алтернативната медицина, некому можеби му спасиле живот, не велам не, се`уште за таков пример немам лично просведочено, само од муабети...
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Здрав начин на живеење како превентива, медицина како помош при болест без искористување. Искористување во смисла на, малку те здоболи глава и веднаш пиеш апче. Настинка =кафетин колд или оние фервекс што врска си немаат. Такви сме, не мрзи да се замараме со подолгиот и поприроден начин на лечење па веднаш дајте некое магично апче да ги снема симптомите за пола час. Ако се водиме кон природната, да ја наречам медицина, ама не би, сметам дека е начин на живот, верувам дека ги намалуваме шансите да се разболиме. Кога веќе ќе се разболиме (сериозно нели, не зборувам за настинка) тогаш на сила стапува медицината. Од проверени доктори.
    Листав пред некое време каталог од Зегин и наидов на купишта лекови и витамини правени од не знам што таму, масло од левиот бубрег на бела ајкула |( (мислам, да, стварно) и на секој лек имаше наведено -помага за црева, јакне имунитет; помага за нозе, јакне имунитет; помага за очи, јакне имунитет. Мое верување е дека секоја подолга употреба на лекови напротив, го ослабува имунитетот, па сета таа -ова е природно- реклама ми е одвратна.
    Што се однесува до докторите, се слагам. Повеќето на големо рекламираат фармацевтски компании, па кој е спонзор тој лек е подобар. Башка што докторите, во голем број случаеви, се наместо хумани луѓе, арогантни створења. Како да си им дошол лебот од уста да им го извадиш. Па порадо ќе соберам од бавча нане за чај, отколку да чекам во ординација каде некој нема да ме ни погледне, оти не сум изгледа достојна за тоа. Па уште кога ќе ти речат, ај да пробаме со ова, па ако не бива ќе ти препишам друго |(

    Не верувам во гатачи, биоенергија и слични работи. За домашно приготвени лекови, дома имам еден за изгореници што е баш магичен (нит лузни нит болка, за минутка решава проблем). Ракија му е мајката за све, патем :D За ова гледањево во сонце :^) немам слушнато, ама не би го применувала. Освен на изгрејсонце и зајдисонце оти баш убаво изгледа :wasntme: (и така имам слаб вид, за ваква непроверена работа нејќам да го доуништам).
    Секој сам си е одговорен за своето здравје, сами донесуваме одлуки, не гледам причини за конфликти. :^)
     
    На Annath, ilipili, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Воздржан сум на оваа тема затоа што ми има помогнато еден човек,имав каменче во бубрег,отидов кај човекот ми даде нешто да се напијам,верувале или не веке другиот ден ми помина,отидов на снимање и ништо немав,ај сега не верувај.
     
    На dedo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бејби стар, да не те цитирам, ние ве потековме со сонцето, ама такви се темите, за што сакаш да пишуваме па ти? :tmi:
    И, не срцка, не трчаме одма на лекар, значи напразно овде пишуваме и објаснуваме дека од кога гледаме сонце сме заборавиле што е лекар? :^) |(
    Мој совет е, почни да гледаш сонце, па јави се да коментираш со твое лично искуство, а не од рекла-казала, прочитала..
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Душо уживај ти за мене,доволно сум едуцирана за да знам во што да верувам и што помага.
    Туку муабетот е дека не знаете да остварите нормална дискусија,туку веднаш почнувате со напаѓања и се ви се врти околу профит и пари.
    Сите оние кои размислуваат поинаку од вас според вас не е нормален као демек сега ќе измислувате нова наука и медицина.
     
    На london-girl, bubuce и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1 - Нема профит и пари. Се што дава природата е бесплатно. Сонцето за кое толку зборувавме е бесплатно. Јас веќе ја завршувам техниката, ама ни еден денар не сум потрошила. ;)

    2 - Не е нова наука и медицина. Туку древна, речиси непозната или заборавена кај нас. А, постои уште од памтивека пред да постои сегашнава медицина. Сите лекови сега се откриле во поново време, а сонцето од кога постои? ;)
     
    На Annath, ilipili и DeMelo им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Има секаде профит и пари, ако човек сака да заработи.А сонцето, не би требало да е како доказ за природната медицина, всушност оние работи за кои се презентира дека не се за профит и пари, бидејки секако и дека не е ни можно да биде од профит, многу јасно дека е бесплатно.А и поверојатно е и дека за природната медицина се даваат пари.Не измислувам.
    Инаку секако дека древната медицина не е нова наука, тоа никој не го рече, а патем е позната, не заборавена, а за сонцето јасно е од кога постои.Само многу работи се сменети од некогаш до сега, впрочем како и земјава, водухот, водата, сонцето.
    И во врска со темава, сум за официјалната медицина и природната, кога се работи за зачувување на здравјето.Бидејки природната медицина не постои од сега, не е сефте произлезена, а и чим постои официјалната медицина, веројатно затоа што била повеќе од потребна.
     
