не сум многу во контакт со роднините од страна на татко ми, но кога ќе се видиме на улица знаеме да направиме муабет. додека за роднините од страна на мајка ми сум малку повеќе во контакт особено со тетка ми (сестра и на мајка ми) и со тетките на мајка ми... може се чувствувам отфрлено од тетка ми бидејки очекувам малку повеќе однос тетка-внука, а она е заинтересирана само да си напраи фриз, нокти и слично. дали е здебелена, дали има целулит и да ти ги кажува твоите негативни страни пр: дека си здебелена, па никој нема да те сака, дека треба да учиш повеќе за да ги положиш испитите, а не го гледа нејзиниот никаков син кој постојано се пијанчи (на иста возраст сме со братучед ми) кој едвај го помина средното.... мислам немам зборови... но како вели народната: неможеш да ги бираш роднините, но можеш да ги избегнуваш
Па не знам во мојава ситуација кој кого отфрлил дали јас нив или тие мене. Сите роднини од страната на мајка ми и на татко ми сум ги почитувала ,помагала, заштитувала и сум дружела со братучеди но се промени нашиот однос на блискост откако во семејството ми се случија лоши работи и тие ми се потсмеваа нормално, а потоа кога се среди и започна да оди во нагорна линија идеа на гости колку зло повторно да направат па дури и одеа до крајност на навредување, понижување, закани по живот, зборување секакви лоши работи за мене пред кој ќе стигнат и ред неубави работи што можат да се очекуваат само од такви простачки како нив. За вакви луѓе не жалам што ме отфрлиле или што сум ги отфрлила колку што жалам и се срамам што ми се роднини.
И јас со некои роднини се оддалечив. Братучетки со кои не сум се видела 2 години ми дојдоа на гости и цело време ме распрашуваа колку плата земам, колку чисти ми остануваат. Многу се разочарав. Колку е глупаво да се мешаш во туѓ џеб и есап. Сега брзо и на фб ги блокирав, ќе сфатат дека се непожелни. Имам тетка во странство која живее сама и нема никој. Земав слободни денови, одев кај неа за да видат комшиите дека има некој, а таа кога ќе си заминев отпосле ме озборувала пред истите братучетки кои и се гнетат за да и соберат пари кога ќе умре. Јас одев со намера да ја видам, не да ми купи нешто или да ја наследам кога ќе почине. На крај ме озборувала дека сум била тврдоглава, сум била љубоморна на тие братучетките кои само од интерес и се јавуваат и одат. Сум била љубоморна на едната дека работи, а јас сум далеку помлада од неа и дупло повеќе стаж имам, работам поплатена работа, а таа со врски работи чистачка. Сега пак ме напнува кога ќе ја посетам.
nitu gi sakam nitu sakam da me sakaat , bidejki od stranata na tatko mi rodninite se golemi grebatori , idea doma samo za da zdrpat nesto da si se najdat a kaj niv doma im nema odenje , ni samata ne znam zs ne me pokanuvaja , osven edni bratucedi imam do mene ziveat i so niv si go imam muabetot , a od majka mi familijata ne sakam da ja komentiram propast samo od korist luge ! I bez niv se zivee
Според мене, тоа што некој делиме заедничка (мање-више) ДНК, не е доволна (да не речам, никаква) причина тој некој да има специјален третман кај мене. Почитта, довербата и љубовта треба да се заслужи од секој - и од пријателите, и од роднините, па дури и од родителите (за исклучок ги сметам само сопствените деца, кои секој треба да си ги сака безусловно). Некако, кај нас сите тие роднински врски (и племенски заедници) ми се претерано и непотребно исфорсирани. И баш поради тоа што „крвта не е вода“ и други бесмислици, многумина се наоѓаат во непријатни и фрустрирачки ситуации во „присилната“ комуникација со своите роднини и пошироко семејство. Самиот факт што се роднини со некој не ви дава за право да очекувате некакви привилегии за сметка на тоа. Истото важи и за нив. Со сите луѓе треба да се постапува согласно заслугите и нивните постапки. И секој пред се, треба да си го живее сопствениот живот. Така да, ова „отфрлен“ некако не ми е соодветно баш, звучи многу сурово, како некој сосила да ви одземал нешто на вие си полагате право. Но, ете, попрво сакам да сум „отфрлен“ отколку да сум принуден на дружење и комуникација со некој со кој освен генетски материјал, немам ништо друго заедничко.
Не, никако, едвај чекаат да ме видат -Убава таа на тетка, колку се разубавила. Нормално дека ме прашуваат колку плата земам, колку ми се сметките и колку чисти ми остануваат. Се им кажувам, до цент. Не сме од вчера, си ги знам колку љубопитни се, цел живот се такви, ќе се навредам ако не ме прашаат за плата, ќе помислам дека нешто не е во ред, не сум им битна
Немам голема близина со роднините, од причина што поголемиот дел живеат подалеку, а и братучедите се многу постари од мене, но со сите имам коректни односи и со никој не сум се замерила.