Прашај некој што го доживеал тоа родители да испуштаат душа,и да не ги погоди смртта на својте блиски Прашај ми ја мојата душа како и беше кога ги изгубив моите и тоа пред мои очи,ги држиш за рака,знаеејќи дека тоа е крајот
Сеуште не сум размислувала на оваа тема , ама би сакала да е нешто поскромно , кога ќе дојде тој ден ( секако , сакам да си поживеам подолго )
Јас би сакала да ме кремираат. Сеуште не се прави ова кај нас ама можда ќе се смени нешто до тогаш или јас да се иселам. Ем нема да се замараат што ќе ми облечат, како ќе ме нашминкаат ... Пепелта нека ја истурат кај сакаат, само дома нека не ја чуваат, да не им бодам очи
Еден така мал список мисли имам и планови и што ја знам уште што не ми се мота низ глава, вала погребот ќе почека да дојде на ред хаххаха Баба Рада ако не те насмее на форумов мал бр други ? хахаха
Ова е некаква смеса во која се става пепелта и се сади на гробот..наместо споменик никнува дрво. Што нема измислено човечкиот мозок, боже божееееее Морам да признам дека ми се допаѓа, наместо споменици нека има убави зелени дрва....уфффффффф...темава не е пријатна знам
Е, тоа во еден претходен живот. Сега не сум, ама што има врска, стил е во прашање... нели за стилови ти беше темава?
Е арно де, ти имаш фараонски стил или на Кеопс си му некој чукунчукун..............................внук.
Еден комшија кај нас ги организира погребите во нашето место , и он ми рече за мене ке организирал специјален погреб со труби , маријачи , посмртен марш , ке го викнел Дадар да ме нашминка и фризура , и ке ми облечел црвена танга за дирекно во пеколот
Еден професор се сеќавам не натера на сите присутни да затвориме очи и да си го замислиме нашиот погреб, не праша да одговориме на три прашања: Што би сакале вашето дете да каже за вас, вашиот колега и вашиот најдобар пријател... може не е баш во контекс на темата, али не поттикна на размислување на нешто што ретко на кој му паѓа на памет
Добро прашање, имам размислувано и скроено план уште пред 5 год. Во случај да починам утре или слично .Која храна и пијалоци ќе сакам да се служат, колку пари може да се потрошат, кои непријатели не смее да бидат викнати, која облека да ја носам ,кој другар да ми го избрише фолдерот за порничи, кој да му биде кажано дека ми е жал што си заминав а на кој да му биде кажано дека ако можам ќе го демнам како дух , и така натака. Не ми е јасно зашто ми се лутат моите родители или сите ја избегнуваат оваа тема кога ова е сосема нормална работа. Како на пример утре може кола да ме удри или било што. Па секоја недела читам како млад живот како бил згаснат, утре може јас ќе бидам, не дај боже ама ете можно е. Зашто да не бидам спремен.
Јас имам само една единствена желба а тоа е (ако не може да се интерпретира) барем да се пушти композицијава затоа што ептен ме асоцира на текот на животот, а и една од најомилените ми е.
Имам размислувано и сакам да ме погребат во мојата најкомонта облека, моите омилени работи и моето најубаво мече (подарок од дечкото) и со мнооогу чоколади хахаха