На ова прашање секој помислува но не забегува толку. Прво се молам да си поживеам колку можам повеќе заедно со моето семејство а кога ќе дојде и тој ден, највеќе сакам да имам кој достојно да ме испрати на оној свет. Какви се тие морничави желби за танги, шминка и сл. Изгледот не е важен туку да имаме блиски кои ќе тагуваат и ќе се сеќаваат на нас. Повеќе е присутен стравот од заборав. Чудно е како додека сме живи имаме толку очекувања, толку случувања, љубов и со смртта како да исчезнува се. Од тоа ми е страв и за тоа размислувам. А најмалку е битно каков ќе бидеш во ковчегот, дали нашминкан, дали со танга и прслук.Тој ден сите ќе те гледаат како мртовец во ковчег, но најважно е како ќе те гледаат во своите спомени, тој изглед е најважен. Телото скапува а продолжуваме да живееме во сеќавањата. Никој нема да се сеќава на нас според изгледот во ковчегот, туку на нашиот живот и нашите дела. Затоа да мислиме повеќе на животот и да се потрудиме да продолжиме да живееме и во сеќавањата на нашите поколенија.
Добро, ај не ја претерувајте. Морбидна била темава...Па да, за умирачка се збори. Прашајте баба или дедо, да ви кажат во кое ковчеже им се работите за кога ќе умрат, да не му ја мислите што да ги облечете. Баба ми моја 10 години однапред знаеше што ќе облече, исто толку и јас знаев каде и се ставени тие работи. По милионити пат, тема ако не ви се допаѓа, не е тоа причина за нејзино бришење. Се бориме за слобода на говор и бараме искреност, ама се што не ни е по терк, во канта. Темава не нарушува ни едно правило, без разлика дали тоа ви се допаѓало вам или не. Проблемов со темите на @baba Rada е што многу дебилно и просто ги поставува, и све тера ко на шала, па дури и сериозни муабети. Иако 90 посто од нив се глупи ( а повеќетo од пола не се ни на овој форум, за ваша среќа ), не значи дека треба да се бришат.
Темава не е за смеење. А и тоа што е само за стилот е грешка. Доста луѓе размислуваат или планираат за настанот (тоа е, сите не чека), па нема зашто да не биде поопшта, не за облека само, туку дали воопшто и ако да што сте си размислувале за погребот. Не мора @baba Rada секоја тема на смеење да ја тераш, кога веќе отвораш може и сериозно и промислено да ја поставиш.
Прва работа: Нашминкана, облечена во последна мода Втора работа: Лаптоп! Ако начекам интернет да можам да ги плашам од горе Трета работа: Голем бокал со кафе Четврта работа: Омиленото мече (поклон од дечкото)
Ќе кажам нешто ај кога веќе сум овде хахахахх Храна да имам, лаптоп, и обавезно фб, за да можам да го умирам бившиот дечко и од горе, нема да се спаси туку така лесно од мене и од тамо, има душичката да му ја вадам хахаахах ама кога ќе си размислам поубаво, ќе си го земам со мене горе, што сие сигурно, сигурно сие ајт
Сум размислувал и заклучив... не сакам никогаш да се случи тој настан!!! Ќе барам бесмртност до последниот мој ден и здив! Се хранам здраво, внесувам витамини, овошје, зеленчук итн. и штедам пари за да си ја купам бесмртноста кога ќе биде достапна еден ден. Кажано во Рибља Чорба стил: Ma, radicu sta god hocu ko ce da mi zabrani napicu se i pevacu na sopstvenoj sahrani Е тоа би било стварно морбидно. Ептен морбидно. Чекај бе... уште ќе сум жив тогаш! Ќе значи сум ја победил смртта. Живела бесмртност!
Нема да бидам „присутна“ на својот погреб. Ниту пак ќе го.видам. После мојата смрт не ме иннтересира ништо. Точка. Крај. Спојлер Сакам да има многу луѓе што ќе плачат по мене не за да бидат тажни туку да знам дека на некого навистина му фалам и дека ме сакале
Сакам да нагласам повторно, исто како што почнува темата дека е со морбидно прашање...значи, секој оној што неможе да размислува, да коментира за смртта, нека не чита и нека не дава мислење негативно. Кога сите би разговарале за смртта и конечно ја прифатиме како нешто нормално, нема да ни биде толку морбилна, нема толку да се кострешиме..ЗОШТО ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ОВА ПРАШАЊЕ? Можно е младоста да го прави ова прашање језиво и морбидно, но како човек старее и како се приближува до границата на крајот од животот, ова прашање му е сосема нормално. Сакам мојот погреб да биде едноставен, несакам делење ручкови, трошење пари безвезе, несакам да бидам нашминкана, но сепак имам желба да бидам сепак некако средена(зависи во каква состојба ќе биде моето тело)...навистина сакам да бидам едноставно облечена, да не се фрла пари на нова гардероба, битно е да биде чиста..несакам споменик. Дома ги имам оставено лозинките од картичките, нека ги знаат сите...се е можно и не гледам ништо страшно..страшно ќе биде кога ќе умрам а моите немаат пари, и наместо психички да се спремаат за моето погребување, тие да трчаат и да бараат пари. Језив и болен моабет ќе речете но верувајте дека е потребно говорење за оваа тема, треба со отворен ум да се прифати реалноста..послободен ќе ни биде животот, стравот ќе се намали.... Многу луѓе имаат донорска картица потпишани, имаат оставено желби..и што е страшно во сето ова?? Несакам да ме кремираат.
