Кремирање и/или донирање органи или све комплет у медицински цели - нека вежбаат деца. Колегите на една студентка од медицина мислеле де ќе биде пресмешно у џебот од капутот да и стават прст кој го отсекле од леш. Девојкава кога го нашла спискала и се извадила од памет, а дечкиве слатко си се изнасмеаеле. Размислете, тој прст би можел да биде токму ваш - дури и по смртта, да можете да донесете смеа и радост некому (или да го извадите од памет, што ви прави поише кеиф). Донирајте си го телото во медицински цели и разубавете нечиј ден: кампања на владата на Република Македонија.
Познавам многу луѓе кои изиграваат хуманитарци и добромирци, но кога ќе им речам да одат да потполнат донорска картица штом сакаат после нивна смрт да си ги донираат органите, се сепнуваат малку појше и замолчуваат....и се уште никој од нив до ден денес нема отидено. Мислам дека и за тоа треба храброст, штознам,.... ти имаш потпишано??(илиоватиесамололкудасикажеш)
Во пепел да ме сторат. Таков е планот. Осмислен. Ништо чудно сама да си организирам се. Да знам која дата би било, и покани ќе испратам и целодневна забава ќе им организирам.
Ќе те разочарам малку, не сум по тие работи. Може нема да е твој тип на забава.. ама, кога би се познавале и би биле блиски и знам дека би уживала, за тебе - посебно.. да. Би тоа.
Бабе, не знам колку си во тек, но согласно последните измени во Законот за донирање на органи, секој е потенцијален донор (освен оние кои ќе направат изјава заверена на нотар дека се експлицитно против) - не ти треба ни донорска картичка, ни ништо - доволна е само дозвола од семејството после твојата смрт. И патем, за да бидеш валиден донор на органи, треба да починеш во болница, каде што само неколку минути по твојата смрт ќе ги извадат органите кои имаат потенцијал за трансплантација - инаку, џабе е.
Незнам навистина дека е така, АМА не ми се допаѓа..какоможе некој да ме расходува на сите страни без да имам дадено дозвола?? Сигурен си за измените??
Да, дефинитивно: Иако, додека на нас ни дојде денот, сигурно ќе има и други измени или можда и нов закон, не се секирај. Патем, тој некој кој ќе те „расходува“ може да биде само близок член на семејството - сопруг или дете, така да ваљда ќе го знаат твојот став и ќе постапат согласно твоите желби. А ако немаш доверба у нив, секогаш можеш да си завериш изјава дека нејќеш да бидеш донор и тоа е тоа.
Благодарам за одговорот А јас па ваму размислувам за гардероба и шминка а тоа можело да отидам у.....
Мене искрено самата помисла ме застрашува да умрам,не па да си го планирам погребот.Али,океј сите си имаат некое размислување.Јас не се многу грижам што ќе носам на денот кога ќе ме погребаат.Ќе ме облечат,ќе ме стават под земја и никој нема да ме виде.Сметам дека треба да е нешто соодветно,не во рок маички и такви работи.
Ако сакаат и гола нека ме закопаат, само непотребни трошкови да не прават. Глупости ми се споменицине толкави, раздавања, задушници не знам што, дур сум жива да трошам, после нема да се вратам сигурно.
Ако сака и утре нека умрам,јас еве ни сум размислувала за облека и разно разни подготовки,ни па ќе размислам,без разлика дали судниот ден ќе ми дојде сега како млада или на постари години Единствено што размислувам во врска со ова е помислата дека телото ќе ми се распаѓа под каллива и црна земја,и си замислувам како телото ми гние и станува добра храна за црвите и змиите и толку е И најважно после се ова е,судниот ден..се плашам и срамам со кое лице ќе излезам пред Господ? Јас,ваква грешничка ..се плашам од пресудата и од срамот што ќе бидам судена пред толку небесни ангели,пред познати роднини и непознати... А ич не ми е гајле за погребот што облека ќе носам,каква храна ќе има,дали ќе ми ги извадат органите,се е тоа неважно ( барем за мене).
Имам еден братучед,што се плаши да не го закопаат жив.Уплав има од тоа,да не се нправи грешка и да го закопаат жив
Пред неколку години се смеевме кога мама ни кажа дека тетка ми (тогаш 70 г.) ја носела низ дуќани за да гледа облека за "оној свет". Не прашавме дали купила. Ем смешно, ем језиво ни беше. Сега не ми изгледа смешно, зошто има смисол, но кога ќе стигнам над 75 тогаш би размислувала. Сега имам живот да живеам.
ехее имам си замислувано не размислувано страшно бе како млада умирам како плачат мајка ми татко ми сестра ми како и се слошува како ме чуват дома како ме пуштат како врлат земја врз мене и почне да ме гуше од самата помисла дека сум под 2м земја
А мори баба Радо-врв си со темиве,имаш некој шарм чим не си банирана На темава-имам измислено дека сакам и мора да ме погребаат со l did it my way на Синатра,ако имам здрави органи да се донираат и то е то!
Вие што сте млади,воопшто не треба да се замарате со нешто што е овде тема Јас како помлада,кога бев на ваши години,не мислев на тоа.Моите родители се стокмиа што и како сакаат за тој момент Така да,уживајте и радувајте се на секој убав ден
А зошто да ме банираат? Не навредувам, го почитувам правилникот на форумов идр. ...а инаку да ти кажам ДА, имам шарм да ми позавиди човек