Точно,ама како да не си свесен/свесна. Да речеме дека некој твој близок е киднапиран и киднаперот се заканува дека ќе го убие.И жена полицајка пука во киднаперот и со тоа му го спасува животот на твојот близок.Зарем ќе `и кажеш дека она не требала да пука,дека требала да го остави твојот близок да умре оти пукањето според тебе е само машка работа? Ма,немој бре....
До душа , и јас сум против оружје и насилство , ама не е лошо да знаеш да пукаш и по некоја боречка вештина . Светот е суров , не знаеш што може да ти се случи . За самоодбрана , е ок . Искрено , јас ја открив страста кон боречки вештини , оружјето и пукањето откако имав една непријатна ситуација , во која се најдов крајно неспремна . Да не должам , иако сум против оружје и насилство , сепак не е лошо да знаеш боречки вештини и управување со оружје .
Зависи со што пукаш . На пример има пушки на кои краен убиствен домет е до 600м па и повеќе . Затоа секогаш се пука во мета ( како на пример куп земја , или оние специјални мети во стрелашки клуб , има и тврдо желе наменето за тестирање на оружје ) . Доколку пукаш со ќорец , тогаш може во воздух ( не во човек за да не дојде до изгореници и не од блиску ) . Секако , никој нормален човек не би сакал да дојде до таква ситуација . Тоа може да го сака само убиец . И тоа е во ред , не секој има страст и желба за оружје и пукање . Затоа и постои темава , за размножување на мислења , желби и искуства .
хахахахахах Секако дека нема да одам по улица и да пукам по било што и било кој. Под сакање мислев дека немам некоја желба ни за мети или славење на некој настан со пукање во воздух. Можеби со лак и стрела по радо би гаѓал во мети и снопови сено .
Па не е баш нужно да се пука на прослави затоа и реков , само убиец би сакал да пука од чиста мира . Евентуално некој што по крвна линија му е наследена љубовта кон пукањето ( како мене , сите од фамилија што ми се машки сите се прецизни стрелци , од кои дедо ми и вујко ми ловџии цел живот и вработени во некогашната фабрика за производство на оружје во М.Брод ) . Ме има подучувано вујко ми , ама сепак друго е кога работиш со професионалци , на кои тоа им е работа , да обучуваат стрелци ( доколку имаше повеќе заинтересирани за стрелаштво како спорт , друго ќе беше , ќе имаше каде да одиме ние што ни е хоби пукањето )
Истово сакав да го напишам за стреличарство ама не знам овде кај нас каде има да се изнајми и да се стрела. Како спорт е и многу поевтин од стрелањето со огнено оружје. Едно време знам дека имаше на Пиволенд додека беше на кале во Скопје ама за жал ни еднаш не отидов да стрелам.