1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте отфрлени од роднините?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mili4ka11, 12 јуни 2012.

  1. Mili4ka11

    Mili4ka11 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво нова сум на овој форум и се наоѓам во ситуација да бидам отфрлена од роднините а не знам зошто е тоа така. Повеќе се осеќам почитувана и сакана од страна на другари/ки, пријатели, колеги, соседи само не од крвното сродство. Секогаш кога правам роденден, именден а неодамна и дипломска и во други среќни моменти убавите зборови и честитките доаѓаат од сите само не од роднините. Секогаш први на вратата доаѓаат соседите и пријателите во добри и во лоши моменти, а роднините ни до ден денес не дојдоа ни пак се јавија да упатат честитки и желби и помош кога е потребно. Доаѓаат само кога имаат потреба. Нормална личност сум го голем круг на познатства, но без најблиските. Ги сакам и почитувам кога сум со нив се осеќам како странец и како прв пат да ги гледам. Се чуствувам ужасно кога ќе видам некој во тие среќни моменти е со најблиските и со нив ја споделува радоста. Дали некој се наоѓа во ваква ситуација дали го има надминато овој проблем да ми даде совет или пак и јас да се откажам од нив како они од мене. :(
    Ќе ви бидам благодарана на советите. :*
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    миличка, нека не те загрижува тоа
    истиот случај е и кај мене-пошто мајка ми има 2 сестри,ама тие двете не зборуваат мегу себе со години така да мајка ми е и курир(ако треба да се пренесе нешто) а пред се жртвено јагне :!: се на неа и викаат, а татко ми збеснува заради тоа, а таа е најстара од сите 3 сестри :fubar:
    омразата се пренесе мегу братучедите-братучед ми не сака да ги види помалите братучеди, а до толку се заплеткаа работите што ни брат ми не сака да ги види ниту најмалата тетка ниту најмалите братучеди-сепак јас имам барем малку човечност-крвта вода не бидува

    од страна на татко ми-единец е , и е пораснат со братучедки-само двете од нив комуницира со нас, а другите не бидејки им е под чест да имаат фин и коректен однос-по се така им изгледа
    а од секогаш мајка ми и баба ми-на татко ми мајка му биле фер, ама од кога станаа ново печени богаташи , исчезнаа, дали парите и славата им удриле во главата незнам-од кога знам за себе не сме биле блиски со нив.
    не се грижи, таков е светот денес, секој гледа прво за себе , па после за другите
    непознат ке ти се најде во невоља и ке ти помогне, а оној на кој сметаш, ке те зафркне.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Едноставно помири се со тоа дека тие не те чувствуваат блиска како ти нив. Од лично искуство тврдам дека, сепак, крвта ништо не значи. Боли тој факт, знам, и јас колку се изнаплакав кога го сфатив тоа, но такво време дојде, луѓето се изопачија, никој не те бара ако не си му од корист. Јас ден денес се чувствувам како странец меѓу своите, но тоа е, среќа имам маж кој ме сака и почитува.

    Е сега ќе ми ти кажам нешто друго. Тркалото се врти, дури и тогаш кога тоа ти се чини невозможно. Еден ден тие ќе те молат за една насмевка. Староста е тешка, особено ако не можеш да слушнеш барем уштелителен збор или бодречка насмевка. Е тогаш ти ќе ја кренеш главата гордо и ќе им речеш дека сега тие се странци за тебе. А шо си ти, дворска будала па кога ќе им затребаш да трчаш по нив? Тоа е, некогаш луѓево во средни години се чувствуваат како никогаш да не ќе им клекне г**от. А кога тоа се случува, лижат на плукнатото. Барем во моите кина тој филм не игра, за тебе не знам.

    Значи, конечно, гледај си се себеси, труди се да успееш во животот, на тие што ти се наоѓаат во тешки ситуации, никогаш не заборавај да им возвратиш, а за овие, многу скоро од сопственото оружје ќе паднат. Идат тешки години за нив, во кои самотијата е како тивок убиец...и тогаш ќе видиш како ќе те молат (а сигурно тебе ќе ти се свртат, особено ако другите роднини на твоја возраст се слични на нив).
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Знам дека ти е тешко,но мораш да се помириш со судбината,и јас по малку сум отфрлена од блиски роднини,но што да правам,иако мн ги сакам.Тоа е животот,затоа мораш да се помириш! :)


    Не ме свати погрешно со моиве зборови нели??
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова е нешто нормално во сите наши животи....за жал тоа е реалноста, и воопшто нека не те загрижува.Ако ти си чиста од твоја страна знаеш да се јавиш,да честиташ,да посветиш внимание,ич не му се замарај-ти се си си направила како што треба.

    Тоа е нај нормално, пример сите роднини на мајка ми се од Србија, и јас имам контакт само со најблиските, доживеав на една свадба на врата да ми речат неможеш да влезеш кај невестата (мислеа дека сум од машката страна-од што не се познаваме роднините)

    А пак за од кај татко ми е веќе друго, тука се поголем контакт,ама сепак постојат и такви случувања.
     
