Сум бил на Скијатос, лани на Скијатос со партнерка. Ми беше многу возбудливо девојка ми гола пред други мажи. А и релаксирачки ми беше пливањето и општо цел ден. Да имаше повеќе млади може ќе ми беше уште попријатно, повеќето беа стари парови. Каде тоа?
Убаво велат србите. Чиме се паметан стиди, будала се поноси. Незнам која е потребата да шеташ гол пред други луѓе ама ајде, секој со свој памет.
А што има интересно да видиш на нудистичка плажа? Виснати цицки на некоја баба од Германија или Австрија? Јас лично не би никогаш отишол.
Незнаејќи у Холандија залутавме у нудистичка Прво си мислевме дека една група девојка се напушиле, па се раскомотиле. Ама после кога видовме и други ни стана јасно кај сме.
Не сум била, ама би одела.. Сакам да пливам гола. Сакам да пливам општо, ама гола ми е ултимативно уживање. Не ми се случило да одам на одмор, и барем една вечер да не се избањам гола... За срам, не ми е срам да се соблечам, ниту очекувам да бидат сите манекени... пошто не сме сите манекени. Не знам што ви е проблем да имало стари, овиснати, дебели, вакви-онакви?? Секое тело си е убаво, и тоа тело носи 'душа' во него... не е само куп коски и месо, па да го третирате ко статуа во музеј!
Не се работи за некој секс фетиш, туку за непроценливо чувство на слобода. Место кадешто нема општествени норми и предрасуди. Одам секоја година.
Кои ги препорачуваш за тие што прв пат сакаат да посетат нудистичка плажа? Некоја препорака за плажа на Преспанско или Беровско езеро?