Нормално дека сите низ ова ќе поминеме, дел од животот е и нема кај да бегаме... Ама ваква тема може да е поактивна кај некои пензионери, а дефинитивно не кај млади луѓе. Форумов, како што знаеме, преполн е со млади луѓе кои сега го зграпчуваат животот, мислат на излегувања, дружења, испити, шминки, спорт, а ова нешто е последно што им паѓа напамет. Барем првиот наслов беше кон црн хумор завртен, а сега ми е премногу морбидно. Да, да, ако ти е морбидно не пишувај ама морав да пишам... Барем насловот нека се врати П. С. Штом реин пишала на темава, нема да се затвори...
Не се плашам од смрт и верувам дека е убаво чуство кога ке настане тој миг. Ама, не сакам погреби, не сакам да ме стават у земја, не сакам да плачат по мене, не сакам цвеќиња и не знам ти какви адети. Најидеално би ми било кремирање. И тука све се завршува. Се надевам дека ке доживеам до тој период каде што ке си ја изнесам желбата на фамилијата и каде што ке ми ја испочитуваат. Смрта у принцип ја гледам како транзиција на енергија, не нешто страшно.
Јас ќе ја искористам темава за една позитивна порака. „Нема зборови со кои можеме да ја опишеме тагата и болката за твојата прерана смрт Ангела. Ангелите никогаш не умираат. Последен поздрав од твоите Мама и Тато“–вака изгледаше последниот поздрав за 17-годишната Ангела која животот го загуби во сообраќајна незгода на Булеварот „Партизански одреди“. Сите роднини, пријатели и блиски со неверување гледат и тивко коментираат „да го имаше ставено сигурносниот појас, сигурно ќе преживееше“, а медицинските лица потврдуваат–„повредите немаше да бидат фатални доколку користела сигурносен појас“. Многу нешта на денешниот ден би биле различни, многу луѓе би биле посреќни, многу семејства нема да беа завиткани во црно и многу лица ќе беа ослободени од горката тага, со неизмерлив бол и јад во душата, доколку нивните блиски користеа сигурносен појас. „Последен поздрав до оној кој не стави појас“-e насловот на новата кампања која во наредниот период ќе се реализира од Републичкиот совет за безбедност на соообраќајот на патиштата. Целта на оваа кампања е зголемено користење на сигурносните појаси од страна на возачите и сопатниците преку подигнување на нивната свест за последиците од неупотребата на појасите. Кампањата раскажува цели животни стории низ една фотографија, која пак со својата моќ со која ја пренесува пораката, не остава простор за дополнителни зборови. Животните стории од фотографиите се вистински и се лични судбини на луѓе чиј живот згаснал како резултат на несовесно и неодговорно учество во сообраќајот–како резултат на не-користење сигурносен појас.
Се согласувам со @*Amethyst* дека смртта не е ништо страшно. Умирањето е чувство на слобода и олеснување, односно одделување на душата од телото. И затоа, не е воопшто важно што станува со телото после смртта. Има луѓе што се свесни за овие работи и ни малку не ги погодува смртта на нивните најблиски.
Толку сценарија имам направено, за се нешто , а уствари за ништо. А за погребот, си немам смислено. Ту, беља.
јас сум за кремирање. И сакам ваков гроб и сакам да пишува: Јас убаво си поминав, вие гледајте си за вас. Stay cool И не сакам поп. Сакам да свира на repeat неколку пати: Bob Dylan | One More Cup Некој да ги послужи со топло кафе присутните И не е важно дали ќе е моето омилено еспресо, секако мене сето тоа нема да ми значи ништо...
Јас на два три пати низ муабет им имам кажано на моите дека не сакам нова облека, раздавање храна, скап ковчег, скапи венци, три попа итн, туку тие пари да ги дадат на сиромаси. И сериозна сум. Ништо повеке од еден цвет и свека да ми запалат толку.
таман си е. што ќе ти е мермерен гроб од 3 метра. секако комшите таму не завидуваат. сега се живее во моментот. Одам да земам пиво од фрижидерот, наздравје додека сме живи
Во контекст на темава Синот ја прашува мајката “ мамо зошто баба ја чита бибијата“ на тоа мајката одговара “ се спрема за приемен“