  6. Mili4ka11

    Mili4ka11 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Да ама кај мене е сосем друга работа никогаш не сме се карале, сме биле многу блиски но ете сега наеднаш се сменија а зошто само господ знае. Живееме во ист град секојдневно се гледаме дури кога ги видам во град несакам да застанам со нив по што знам дека ќе бидеме само на здраво ни со топла пргратка и слично. Многу ми е криво кога мене ме изоставуваат а наместо како братучетка да бидам во прв план иони бираат некоја анонимна и сосема далечна личност. Се случувало и мене да не ме поканат на свадба а останатите братучеди и братучетки да се поканети а на тоа многу се изнервирав. Се случувало и прва братучетка од странство после 10 години да си дојде и да не посака да ме види тајно да дојде и да си отиди. :@
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    А за џабе не се рекло: „Од туѓиот ќе видиш повеќе добро, отколку од својот.‘‘ :)

    Не се оптеретувај за непотребни луѓе. На тие што не им требаш, нека не ти требаат ни тие.

    Лично јас никогаш не би се замарала и не се замарам со ова, освен ако не се работи за брат/сестра. Од другите не очекувам ништо добро.
    Еве еден мој приомер:
    Имам прва братучедка која ја гледам еднаш годишно и тоа ако ја сретнам случајно на улица. :!: Таа се омажи во друг град (а ми беше комшивка), а сега кога иде кај нејзините НИТУ ЕДНАШ не ме побарала да се видиме.

    Знам не е убаво тоа така луѓето да се косат еден од друг, ама кога веќе јас не му требам некому, зошто па тој мене да ми треба и да си ја тупам главата беспотребно со тоа. :)
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Воопшто не треба да бидеш зачудена,ниту па да се замараш знам дека не е едноставно и јас сум минала низ исто многу се држевме силно како фамилија додека нашите баба и дедо беа живи потоа се си тргна во надолна линија,не ми е криво ако се видиме како сте што сте и толку,потоа свадба,макар што таму сме некој пола час и заминуваме колку пликот да го дадеме,сепак не чуствувам веќе ништо а тоа е така бидејќи кога ти е тешко нив ги нема а кога ми е добро ѓи има па затоа решив дека без нив ми е супер.Јас немам ниту брат ниту сестра исто и мојот сопруг имаме пријатели но важно е што се имаме ние обајцата а роднини и такви работи не се замарам со нив ни под разно
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Отфрлени е некако тежок збор, ама да речеме имам дел (не толку блиски, но сепак - роднини, надвор од Скопје) на кои не им текнува да кренат еден телефон, да кажат едно здраво-живо, поима немаат што се случува во нашите животи, можеби мислат дека сум уште средношколка :?: , иако баба ми и дедо ми се олд скул, се јавуваат барем еднаш месечно кај сите, си вратат муабети, праќаат поздрави и честитки за Нова година, а кога ќе дојде Благовец и се во будно исчекување да заѕвони фиксниот, од што им е мерак да им честита некој, а тој гробно си молчи, е тогаш ако не ми се крши срце, нема кога значи.
    И вреди ли да се биде човек за таквите, и вреди ли онаа познатата - крвта не е вода?

    А ако имаат некој проблем за недај боже, тогаш успеваат да најдат и мобилен и да ѕврцнат 10 пати во денот. Па и да се потегнат и на врата да ти дојдат.

    Одамна не верувам во роднини, и помило ми е да ме заебе некој си туѓинец, отколку од својот да патам.
    Има луѓе и нелуѓе, и тоа е основната и единствена поделба кај мене.
    Тоа што некои Бог ми ги дарил за роднини, а не вредат ни мрсул да фрлиш на нив, тоа па ич не го гледам како проблем.

    А некои јас и намерно ги одбегнувам, не се покажале совесни и човечни, апро по не ми се роднини.
    Не ги чувствувам како такви и не сакам да ми пополнуваат само столчиња за време на семејни веселби и убави поводи.

    Така да, не си ја чукајте главата во врска за ова, најдете си квалитетни пријатели, луѓе на кои може да им верувате, а не такви кои доаѓаат само по потреба.