    На tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се јави адвокатот. Ајде не враќам коментар назад. :^)

    Алтернативната медицина исто е позната и под називот природна медицина, традиционална медицина, кинеска медицина и други.

    Пред илајди години не постоела сегашната конвенционална медицина. Постоела само алтернативната. Како ајурведа, кинеска медицина, масажи, уринотерапија, алтернативна хирургија, магнетотерапија, терапија со билки, афирмации, музика итн.

    Концептот на оваа медицина е многу поголема, бидејќи класичната медицина се насочува само на физичката болка, а алтернативната медицина ги зема во обзир физичкиот, емоционалниот и духовниот аспект на човекот.

    Се смета дека еден од најголемите проблеми за денешните болести е стресот.
    Тука алтернативната медицина преку разни начини многу помага, на тој начин што: *стресот нема да го искорените од својот живот, но ако сте духовно развиена личност ќе гледате на секојдневните стресни ситуации од сосем друг агол*.

    Природни рецепти:

    -какаото го снижува високиот крвен притисок
    -зелениот чај помага при реума
    -релаксационата масажа помага при депресија
    -чај од бреза помага при уринарни инфекции (тие кои имаат проблеми со срце и бубрези не треба да го пијат)
    -ренот помага при синуси и бронхитис
    -белиот чај, спречува срцеви заболувања, рак, мозочен удар, дијабетис, го намалува стареењето на организмот, го јакне имунитетот.
    -чај од кантарион против главоболка
    -ако премногу се потите, почните да јадете лук
    -медот значително ја подобрува крвната слика
    -несоница, напијте се сок од кромид, чај од маточина или чаша млеко. Исто помага и класична музика.

    Ќе продолжам... :)
     
    На dedo и DeMelo им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ами ако де си кажеш што мислиш, нели за тоа е муабетот дали е некој за или против алтернативната медицина, не само за алтернативната медицина :) Инаку, секогаш доколку има некаков здравствен проблем човекот, и ако самото место каде се наоѓа болката е потполно оздравено, без разлика дали со официјалната или природната медицина се лекува заболеното место, кога истото е здраво овозможува да функционира и од физички и од духовен аспект.Што значи во двата случаја, се земаат во предвид физичкото и духовното.Точно дека стресот е причина за појава на болест, што би значело дека основно е да го нема, меѓутоа во вакво стресно време,тешко дека би го немало.Инаку, јогата е таа која овозможува на поинаков начин да се гледа кон стресните ситуации, а впрочем и е правило во самата јога, затоа и таа постои, за да се гледа на стресот од поинаков агол.Но, сепак нема толку голема улога алтернативната медицина во намалување на стресот :) Само да кажам :)
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Мислам пак ќе досадувам со моите долги и непотребни реферати, ама малку сум нервозна заради оној дел од месецот и ова ми е малку да се издувам :*
    Не е баш точно, според денешните дефиниции, за алтернативна медицина се смета она што не е докажано дека делува и она што е докажано дека не делува како лек за некоја болест. Ако делува, тогаш ќе се вика медицина.

