Сум го корристела овој лосион и ич не сум задоволна. Пишува резултати уште од првиот ден,јас го користев 3 недели и немаше никакви резултати.Освен тоа многу ми го сушеше лицето а јас имам мрсна кожа.
Многу сум задоволна од дневниот пилинг. Има свеж мирис, го освежува лицето и е далеку подобар од Nivea Clean Deeper, кој беше трчни, трчни микрогранула Ја користам и кремата со двојна фукнција и сега за сега задоволна сум
Моментално го користам гелот/маската за митесери и задоволна сум. Порано го користев лосионот за чистење на лице (оној црвениот) и многу ми е криво што веќе не го носат во МК. Овде може да се најде само плавиот, кој е за чувствителна кожа.
Да, моментално користам делови за лице, еден за длабинско чистење за пред спиење, од ментол е и кога ќе го измиеш лицето како во ладилник да си го ставил, многу освежува и полесно се спие. Другиот е понежен и има оние микрогранули и него го користам од сабајле како нежен пилинг, инаку планирам да престанам да го користам овој за длабинско чистење затоа што ја научив кожата да е чиста нон-стоп сега бргу се масти.
А да ми препорачате некој добар пилинг од колекцијава? По можност да биде богат со микрогранули и ефективен, мајкe ми. Да се снабдам додека сум при пари, оти црно ми се пишува со тоа милионските мали црнки кои ми се прават на жешково. Се сомневам да не е од кремата на Јанг Дерм, онаа за длабински третман на акни бидејќи ми го суши лицето, ама кога ќе подразмислам, отсекогаш ми била склона кожата кон овие напасти. Затоа ми треба пилинг, да видат бел ден моите шупави порички. И нема да биде лошо да пишете и како стојат со цените, ги здогледав низ Тинекс производиве чинам, ама ете не ми текна да ѕирнам цена.
Од колекцијата ти го препорачувам Daily Pore Cleanser, не би ти советувала некој по јак пилинг затоа што кожата се навикнува па потоа уште толку митесери се појавуваат. Инаку за црнките ти препорачувам да пробаш да комбинираш со лентите за митесери од Nivea, мене ми се погодија
Го има ли некој користено овој производ за плакнење на лицето со пилинг наутро? И дали го има кај нас?
^^ nennsy.densy- Го барав истото, би сакала да го пробам. Ама го нема кај нас, барем во Битола го нема, сегде прашав и не го најдов Од овие производи сум многу задоволна, баш ми се погодени за мојата кожа
за миење и маска 2 во 1, одлично е, 230 денари, презадоволна (Пакувањето е поинакво малку, од едната страна е заоблено)
Истиот другарка ми ми го донесе од Америка пред некој ден. Презадоволна сум. Уште со првото миење лицето ти е помазно, осеќаш свежина. Не знам дали го има овде.
Дефинитивно обожавам се од Clean & Clear имам цела колекција но сите ми се од Америка 2-3 morning wake up нешо (за наутро) blackhead and acne (пилингот за црнки и акни најдобар) и обичен бел не ми текнува за што беше пак за нечистотија нешто..
Презадоволна сум од нивната колекција. Го користам лосионот и кремата со двојна функција,и можам да кажам дека се предобри за нивната цена. Ниеден лосион и крема не ми помогнале за лицето како оваа колекција. Се намалуваат мозолчињата,и лицето е меко и чисто.
вероватно најдоброто нешто што му се случило на моево лице во скоро време. ако и другите производи им се вакви има цела колекција да купам.
По доста препораки денес си купив 2 производи за црнки едното е како секојдневеn пилинг за црнки еве го: и лосион против црнки пред тоа ја разгледував нивната веб страна и ми фати око таа овошната колекција но во мојот град во Зегин немаше ништо од тоа и многу малку работи воопшто од оваа марка имаше. Е сега прашање ми е дали освен овие 2 производи треба да користам гел за миење на лицето ( и некоја препорака) и јас за отстранување на шминка си купив млеко за чистење на гарниер (зеленото) и сега незнам дали од таа колекција да си купам плус тоник и како што прашав дали треба и гел да купувам?
екстра гелче за миење или пак може да си го користите како маска.го користам дооолго време и no comment.се нај нај
Го користам тој гелот за миење лице, можам да кажам дека сум задоволна.. убаво го чисти лицето и го освежува. Од останатата козметика не сум користела ама ќе ја испробам се надевам ќе се покажи добро, досега супер!