Еве една нова тема. Самиот наслов кажува се. Денес ја гледав прескоференцијата на Ракометната репрезентација на Македонија и нема да има промена на Шундовски. Мене ме интересира дали вие сте за негова промена? Јас мислам дека човекот требаше самиот да си даде оставка по дебаклот во Гетеборг. Нема никаква тактика, нема никаков авторитет над играчите, не знае еден фластер да стави, не знае тајмаут навреме да бара, а кога бара играчите зборуваат, а тој уста не отвара. Ни треба авторитетен тренер кој ќе знае да постави ред и дисциплина во репрезентацијата. Еве тука една страница. Ако сакате ставајте лајкови за да ја прошириме низ цела Македонија. http://www.facebook.com/SiteKoiSeZaSmen ... entacijata
И јас ја гледава прес-конференцијата. На прашањето од новинарите Дали чувствува обврска да се повлече од тренерската функција по поразите во Гетеборг, тој кратко и јасно одговори НЕ. За жал Шундовски останува како тренер на ракометната репрезентација. Инаку да и јас сум за негова смена. Си нема блага веза од ракомет. Целиот е изгубен и во времето и во просторот.
Може да зборуваме до бесконечност.Тој нема да си замине во најскоро време. Изгледа убаво им е со него па не го отпуштаат Потребен ке ни биде јак дебакл од некоја аутсајдер репрезентација па тогаш да има смена. А може дури и тогаш нема да се случи тоа. Ни ги уништи сите шанси за олимпијада,никаков Кире,туку само главучот Шундо. Имавме успех на првенствата колку толку ама ова ги премина сите граници. Незнам до кај ке тераат со тоа темпо. Дали ке помогне протест од фановите на Македонската фаланга?Не знам ама ке биде убаво да се организира.Би ги подржала. И да,време е да се стори нешто.Јер доста смо се заебавали
Ни се допаѓало нас тоа или не, тој нема да си замине. И многу е јасно и кој го држи тука....за украс. Просто не можам да сватам, како некој може да си поигрува со нечива сила и успех на држава
Кратко и јасно, ДА! Доста беше Кире да диригира кој ќе биде дел од репрезентацијата, кој ќе ја води, каква акција ќе организираат. Им треба прав стратег.
Само тренерот на Металург е за репрезентација... со него има сите титули да ги земимеее ШО ПОБРЗО ДА ГО МЕНАТ ШУНДОВСКИ!!! ТОЈ НЕ Е ТРЕНЕР ТОЈ САМО БАРА ТАЈМ АУТ КОГА НЕ ТРЕБА! и кога ќе земе тајм аут кире дели совети
После Гетеборг читав дека Македонската ракометна федерација, го повикале Кире да разговараа за можна смена на Шундовски и да дојде Червар... но нашиот мил, драг и сакан Кире не го сака Червар и на неколку наврати има нагласено да се бира меѓу него и Червар... Така да Шундовски нема да си оди, му одговара на Кире да го бута брат му и он да биде бог на репрезентација како каже така.... Јас многу го сакам и почитувам Кире како играч, меѓутоа нека олабави малку, неможе да сака да биде и тренер и поставувач на правила. На терен го сакам многу, надвор од него не баш... ) Шундовски уште долго и долго ќе скапува БЕЗНАЧАЈНО на клупа како наш тренер за жал
карикирам-од 20 шута 5 гола....епа така е кога уште не ја фрлил топката кон голот,а веќе мисли што да им каже на следниот тајм аут,каква акција,...итд. Епа да ми простиш Кире,или ќе бидеш филозоф(тренер), или спортист.Затоа мн. мн. не треба да се филозофира,туку да се тренира/игра/победува
Па мислам дека треба да го сменат бидејќи не врши никаква работа како тренер. Секогаш на натпреварите Кире им кажува на ракометарите што да прават...
Не сме ние тие кои треба да кажуваме..Ама Да ,јас сум за ДА...Неможе бре Лазаров и да игра за репрезетанцијата и да игра улога на тренер(заменик на Шундовски)...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=14390 Си даде оставка чоекот, па ајде можеби ке не биде Но дали само тој е виновникот кој е одговорен за непонатамошниот пласман на Светското Првенство во Шпанија?
Колку сакам Червар да биде селектор на македонската ракометна репрезентација ама доколку ова е точно........многу тешко. http://kurir.mk/sport/rakomet/101518-Ce ... m-selektor