Епа 13 годишен, што се вика уште пубертетски брк немав, на јавна плажа, во близина на градот, со цела потесна и поширока фамилија до тебе. И одеднаш ти излегува голо бабиште ко оваа од Гејм оф Троунс.
Тоа постојат цели нудистички фамилии, шо низ дома се шетаат голи, тоа им е како стил на живот и не го гледаат телото единствено како секс објект, во смисла исто им е како да носат облека, скроз нормално. Мене ми е малку… , пред сѐ од хигиенски аспект. Вака на плажи некако повеќе се трпи ајде.
Колку што знам јас, обратно е. Текстилците им ги заземаат местата на нудистите особено на тие плажи каде што пола е нудистичка пола текстилна. Инаку чувството на слобода да се шеташ и плажа гол е неопишливо.
Ние одиме неколку години во нудистичкиот комплекс Ада Бојана во Црна Гора и за нас е фантастичен тој начин на одмор и живот. Таа слобода тој што незнае да ја ужива нема никогаш да не свати нас нудистите. Читам по коментариве, погрешна е перцепцијата дека на нудистичка плажа некој во вас гледа, исто така погрешно е дека идат само постари луѓе, има луѓе од сите генерации. Кој сака да проба, а се двоуми нека си проба слободно. Да ја осети таа слобода на телото, еднаш ако ги соблечеш купаќите, после тешко се облекуваат.