    Природна медицина си се сите лекови кои имаат природно потекло и се употребуваат како лекови за терапија или превенција, нема потреба да се нарекуваат алтернативна медицина кога природни лекови нашироко се користат секојдневно, дури и обични лекари горе-долу се обучени за лекување со природни лекови кои делуваат, и дури и фармацевтите нашироко ги изучуваат природните растенија, јас средно учев фармација и имавме предмет две години фармакогнозија каде ги изчувавме сите лековити растенија и иако сега сум на сосема друг факултет, знам дека и на факултетот фармација имаат таков предмет и нашироко ги изучуваат растенијата како дел од официјалната медицина.
    Да, пред илјада години не постоела медицина базирана на докази и науката како дисциплина на која се темелат тие докази, и затоа секое второ или трето дете умирало пред да наполни 5 години и затоа луѓето просечно живееле 30-40 години.
    Затоа сега на Истокот од каде потекнуваат тие источни дисциплини кои ги наброја, сиромашните луѓе кои немаат официјална медицинска нега живеат мизерно и во тие земји има најнизок просечен животен век. Дури и владите ги промовираат овие дисциплини затоа што им се поевтини и луѓето на кои им е најнеопходна, ги лишуваат од официјална медицинска нега.
    Не е баш правилно вака да се претстави концепцијата на официјалната западна медицина и на источните дисциплини. Пред се би рекла дека се добива впечаток дека источните дисциплини се бават со субјективните делови од човекот затоа што тие самите се темелат на застарени знаења и теории за човекот, живеењето, и настанувањето на болестите.
    Ако денешната медицина и воопшто наука се темели на објективни докази и бара објективни, опипливи причинско-последичен однос, тие застарени дисциплини се темелат на непостоечки енергии, магични својства кои и воопшто не постојат и затоа се обидуваат на погрешен начин да се справат со проблемите.
    Денешната медицина и тоа како се занимава и ги зема во обзир и физичкиот и емоционалниот и духовниот аспект на човеко, кои ги бараат вистинските причини и се обидуваат да понудат вистински одговори. Е сега не сме семоќни и нема одговор на сите прашања.
    Точно, стресот е еден од најголемите причини и проблеми на денешницата, тоа е пред се затоа што горе-долу се искоренети многу тешки болести и луѓето се свртени кон други проблеми кои сега неоптоварени од многу егзистенцијални прашања можат да се причина за самиот стрес.
    И во стресот и тоа како помага официјалната медицина, преку разни лекови па дури и природни кои им се достапни на некои крајно лоши случаи, па до разни советувања и терапии кои ги нуди модерната психологија и психијатрија.
    За разлика од официјалната, алтернативната медицина нуди недокажани методи на некои бионергии и баења.
    Поголемиот дел од овие совети се супер, но не знам зошто ги сметаш за алтернативна медицина. Тие пред се се природна медицина, и ако се докажани дека се вистина, постојат и лекови и терапии кои се врз основа на нив.
    Ова ми падна малку смешно :lol: , очигледно не си јадела лук, јас сум голема јадачка на лук и знам дека после јадење лук во поголеми количини не го намалува потењето, можеби и го зголемува, не сум заприметила, ама има еден друг ефект, следниот ден потта смрди на лук и тоа многу. :rofl:

    Значи ако добро сфатив, на крајот испаѓа дека сепак зависи што ние лично сметаме за алтернативна медицина.
    Ако некои од природните лекови кои делуваат ги сметате за алтернативна медицина, тогаш во иста група не треба да ги ставате сите глупости од биорезистентни енергии, хомепатии, акупунктура, реики и не знам какви други баења, затоа што овие другите не се докажани дека делуваат, а и нема теоретско објаснување за истите.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Гордана очигледно не си ме сфатила што сакам да кажам.
    Како официјалната медицина ги зема во обзир духовните аспекти? Никако. Ти препишуваат лекови и пиј ги, но каде е тука потребата да се најде коренот на самата болест?
    Тука официјалната медицина никогаш досега не нашла решение, зошто не се ни насочува кон тоа, не ја интересира.
    Алтернативната медицина и тоа како има влијание врз намалување на стресот. Не знам зошто си напишала така, а не си дала конкретно објаснување.
    Сите масажи, лековити билки за смирување и опуштање, афирмации, јога, акупресура и ред многу други начини и тоа како помагаат за намалување на стресот. :!:
    И не само тоа, туку те прават поинаков човек, похрабар, поцврст, поинаку гледаш и се носиш со стресните ситуации, не ги земаш толку при срце.

    Експерт, тебе не знам за што да те цитирам.
    Изгледа сакаш да цитираш, те читам, ама никако да прочитам нешто вредно што си кажала за цитирање, туку ради реда пишуваш нешто што си нема врска, или ги испревртуваш зборовите, а ништо воглавно не си кажала. |(

    -Алтернативната медицина користи природни начини за лекување. што тука те збунува дека се нарекува природна медицина? И да, сакала ти или не, така се нарекува и така е позната.
    -Сиромаштијата во Индија, нема врска со медицината. Не мешај работи кои си немаат врска.
    -Деца умирале и тогаш и сега.
    Сега имаме толку голема и напредната медицина, што практички секој човек е болен !
    -На кој начин помага официјалната медицина при стресот? Напиј се седатив? Затоа речиси сите не можат да функционираат во животот и да се носат со него без седативи !
    -Ако ти смрдеше потта, не мислиш дека можеби тоа било што јадиш конзервирана, нездрава храна?

    Ако ме цитираш, барем кажи ми факт, што, зошто, како, а не со празни зборови ме цитираш од инает, колку да напишиш нешто што не држи вода.
    И воопшто ако имаш нешто против алтернативната медицина, напиши 10 страни ако треба, ајде кажи, наброј, објасни де.
     
    На dedo му/ѝ се допаѓа ова.