Ајде да ве видам сега сите, како ќе ми одговарате на оваморбидно прашање а зошто па морбидно..хммм..па смртта е неминовна и сите кај неа се движиме Имам пријателка која обожува да биде секогаш скоцкана, нашминкана, маникирана и педикирана, намирисана и исфризирана..и така пред некој ден, неврзан заеднички моабет уз кафенце, она ми вели-Слушај сега, ако случајно умрам пред тебе, вети ми дека ке ме нашминкаш убаво, немој да си меоставила несредена!! леллеллеееееееееееее мајко, морници ми пројдоа, коса ми се крена, срце престана да чука..како од ведро небо гром да ме стрефи....И ај да не ја должам, после неколку минутно доаѓање при свест, почнавме да се смееме и да си подготвуваме гардероба. Она сака висока штикла и елегантна тоалета и кашмирско ќебе да и стават не би и било жал, додека јас скромна си изразив желба да ме однесат на оној свет во фармерки и обични кондури Ајде додека се згрозувате од темава, размислите како бисте сакале да изгледате кога ќе дојде моментот на вашиот закоп(језиво нели)..дама со стил илиииииииии........
Конечно тема вредна за дискусија Не мора ништо посебно само да не заборават телефонот и полначот да ми го стават в ковчег
Задолжителен ми е пушап градникот и тангата од викторија тајна...можеби и таму ќе се најде некој што ке му се крене на мене..ццц сексепилот секогаш со вас девојки....аха ...и лабелото обавезно во џебот од фармерчињата
Хахаха со темава ме потсети на еден муабет со другарка од пред многу години на празник мртвен.Најголем мој тогашен проблем ако умрам не сакам да имам грда слика на плаката. И јас сум од оние дама сто стил во секое време и невреме. Ко ќе умрам да не заборават да ми ги стават штиклите сите параоти на сон ќе им ги бараммарамиташни, крзнен елек, омилениот капут. Не ми ставиле или облекле нешто омилено нема да ги оставам да спијат, се што е мое има да си барам, да не заборавам дипломи, сертификати, значи се што е мое мое е.
Лелее бабо закон си реков ја еднаш Кога читав не знаев дали да се смеам или ваква да бидам Се да си земете со вас којзнае може ќе се повампирите Него јас не ни помислувам на тој ден кога треба ќе дојде,кога ми било пишано,а што е до тоа како ќе бидам облечена не верувам дека во тој момент некој ќе сака да ме шминка и дотерува којзнае колку И за крај еден виц Спојлер Некој човек се кладел со своите пријатели дека може да помине една ноќ на гробишта.И така и направил.Отишол целиот преплашен и таму сретнал некој човек и му рекол: "Другару да ти кажам многу ми е страв што треба да поминам една вечер тука,ама среќа што те начекав тебе нема да сум сам". A другаров му рекол "Право да ти кажам и мене ми беше страв кога бев жив"
Знаев одсекогаш дека ти си прва дама, Леди Ди..дама со стил Сакам цел несесер да ми го стават а чупалицата ако ми ја заборават, е тоа ке биде хорор.
Супеρ тема бабо. Не знам зошто не ми е κρипи. Можеби деκа ја имам мислено пρетходно. Саκам да ме погρебаат во цρно- бела ваρијанта и κошулата да е свилена. И бела. Си го саκам бисеρниот пρстен. Може и буρмата да ми ја остават, аκо сум κажала ,,да" пρед да сκинам κонци.
Baba Rado bravo za temata.....imam nekolku sliki na fb od obleka i stikli pod koi imam napisano koga ke umram niv da mi gi stavat......ako umram brzo znam deka mm ke me skocka znaj toj ubavo sto sakam jas.A da sigurno i bez pari nema da me pusti i bez gradnik......Temata ti e vrv.
Леле темиве... Не знам од кај инспирација озбилно. И како што пиша некој сериозно ова е тема за дискусија? Абе ајде си играте со ситуација како што е смртта и си правите смешки тука додека некој има болни што поминуваат низ секакви работи и ќе дојде овде и ќе чита како на некој му е интересно да си прави заебанции со сопствениот погреб и дали ке има шминка или не. Ко да реално кога ќе дојде време за тоа ке ви е битно? Озбилно, тоа ли ви е првата социјација, како ќе бидете облечени? Може јас пресериозно ве сфатив, ама мене лично ми има теми кои што не трпат шегување.
Кога прочитав „Мртва и со стил“ во нови мислења, убедена бев дека станува збор за некоја нова Американска драма од типот „Сексот и градот“ Патем не сум размислувала за оваа тема искрено ама сите си имаме желби за смрт бе ... не е тоа мајтап. Јас сепак не сум размислувала на ова тема и мене сега не ми е гајле шо носам, па ко ќе дојди денот, веќе ич нема да ми биди.
Јас не сум размислувала на оваа тема никогаш. Бабата кај што живеев предходно, стара жена од 70 и кусур, си имаше спремен еден куфер од оние старовремските внатре се беа ствари за умирачка. Еднаш бев да и помогнам за чистење и го приметив куферот, црн куфер иначе од оние тврдите со метални рачки и и викам, стави ова во подрум ти зафаќа место. Вика ааа не, тоа се ствари за умирачка, таму имам спремено се во што да ме облечат, до постелнина за во ковчегот, и не ми даде да го однесам во подрум, го качи горе на регал.
Скоро читав негде на интернет, едни луѓе од Дервента Република Српска (редактирав по грешка сум напишала Србија предходно) негде си го организирале сопствениот погреб и двајцата се живи сеуште. Не ми беше јасно, само кога го прочитав насловот како, ама кога прочитав се, уствари луѓево не се самозакопале само ги извршиле сите погребни обреди, и поп дошол да пее, и народ се собрал, па раздавање за душа и сето тоа. Со се крст, венци и се што иде за погреб. Истиве двајца и за задушница ги истерале адетите. Фората е во тоа што сакале сето тоа сами да го направат, за кога ќе умреле никој со ништо да не се замара, само да ги спуштат во гробот и да ги затрпаат. Ај ќе ја побарам веста сега... Еве ја... http://www.blic.rs/vesti/republika-...te-organizovao-sopstvenu-sahranu-foto/89dq2ec
Луѓево изгледа имаат премногу слободно време во животот Не ми се верува до каде е дојдена човечката глупост
Ааа јас за ова имам размислувано. Сакав да ме закопаат во едни старки во кои сум заљубена се додека мајка ми не ми го скрши филмот и ми вика... Што се глупираш, ти млада мислиш да умреш? Ќе те закопаат тебе мажот и децата со патики... И после тоа, веќе не испланирав ништо. Кога ќе дојде времето, нека ме облакаат како сакаат. Мислам, ако биде така неочекувано... а ако доживеам длабока, или не толку длабока старост, тогаш самата ќе си изберам облека.
Кога веке ке ве нема на овој свет, дали Е битно во што ке сте облечени? Кога и да е , облеката секако ке се распадне
Нека ми ги донираат органите, а она што остане нека го кремираат и нека го расфрлаат. Да не им стварам дополнителен трошок на моите па за облека,гробно место и ковчези...Ем поефтино ем на некој (можеби) ќе спасам живот со тоа што ќе цркнам Ништо корист немам ни ја ни моите што ќе се скапеме и ја и облеката заедно