Само лосионот против црнки го пробав! Нема врска дека ќе го спречи појавувањето на црнки или пак дека ќе ги отстрани,ама добро го чисти лицето во секој случај!
Во моите средношколски денови имав тоник за лице и беше многу интензивен. Ја сушеше кожата премногу, мирисаше на ракија просто, претерано интензивен, не го препорачувам. Тој виолетовиот беше.
Јас ги имам користено многу одамна, но поубави производи за чисто лице без акни и црвенило НЕМА. Јас сум била презадоволна од нив.
Незнам дали ја има овде но јас сакав да ја нарачам преку интернет па затоа прашав ако има некоја што ја има користено нека каже колку е задоволна
Денес го купив тоникот против црнки. Гледам доста ја чисти кожата. Иако претходно темелно измиено лицето, сепак доста нечистотија изваде, па ќе видиме. Ако делува добро ќе споделам импресии, ама треба да му дадам време, барем 2-3 недели Конечно си викам ќе се отарасам од црнкиве
Од локалниот супермаркет, го зедов 220 ден. Ама го има и во аптеки, и во други супермаркети (Веро, Тинекс), а може да е и поевтин таму.
Ги барав деновиве во Зегин и уште една аптека, не знаат ни дека постојат тие таблети...да не знаеш каде можам да ги најдам на др. место?
ваков користам , како минт е кога ќе го ставиш на лицето , единствената мана му е дека е како крема и неможеш да го измиеш , јас првиот пат кога го ставив одвај се измив , дебела крема е , потоа почнав со вода да го растворам за полесно
Да, ги имам користено нивните производи односно гелот за миење лице,пилингот за лице и тоа што е 3во1 пилинг,гел и маска за лице. Можам да кажам дека сум поприлично задоволна од нивниот ефект,после миење некако ми го освежуваат и "ладат" лицето. Не се многу скапи, имаат пристапна цена и со задоволство можам да ви ги препорачам .
Дали ги најде производите на Clean & Clear во Струмица.Јас сакав да го земам кремот Clean & Clear Dual Action Oil-Free Moisturiser 100ml
@Love86, нешто само видов во Зегин во Глобал, ама ги немаше сите работи. Провери таму, може ќе ти се посреќи.