Ја сум презадоволна од овие производи, само што околу гелот за лице да менувам барем со онаа со гарниер, страв ми е да не ми се навикне лицето. А да се квалитетни квалитетни се.
Дали некој го има користено од Clean&Clear moisturizer безмастен крем кој помага и за намалување на флеки на лицето ? Сакам да го користам како подлога пред ставање пудра , па ако има искуство некој нека пише
Го користам дневниот пилинг, месец дена више и сум задоволна. Мене не ми го суши лицето, можда зависи од типот на кожата. А и лупам лосион и крема после тоа па не сум приметила. Ама еднаш двапати го имам оставено онака без ништо, и не го суши, бар не многу во споредба со други пилинзи и гелови што ги имам користено
Ако мислиш на овој: Јас го користам и тоа превентивата против флеки нема никаков ефект, е сега бидејќи го користам Здраве кремот (кој не е баш погоден за преку ден), си ја користам кремава пред да ставам пудра. Ми го прави лицето многу меко и баш е хидратантна, брзо се суши и не е воопшто мрсна. Не ја памтам цената на кремава, меѓутоа ако е поскапа, а немаш некој проблем со лицето - поубаво ти е да си купиш некоја поефтина која сигурно ќе го има истиот ефект.
Да,ова кремче е мислам дека беше 180 денари во Тинекс . Имам осетлива кожа па затоа ми треба нешто поквалитетно , не е битна цената. Го споредував со Неутрогена кремот ,забележав дека исти функции имаат само дупла цена
Јас го користев лосионот зелениот и убав е! Задоволна сум и повремено го менувам со друг да не се презасити кожата.
Јас купив пред 1 месец 2 во 1 крем за миење лице и се користи како маска против црнки. И врска нема, дури ми се чини лицево повеќе ми се исфрла откако го користам.
http://what-maria-loves.blogspot.com/2012/04/review-clean-blackhead-clearing-daily.html Еве ви review на производ што го имам користено од Clean&Clear
се зависи од типот на кожата мене ми одговараа и долго време ги употребував поготово маската многу ми се погоди
Кремите катастрофа им се не сум слушнала некој да е задоволен, тоникот за чистење а митесерии не е лош.
Предобар При крај ми е а веќе ни трага ни глас од црнките. Плус воопшто не ја суши кожата како повеќето пилинзи. Се на се одличен производ
Ми се прочита дека е лосион ова денес, па го купив ама можам да речам дека воопшто не згрешив бидејќи кремата е преуба. Можи нема некој мирис ама е многу хидратантна и лицето многу мазно го прави Ќе си го купам и пилигот Daily scrub мислам се викаше, гледам сите го фалите. Кожата малку ќе ја одморам од Nivea Clean Deeper. Искрено само ми го мазнеше лицето пилингот, а воопшто не ми го чистеше од мозолчињата
алкохол! врска си нема, прекинав да го користам дома ми стои, ако ти е осетливо лицето има да пече и пече. А страшно смрди на алкохол. Претходно имав исто еден лосион, поблаг мислам дека беше, ама и тој не беше нешто посебно. Само тоа имам користено до сега од овие и не сум задоволна
девојки можете да ми препорачате некој крем или пилинг за комбинирана кожа до сува ви благодарам однапред.
Користев многу долго време надевајќи се на резултат. Но не постигнав никаков ... Така да не сум задоволна ама кај секој различно е тоа