Срцке.. Треба да си над 18 год (верувам дека си хаха), да им наведеш оправдана причина за добивање дозвола за огнено оружје (пример - имам викендичка накај Марков Манастир и во зима е пустелија, има крадци и има волци, па се чувствувам загрозено), да имаш деловна способност (сигурна сум дека не ти е одземена), да имаш знаење околу оружјето (оди на камник поднаучи технички работи и некако намоли ги да ти дадат некое ливче како потврда ако сакаат), да живееш на територија на РМ и да не си опасност за околината (ако имаш досие шансите да добиеш дозвола се еднакви и помали од 0).. и трпение ти треба а и по некоја врска да убрза работа затоа што работава е турни ме да кинисам Дозволата ти важи 10 години и можеш да ја продолжиш. Ама биди свесна дека со таа дозвола следуваат и обврски од твоја страна кои мораш да ги почитуваш.. на пример должна си да го транспортираш на начин на кој нема да претставува потенцијален ризик за околината, што значи најчесто расклопено, не смееш да го користиш на јавно место, не смееш да ги вознемируваш граѓаните и ред други работи кои реално никој не ги гледа ама ако некој сака да ти закачи проблеми, може да ти ги закачи.. Патем, мислам имаа некој испит за такви ствари, ама некако ми е увртено во глава дека веќе не постои. Знам нешто менуваа во законот, знаеш кај нас на 5 мин закони се менуваат.
Темава ме натера да се замислам... Со што се имам пукано досега... Ќе пребројам деновиве па ќе се изјаснам... А не сум пукал веќе два месеци...може затоа ме чеша рака...
Пукано. И си имам две играчки. Едно наследив од татко ми а едно е мое. Немам посебен мерак за пукање. Природата на една моја бивша работа налагаше да знам.
Имам пукано со повеќе оружја,али веќе ми помина меракот.Порано бев секој ден по стрелишта,али више не.Гледам да сум подалеку од таква играчка,не ми се случило ништо,ама не ни сакам да ми се случи. Од играчка плачка.
Ќе си платам, сега имам германска плата и македонски цени И јадачка и пијачка ќе платам ако треба, зајак ми се пријаде
Нинџа, тоа е проблемот. Ама и тоа го решиле газдите на еден локал. Ти вели ,,повели, 2 евра е куршум,,........ Па ти занесувај се колку сакаш...
па и јас така правам... вадам пиштолите и пушките од кола и ги прашувам: - Земавте муниција? - Не! - Епа додека се растоварам јас, тркнете до продавницата...
Имам пукано со пиштол ,но и со воздушна пушка и со снајпер. Татко ми и дедо ми се ловџии и скоро цела фамилија. Kај нас дома како предметиве што се на школо така беше и со пукањето(редовно ) и уште од 13год ми беше научено.Многу корисно и многу возбудливо.Адреналин 1000% но и голема одговорност како што вика татко ми. Иначе еднаш имам отидено во стрелачки клуб чисто онака да пробам и 10 од 10 центар (не дека се фалам) И препорачувам на сите да пробаат барем едаш и ако имаат можност да продолжат
Ми беше хоби додека живеев во Германија, имав освоено неколку први места, имаше и такви клубови во Германија со тренер и се. Моментално одам на некој викенд со дечкото да пукаме во стаклени шишиња и интересно е.
Таман татко ми да се оправи малку и сериозна сум, одамна не сум пукала, отапев. Татко ми беше мн против сама кога одев на времето, ама со него кога сум била никогаш не се спротивставил абе татко си е татко.. И ти ли по 2 евра куршум продаваш? Ќе се исценкаме малку пусто турско, само на ценкање паметот
Татко ми има пиштол и еднаш зедов пробав и интересно беше И знаев каде му стои више па го премести ама би сакала и јас да имам за секој случај
Се уште не. Ама добив некоја желба изминативе месеци, само полицајци запознавам на факултет. Ако не па Даст и Нинџа како најискусни, што не ни организирате една обука? Може невидени таленти се кријат овде, а и Стрелачки клуб Фемина, добро звучи. Think about it, seriously.