    Од друга страна, да речеме дека се обидувам да ги разберам - нервози, проблеми кај сите на претек, безпарица, луѓето се оддалечија и оттуѓија едни од други, нит плачат на тажно, нит се радуваат на убаво... немаат пари да ти дојдат, немаат со што да те пречекаат и да те викнат...
    Можеби и до тоа е. :|
    Времето едноставно дојде... лошо.
    :|
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Оваа тема е неминовна кај многу фамилии, па и еве и кај мојот случај. Порано се секирав, се мислав зашто како, дали е во мене грешката, се додека во еден филм слушнав една реченица. Семејството не е право, туку привилегија а привилегијата се заслужува. Проблемот кај нашиот менталитет е тоа што мислат дека ако си некое колено таму 2-3 по дифолт си родинина и иако не му текнало да те праша како си , жива си , да се дрзне да ти бара помош како да си најблизок. И јас така си се поставувам сега. Секому по заслугата. Не барам кривица во мене. Не сум јас крива. Тие не знаат каков пријтел изгубиле. Така да и ти глава горе и ич да не ги вртиш. Створи си свое семејство составено од пријатели кои ти се искрени. Тоа што носиш иста крв не значи дека си и иста совест, исто воспитување.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    и јас имам сличен проблем...но не сите роднини, туку братучедите...кога бевме мали многу се дружевме, речиси цело време бевме заедно...а сега, дали и еднаш во месецот ќе се видиме...не знам што се случи, едноставно се оддалечивме, дури имав некое чувство и дека ме мразат :) еве и ми се ближи роденденот...кога разговараме со мајка ми кај ќе го славам, кого ќе викнам, ми рече и нив да сум ги викнела...мене не ми е проблем и тие да дојдат, ама поубаво ми е кога сум со друштво :D
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ретко кој во денешно време не е отфлен. Јас од страната на татко ми никој пат не сум контактирала. Откако почина па ич..Ги имам сите на фб, ама така како за украс, имаат фирми чуда, а на мајка ми никако неможеа работа да и најдат...Но, не ме занимаат.
    Од кај мајка ми се беше ок додека не останавме сами јас и мајка ми и таа не остана без работа, изглеа мислеа дека сеа ние ќе им бараме пари.
    Сега, бидејки немам услови за да го продолжам факултетот, тие се на повисоко ниво, сите со медицина...Јас не сум им достојна...Контактирам со тетка ми, а никој друг нема....Внуците не ги ни гледам, последните што се родија ќе полнат 3 години а јас не ги имам видено...Буквално сме само јас и мајка ми...
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    не сум, ама не сум ни премногу блиска. времето е такво, секој со свои обврски, ама не е ова оправдување. Да го трошевме на роднините и пријателите времето што го трошиме на интернет (по форуми и социјални мрежи) ќе имавме време за се
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Како мине времето сум се помалце блиска со нив, за жал.
    Ја барам вината во мене но очигледно не е таму...
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Со роднините од на татко ми страната не сум нешто особено блиска. Ретко кога ги гледам, а посебно ми е жал за тоа што ретко ја гледам баба ми. Вината е претежно моја затоа што ме мрзи да одам до кај неа, ама и дел од вината е нејзина бидејќи на неа внуците од ќерка и и се поважни од мене, а јас сум и единствена внука од син и. Па затоа понекогаш и ги избегнувам, бидејќи постојано ми зборува за тоа колкави проблеми имаат тетка ми и братучедите, демек ние дома ги немаме. За вторите братучеди воопшто и да не зборувам, еднаш-двапати годишно дали се гледаме.

    Од на мајка ми страната е поделено, со вујко ми и неговата фамилија сме во лоши односи, отсекогаш сме биле. А со на тетка ми фамилијата сум во одлични односи.

    Како што реков тешко ми е само за баба ми, таа ми е единствена. Тешко би ми било доколку ја загубам и на тетка ми фамилијата. За другите ич уво не ми слуша, бидејќи никогаш не сме биле блиски, никогаш не сме се грижеле едни за други, исто и ко да не сме крв.
     
  16. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Времето си го прави своето и со тек на време се одалечуваш од некои луѓе, уште повеќе кога ќе пораснеш и ќе мислиш со своја глава ..тогаш гледаш кој колку вреди , кој колку ''акал'' има , дали вреди да се нервираш за нив итн.. Во тесно се гледаат сите , кој што е , дали некогаш се грижел воопшто за тебе сепак ти се роднини ...Тоа крв вода не бидува мислам дека губи од значење , ти неможеш со најблиските ете на пример братучеди да се се поднесеш па сеа ајде ќе глумиме , а тоа е најлошо што сите незнаат да глумат лудило и да '' ланчаат'' некого ...А пак кога ќе застанат парите меѓу луѓето е тогаш никој никого не гледа , ни брат , ни сестра , татко , мајка , братучед , тетка итн... Затоа сакај си ги оние кои вредат безразлика дали ти се блиски /далечни роднини , твои другари, пријатели на твоите затоа што кога ќе наидеш на нешто лошо во животот многу малку луѓе се спреми да ти помогнат барем со подршка ...
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Е да, така е и кај мене.
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Кај мене е обратно толку сме блиски со сестрите на мама што дури спиеме и во иста куќа секаде заедно многу се сакаме :)
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Има некоја си златна средина,не се чуствувам ни отфрлена ама па ни премногу блиска,со некои роднини сум во добри односи а со некои се гледам еднаш на сто години и сме на едно здраво само:D
     
    На 2212, cresa-jagoda и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Отфрлена сум од роднините од страна на мајка ми. Кога таа почина, почнаа поретко да контактираат со нас. Мислам на едниот вујко, вујна ми и братучедите. Последен пат ги видов на свадба кај едниот братучед, т.е. нивниот син. Оттогаш поминаа 3 години и немам никаков контакт со нив. Нити се јавиле, нити дошле. Најмногу ме нервира што не сакаат да ни помогнат на мене и на сестра ми, а мајка ми направи многу за нив. Веќе не постојат за мене. Од страна на татко ми комуницирам со двете братучетки од тетка ми и со еден втор братучед. Со останатите роднини долги години немам никаков контакт.